Спорт
Етапна победа на Петерхансел
На петата етапа од релито Дакар од Калама до Икики Стефан Петерхансел со БМВ ја извојува својата прва етапна победа откако на целта пристигна за време од 4:33,19 часа. Зад него стигнаа Фолксвагените на Ал Атија кој беше поспор за 1,24 минута и Петер Саинц кој оствари за 3,15 минути послабо време. Жиниел де Вилиер со Фолксваген беше четврти (-05,21 мин.). Во генералниот пласман сеуште Саинц е во водство со време од 15:45,48 часа, а Петерхансел сега е втор (-2,26 мин), и трет Ал Атија (-2,33 мин.)…
Во конкуренција на мотори со своето БМВ изненади Пауло Конкалвес од Порторико кој што патеката ја мина за 5:12,23 часа, пред Лопез Контардо од Чиле со Априлиа кој заостана 2,18 минути и Белгиецот Франс Верхоевен кој беше трет само една секунда зад Контардо. Марк Кома (КТМ) го освои четвртото место со 3,58 минути зад победникот, но додаде уште 12 секунди предност пред Сирил Депре кој овојпат беше петти но и заработи 10 минути казна. Во генералниот пласман води Кома (КТМ) со време 16:56,33 часа, следуваат Депре (-10,14 мин), Контардо (-18,32 мин.), Конкалвес (-21,42 мин), Родригез (-32,05 мин.)…
Во конкуренција на квадови победи Алехандро Патронели (6:04,34 часа) пред Томас Мафеи со Јамаха (-3,21) и двајцата од Аргентина, а трет на целта пристигна Чехот Јозеф Макачек (Јамаха – 32,24 мин.). Во генерален пласман водат Патронели (19:40,24), Мафеи (-01,27 мин), Халперн (- 42,55 мин)…
Кај камионите Кабиров со својот Камаз победи во петата етапа со време од 5:41,11 часа, пред Николаев со Камаз (-20,05 мин) и Лопре со Татра (-21,25 мин). Дотогаш водечкиот во генералниот пласман Чагин беше дури четврти и загуби 22,17 минути во однос на Кабиров, па сега екипажот на Кабиров е во водство со 17:39,08 часа, пред Чагин кој сега има заостаток од 13,36 минути. Лопре е и понатаму трет (-25,20 мин.) следуваат Николаев со Камаз (-1,03,10 часа), Ехтер со МАН (-1:03,15 часа).Крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

