Спорт
Контардо од Чиле најбрз на свое буниште
Чилеанецот Франциско Лопез Контардо на Априлиа ја искористи предноста на познавањето на теренот па успеа да ја заврши како прв седмата етапа на релито Дакар од Арика до Антофагаста. Етапата беше скратена на само 252 километри, а Контардо ја мина за 3:29,45 часа, а по него пристигнаа двајцата главни конкуренти Сирил Деспре (+ 2,21 мин.) и Марк Кома (+ 3:45 мин.). Во конкуренција на автомобили победи Насер Ал Атија (Фолксваген) кој што делницата ја помина за 2:40,57 часа, Саинц задоцни 1,22 минута, а Жиниел Де Вилие 2,56 минути. Петерхансел со БМВ овој пат задоцни 7,40 минути со што ги намали шансите да се вмеша во борбата за првото место бидејки сега заостанува повеќе од 20 минути.Во конкуренција на популарните квадови победи Себастијан Халперн (Јамаха) со време од 4:01,26 часа, Лукаш Лашкавиец (Јамаха) пристигна втор (+2,10 мин), а Хорхе Сантамарина (Хонда) беше трет (+6.16 мин.).Кај камионите Алеш Лопре од Чешка со Татра победи со време 2:23,43 часа, истовремено надомести 5,03 минути во однос на водечкиот Фирдаус Кабиров (Камаз). Владимир Чагин (Камаз) задоцни 14,05 минути, но кај камионите еден дефект на гума значи губење на 15 минути така што овие три екипажи и понатаму се главни фаворити, иако не треба да се отпише и Ехтер со МАН.Генерален пласман:Мотоцикли: Марк Кома 26:13,50 часа, Сирил Деспре (+7,24 мин), Франциско Контардо (+18,27 мин.)…Автомобили: Карлос Саинц (23:21,58 часа), Насер Ал Атија (+1.22 мин.), Стефан Петерхансел (+21,11 мин.), Жиниел Де Вилие (+32,45 мин.)…Квадови: Томас Мафеи (7:44,45 часа), Алехандро Патронели (+3,03 мин.), Себастијан Халперн (+26,45 мин.). крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Андреас Волф ја запре Португалија
Германија со победа над Португалија 32:30 (11:11) ја отвори главната фаза на 17-то Европско првенство во ракомет.
Тимовите од новоформираната Група 1 наизменично водеа во првото полувреме, додека Германците постојано беа во водство во вториот дел, а Португалците направија сè за да ги стигнат, но не успеаја.
Разликата ја направи горманскиот голман Андреас Волф, кој забележа 14 одбрани, додека од другата страна, Густаво Капдевила и Педро Тонишер заедно собраа шест, а во вториот дел имаа само две одбрани. Буквално се што шутнаа Германците заврши во голот на Португалија.
Покрај Волф, кај Германија се истакна Шлориф кој седумте гола ги постигна во второто полувреме. Втор најдобра стрелец во гермнаскиот тим беше Усчинс со шест гола.
Португалија ја предводеше Кико Кошта со 10 гола, по пет постигнаа Мартин Кошта и Луиш Фраде.
Foto/ EPA
Спорт
Приоритет на Ливерпул е Мики ван де Вен
Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24).
Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда.
Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк.
Ван де Вен ја игра својата трета сезона во Тотенхем, каде што пристигна од германски Волфсбург. Ја започна кариерата во Волендам.
Одигра 17 натпревари за холандската репрезентација и постигна еден гол.
Со Ван Дајк, тој веројатно ќе го формира стоперски тандем на Холандија на следното Светско првенство.
Foto/ depositphotos
Спорт
Почнува борбата за место полуфиналето на Европското првенство
Foto/ EPA
Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето.
Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните групи 1 и 2I, добиени со вкрстување на претходните групи (A/Б/Џ, односно Д/E/Ф).
Првото коло ќе го отворат натпреварите во Грушата 1.
Први на теренот во Хернинг, ќе излезат ракометарите на Германија и Португалија. Ќе започнат од иста стартна позиција, бидејќи пренесоа по два бода. По нив, следува дуелот на Шпанија и Норвешка. Двете селекции не пренесоа ниту еден бод во втората фаза.
Денот ќе го затвори дербито, помеѓу бранителот на титулата Франција (2) и вицешампионот Данска (0).
Утре ќе се одигра првото коло во Групата 2, , во Малме (Шведска), каде што се Шведска (2), Словенија (2), Исланд (2), Унгарија (0), Швајцарија (0) и Хрватска (0).
Во меѓувреме, беше одреден пласманот од 13-то до 24-то место: 13. Фарски Острови, 14. Македонија, 15. Холандија, 16. Австрија, 17. Чешка, 18. Италија, 19. Србија, 20. Грузија, 21. Полска, 22. Романија, 23. Црна Гора, 24. Украина.
The main round is set. 👌😍#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/AWpDq06kMJ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 21, 2026
Група 1 (Хернинг, Данска), Прво коло:
Германија – Португалија 15.30 часот
Шпанија – Норвешка 18.00
Франција – Данска 20.30

