Спорт
Тинејџерката Лара Гут изненади во Алтенмарк
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/6bb06a1c-56fd-4212-9674-400ccd7a3dd0.jpeg)
Швајцарската скијачка Лара Гут (19 г.) ги изненади фаворитките и триумфира во супервелеслаломот во Алтенмарк откако патеката ја извози за 1:12,82 минути. Зад неа се пласира далеку поискусната Линдзи Вон (САД) со 53 стотинки заостанување, а трета беше доминик Грисин од Швајцарија со 72 стотинки послабо време. По нив се пласираа Елизабет Гергл (+0,91 сек.), Никол Хосп (+1,31 сек.), Марија Риш (+1,33 сек.).Во супер-џи води Линдси Вон (180 бодови) пред Марија Риш (120), Лара Гут (100), Доминик Гисин (89), Џулија Манкузо (75)…Во генералниот пласман поредокот е Марија Риш (923 бодови), Линдси Вон (827), Елизабет Гергл (565), Тања Путаинен (480), Тина мазе (480)./крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Феран Торес постигна хет-трик, Барселона уште еднаш ја декласира Валенсија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803645.jpg)
Фудбалерите на Барселоа до врв ја наполнија мрежата на Столе Димитриевски и се пласираа во полуфиналето на Купот. Вечерва на „Месталја“ во Валенсија, Барселона го победи домашниот тим со 5:0. Покрај Барселона место во полуфиналето претходно изборија Атлетико и Реал, односно Реал Сосиедад.
Барселона за 30 минути ја прегази Валенсија, нешто слично избраниците на Ханси Флик направија пред две недели кога во првенството го победија овој противник со 7:1.
Валенсија ја закопа нејзниот поранешен играч, Феран Торес кој во првото полувреме постигна три од четирите гола.
Торес го совлада Димитриевски во третата, 17. и 30.минута/ Покрај Торес стрелци за Барселона беа и Фермин во 23., односно Јамал во 59.минута.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, за трофејот во Лига купот ќе игра против Њукасл
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803552.jpg)
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, против Њукасл ќе игра за трофејот во Лига купот