Спорт
Саинц повторно најбрз
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/87510d51-958b-4737-9eb9-1807ebd8464a.jpeg)
Карлос Саинц со Фолксваген повторно победи во етапа на Релито Дакар. Шестата етапа од Икика до Арика во Чиле во должина од 456 километри Саинц ја помина за 4:53,53 часа. Насер Ал Атија беше послаб само 9 секунди од него, а Жиниел Де Вилиерс (Фолксваген) имаше трето време со 9,49 минути заостаток. Петерхансел овојпат го зголеми своето заостанување зад Саинц за дополнителни 12,25 минути.Во генералниот пласман поредокот е : 1. Карлос Саинц (20:39,41 часа), 2. Ал Атија (+2,42 мин.), 3. Стефан Петерхансел (+14,51 мин.), Де Вилиерс (+31,09 мин.).Кај моторциклите победи Рубен Фарија со КТМ во време од 5:35,27 часа, пред Хелдер Родригез со Јамаха со 50 секунди послабо време. Трет беше Сирил Деспре (+3,54 мин.). Генерален пласман: 1. Марк Кома (22:40,20 часа), 2. Сирил Деспре (+8,48 мин), 3. Франциско Лопез (+22,12)./крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Феран Торес постигна хет-трик, Барселона уште еднаш ја декласира Валенсија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803645.jpg)
Фудбалерите на Барселоа до врв ја наполнија мрежата на Столе Димитриевски и се пласираа во полуфиналето на Купот. Вечерва на „Месталја“ во Валенсија, Барселона го победи домашниот тим со 5:0. Покрај Барселона место во полуфиналето претходно изборија Атлетико и Реал, односно Реал Сосиедад.
Барселона за 30 минути ја прегази Валенсија, нешто слично избраниците на Ханси Флик направија пред две недели кога во првенството го победија овој противник со 7:1.
Валенсија ја закопа нејзниот поранешен играч, Феран Торес кој во првото полувреме постигна три од четирите гола.
Торес го совлада Димитриевски во третата, 17. и 30.минута/ Покрај Торес стрелци за Барселона беа и Фермин во 23., односно Јамал во 59.минута.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, за трофејот во Лига купот ќе игра против Њукасл
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803552.jpg)
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, против Њукасл ќе игра за трофејот во Лига купот