Спорт
Емилијаненко ја комплетира листата на Страјк-форс турнирот

Федор Емилијаненко „Последниот цар“ ја комплетира листата од осумте тешкаши за силниот турнир во Ултимејт фајтинг под име Страјк-форс кој ќе се одржи на 12/ февруари.
Дуелите од четвртфиналето ќе бидат вистински шлаг за љубителите на овој боречки спорт:
Емилијанјенко (31 победа 2 порази) за противник ќе го има Антонио „Големото стопало“ Силва (15-2).
Поранешниот светски првак Андреј Арловски (15-8) ќе се бори против Сергеј Каритонов (16-4) човек кој што во последниот дуел го победи Алистар Оверем.
Алистар „Човекот за демолирање“ Оверем (34-11) ќе излезе на рингот со Фабрицио Вердум (14-4).
Последната двојка ја сочинуваат Брет Роџерс (11-2) и Џош Барнет (29-5)./крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси за две ипол години во Мајами заработил 150 милиони долари

Лионел Меси (38) ќе го заврши својот договор со Интер Мајами на крајот од оваа година, потпишан во летото 2023 година. „Мајами Хералд“ пишува дека сега „по долги преговори, кои се влечеа во последните неколку месеци, Интер Мајами и аргентинската легенда се согласија за условите на нов, повеќегодишен договор“ и додава: „Тоа ќе биде последниот договор во кариерата на Меси, а објавата се очекува за десет дена“.
„Мајами Хералд“, наведува дека платата на Меси по сезона е 20,45 милиони долари, но дека вкупната вредност на неговиот тековен договор е од 130 до 150 милиони долари.
„Тоа вклучува и удел во клубот откако ќе ја заврши кариерата“, додава „Мајами Хералд“ и објаснува дека ангажманот на Аргентинецот во клупската каса слеал многу пари.
„Пред доаѓањето на Меси, Интер Мајами имаше годишен приход помеѓу 50 и 60 милиони долари. Откако дојде Меси, веќе по само половина од неговата прва година во клубот,приходите беа помеѓу 120 и 130 милиони долари. За оваа година, проекцијата е дека приход ќе биде околу 300 милиони долари.
Цените на билетите за домашните и гостинските натпревари на Мајами, спонзорските договори и продажбата на дресови и сувенири, сето тоа доживеа невиден раст откако Меси дојде во Америка.“ Меси постигна 62 гола и забележа 30 асистенции во 75 настапи за Мајами.
Слична проекција има и „ESPN“. Овој медиум наведува дека Меси има годишна плата од 20,45 милиони долари, но дека ова е само дел од неговата вкупна заработка, која медиумот ја проценува на 150 милиони долари за две и пол години.
„Голем дел од оваа сума покрива „Apple“ бидејќи гигантот што ги има телевизиските права за натпреварите од МЛС според договорот со Меси му плаќа дел од заработката“.
Спорт
Една милијарда евра ќе вложат Интер и Милан во новиот стадион

Претседателот на Милан, Паоло Скарони (78), истакна дека Интер и Милан ќе го добијат најдобриот стадион во Европа до 2031 година, кој ќе биде гордост на сите граѓани на Милано, објавија италијанските медиуми.
„Проектот за нов стадион во градскиот округ Сан Сиро е во изработка веќе долго време, инвестирани се многу пари и сигурно ќе ја постигнеме зацртаната цел. Милан и Интер ќе го добијат најдобриот стадион во Европа, на кој сите граѓани на Милано ќе бидат горди“, рече Скарони, претприемач кој за време на својата бизнис кариера беше на чело на италијанските енергетски компании Енел и Ени.
Компанијата „Популос“ е одговорна за прелиминарниот дизајн на стадионот. Стадионот е дел од генералниот план за ревитализација на клучна урбана област на Милано во округ посветен на спорт и забава.
Општина Милано, исто така, одлучи да го трансформира квартот Сан Сиро во пешачка зона со околу 110.000 квадратни метри зелена површина (40 проценти од вкупната квадратура).
Паркингот, кој моментално зафаќа 40% од целиот простор, ќе биде преместен во целосно подземен простор. Повеќето спортски и рекреативни објекти, затворени и отворени, ќе бидат бесплатни или субвенционирани од градот.
Правоаголниот стадион со 60.000 седишта е инспириран од градските знаменитости, како што се Дуомо ди Милано и Галерија Виторио Емануеле, па и прекарото на овој предложен дизајн е „Катедрала“. Околу стадионот ќе има вертикални летвички кои ќе се издигаат и ќе го поддржуваат стаклениот ѕид што го опкружува просторот наречен дневна галерија. Внатрешната структура на стадионот е дизајнирана да биде „најинтимна во Европа“, доближувајќи ги гледачите што е можно поблиску до игралиштето.
Оваа недела, секторскиот комитет на Градскиот совет на Милано даде зелено светло за купување на земјиштето на кое се наоѓа стадионот „Џузепе Меаца“. За земјиштето, кое го вклучува и околниот простор околу стадионот, Интер и Милан ќе треба да платат 197 милиони евра. Проектот на новиот стадион има поддршка од градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, а целата постапка во Градскиот совет треба да биде завршена до крајот на септември.
Се проценува дека конечната цена на изградбата на новиот стадион ќе биде околу една милијарда евра.
Сè уште не е утврдено дали сегашниот стадион „Џузепе Меаца“, со капацитет од 75.000 гледачи, ќе биде делумно или целосно срушен. Последното големо реновирање на стадионот се случи пред Светското првенство во 1990 година, чиј домаќин беше Италија.
Рокот за завршување на стадионот до 2031 година беше поставен за да може да биде домаќин на натпревари од ЕУРО 2032, чии домаќини се Италија и Турција.
Спорт
Синот на Зидан го смени спортското државјанство

Синот на легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан, Лука, госмени спортското државјанство и во иднина ќе игра за Алжир, објави денес Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Како што објави ФИФА, барањето на Лука Зидан е одобрено бидејќи тој никогаш не бранел за Франција во сениорската конкуренција, туку само во помладите категории.
Лука Зидан има 27 години и го брани голот на шпанскиот второлигаш Гранада, а според најавите, селекторот на Алжир, Владимир Петковиќ, ќе го покани да дебитира во октомври, кога Алжир ќе игра против Сомалија и Уганда во квалификациите за Светското првенство.
Алжир е на чекор од директен пласман на Светското првенство, во квалификациската група Г има 19 бода, четири повеќе од Уганда и Мозамбик, а остануваат уште две кола.