Спорт
Челзи импресивно, Јунајтед минимално а Сити ќе повторува
Во дербито од 3-то коло на англискиот куп, Манчестер јунајтед со сомнително досуден пенал го мина Ливерпул, Чилси го декласираше второлигашот Ипсвич со 7:0, а Манчестер сити одигра 2:2 кај второлигашот Лестер
Дебито на клупата на „редсите“ чијшто дрес со голем успех го носеше со години Кени Далглиш мина резултатски слабо, но сепак со игра каква што може да се очекува во дерби меч.Уште во третата минута моментално најдобриот стрелец во Премиершип, Димитар Бербатов од десната страна се проби во шеснаесетникот на Ливерпул а на него стартуваше Даниел Агер, по што бугарскиот напаѓач на Манчестер јунајтед се најде на тревникот. Еден од најдобрите судии во светот во моментот, Хауард Веб покажа на белата точка а Рајан Гигс беше сигурен егзекутор. Можеби со чувство на неправедно досудениот пенал, играчите на Ливерпул во продолжение играа нервозно, што резултираше во 33. минута капитенот на гостите Стивен Џерард заради стар со две нозе врз Мајкл Карик беше исклучен.Тотенхем се пласираше натаму откако со 3:0 го совлада Чарлтон. Головите за домашните ги постигнаа Андрос Таунсенд во 49. и Џермејн Дефо во 58. и 60. минута. Актуелниот англиски шампион Челзи по серијата лоши резултати се пласираше во 4-то коло од ФА купот декласирајќи го Ипсивч таун со 7:0. Голвоите за „сините“ ги постигнаа Саломон Калу во 33., Даниел Сториџ во 34. и 52., Карлс Едвардс во 41. минута си постигна автогол, Николас Анелка во 49. и Франк Лампард во 78. и 79. минута. Во идното коло од купот Челзи ќе му гостува на Евертон, што ќе биде многу потежок испит за екипата дали навистина ја надминала играчката и резултатска криза.Манчестер сити и Лечестер ќе мора да одиграат уште еден меч, овојпат во Манчестер, за да се добие патникот во идното коло од нивниот дуел. Играчите на Лечестер сити пред своите навивачи предводени од поранешниот стратег на англиската репрезентација Свен Горан Ериксон покажаа многу желба и се чини дека малку недостигаше да направат подвиг. Домашните поведоа уште во втората минута преку Сулејман Бамба, но „граѓаните“ направија целосен пресврт во првиот дел прек Џејмс Милнер во 23. и Карлос Тевез во 45. минута. По катастрофалната грешка на голманот на гостите Харт кој не успепа да скроти слаб удар во рацете а потоа и не успеа да ја прифати топката , во 64. минута Ендн Кинг го изедначи резултатот и ги подгреа надежите дека може да биде елиминиран скапиот Сити. Инаку победникот од овој двомеч во четвртото коло ќе има се чини многу полесна задача во дуелот со третолигашот Нутс каунти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фјури се враќа, ќе се бори против Махмудов
Тајсон Фјури (37) се враќа од пензија и ќе се бори против Арсланбек Махмудов на 11 април на стадионот на Тотенхем, во Лондон. Тоа ќе биде неговиот прв меч по речиси четири години пред домашна публика, а преносот ќе биде достапен низ целиот свет на платформата „Нетфликс“.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се повлече од боксот по два последователни порази од Олександр Усик.
Фјури, кој во текот на својата кариера имаше многу збогувања и враќања, има рекорд од 34 победи, два порази и едно реми во професионалниот ринг, со 24 нокаути.
Официјалната прес-конференција за најава ќе се одржи во понеделник на стадионот Тотенхем, со учество на двајцата борци.
Противникот на Фјури, Махмудов, е познат како еден од најопасните борци во тешка категорија. Во кариерата, тој нокаутирал 19 од 21 противник, има два порази во 23 натпревари и влегува во овој меч по најголемата победа во кариерата. Тој ја постигна со едногласна одлука против Дејв Ален минатиот октомври во борба за титулата во тешка категорија на ВБА Интерконтиненталната категорија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Познат распоредот во Лигата на нации – Швајцарија во првото, Словенија во последното коло
Фудбалската репрезентација на Македонија, во новиот циклус во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Б-дивизијата. Македонија е во Групата 1, заедно со Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Првата фаза, во новиот циклус во Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември оваа година. Македонија дуелите во Групата 1 ќе ги отвори на домашен терен со Швајцарија, а ќе ги затвори исто така на домашен терен против Словенија.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 26 септември против Швајцарија, а три дена подоцна следува гостувањето во Словенија.
Во октомври Македонија ќе ја пречека Шкотска (3 октомври), а на 6.10 ќе гостува во Швајцарија.
На 13 ноември Македонија ќе гостува во Шкотска, а три дена подоцна ќе ја пречека Словенија.
Foto/ EPA
Спорт
Ханси Флик за дебаклот на Барселона на „Метрополитано“ ги обвини судиите
Барселона, синоќа доживеа дебкла во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот. На „Метрополитано“, Атлетико Мадрид победи со 4:0. Инспирираниот домашен тим головите ги постигна во првото полувреме.
По поразот од Атлетико, тренерот на Барселона, Ханси Флик, виновникот за дебаклот го најде во судиите, а не во лошата игра во дефанзивата на неговиот тим.
Спортна е ситуацијата во 53-та минута, кога по седум минути во ВАР собата донесоа одлука да го поништат голот на Пау Кубарси.
„Навистина не знам што друго да кажам за судењето во Шпанија. Ова е срам, целосен хаос, судењето е катастрофа. Не знам ни колку пати ја прегледав ситуацијата кога Кубарси постигна гол и навистина не разбирам каде некој од судиите виде недозволена позиција“, рече Флик и продолжи:
„Прекинот траеше повеќе од седум минути. Очигледно е дека бараа причина да го поништат тој гол на секој можен начин и со сета сила. Исто така, речиси и немаше комуникација меѓу судиите. Никој ништо не разјасни.“
Како алиби за поразот Германецот ја посочи агресивната игра на фудбалерите на Атлетико, иако е јасно дека тој беше незадовоелн од играта на неговиот тим, бидејќи првата измена ја направи во 35 минута од натпреварот.
„Судијата им дозволи на играчите на Атлетико да играат грубо, буквално им дозволи да прават што сакаат. Не само што не им покажа картони, туку дури и не им даде усна опомена. Уште од првата акција во играта, тие се жалеа кон судиите. Разочаран сум, навистина не можам да верувам што се прави во шпанскиот фудбал“, додаде тој.
„Судијата мораше да покаже жолт картон за првиот прекршок врз Балде, а зборуваме за самиот почеток на натпреварот. Тоа драстично ќе влијаеше на она што се случуваше подоцна. Нормално беше Симеоне да дозволи да нè малтеретираат кога виде дека судиите ќе му простат сè“, рече Германецот.
Интересно, Флик не го коментираше црвениот картон на Ерик Гарсија, бидејќи одлуката на теренот беше жолт картон. Дури кога доби повик од ВАР собата, главниот судија ја прегледа снимката и го исклучи дефанзивецот на Барселона, кој како последен играч во одбраната го фаулираше Алекс Баена.
Foto/ depositphotos

