Спорт
Петерхансел ја загуби битката со Фолксвагените
Осмата етапа на Дакар релито од Антофагаста до Копиато, возена низ пустината Атакама конечно го исфрли надвор од борбата за висок пласман Стефан Петерхансел(Франција), кој што со своето БМВ беше единствен кој успеваше да ги прати доминантните Фолксвагени. Петерхансел два пати мораше да застане поради гуми дефект и на крајот задоцни 1 час и 13 минути зад победникот Ал Атија (Катар), со што падна на шестата позиција во генералниот пласман.Ал Атија беше најбрз и патеката ја мина за 5:16,30 часа, повеќе од шестипол минути подобро време од второпласираниот Карлос Саинз, па со тоа го презеде водството во генералниот пласман.Марк Кома (Шпанија, КТМ) победи во конкуренција на мотори пред Сирил Деспре (Франција, КТМ) со 1.55 минути подобро време и во генералниот пласман го подобри времето на повеќе од 9 минути од Деспре. Чилеанецот Контардо е трет во генералниот пласман но доцни 22,48 минути.Владимир Чагин (Русија), со својот камион Камаз тешката патека ја помина за 6:01,12 часа, а најголемиот конкурент Кабиров (Русија), со Камаз заостана 31 минута. Лопре (Чешка) со Татра беше дури четврти бидејки трет пристигна Камазот на Едуард Николаев (Русија). Со оваа победа Чагин се врати на врвот во генералниот пласман. Сега кабиров има триипол минути заостаток, а Лопре ја задржа третата позиција со речиси половина час послабо време.Јамахите доминираат во трката на квадови. Алесандро Патронели од Аргентина забележа нова победа со време од 7:57,26 часа, по него пристигнаа на целта Чехот Хјозеф Махачек (+8,02 мин) и Пољакот Лукаш Лашкавиец (+11,00 мин.). Во генералниот пласман Патронели ја зголеми предноста на 58,32 минути над сонародникот Себастијан Халперн. Махачек на третото место има големо заостанување од 2,11 часа. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

