Спорт
Фаворитите во Серија А низ „иглени уши“
Неделата донесе неочекувано тешки мечеви за фаворитите во 20-то коло од италијанското фудбалско првенство. Јуве одвај со 2:1 го совлада последнито Бари а Рома успеа да победи со автоголот на Чезена
По двата воведни пораза во 2011 г., Јувентус успеа да ја оствари и втората победа во Серија А во новата година, Творец на победата за торинезите беше играчот од средниот ред Алберто Аквилани во 79. минута, кој постигна ефектен погодок со остар полуволеј од работ на казнетиот простор на противникот. Инаку „старата дама“ поведе на ист начин, по прекин со својствено за Алеснадро Далпиеро перфектно изведен удар во 43. минута. Ова е само четврти гол за ветеранот во Серија А кој е меѓу десеттемина фудбалери со најголем број првенствени мечеви во историјата на. Во 57. минута, гостите изедначија преку Рудолфо.Минимални победи забележија и двата римски клуба, Лацио и Рома во настојувањата покрај Наполи да го одржат чекорот со водечкиот Милан. „Бјанкочелестоите“ во Рим на „Олимпико“ дури во 84-та минута со голот на 21-годишниот чешки напаѓач Либор Козак кој во 77. минута го замени Броки, успеаја да го скршат отпорот на Сампдорија.Со истиот резултат „римската волчица“ победи на гостувањето кај Чезена, но благодарејќи на несреќниот потег на домашниот одбранбен играч Пелегрино во 89. минута. Акцијата започна од Бориело, топката преку Антониоли дојде до Адриано, а потоа стигна до Сомплицио и се одби од Пелегрино.Фудбалерите на Удинезе продолжија со ефикасната игра. На 4-те мечеви во 2011 г. имаат постигнато 12 погодоци, а во претходните 16 првенствени настапи 15 пати ја затресоа противничката мрежа. По минатонеделното реми кај Милан од 4:4, во неделата извојуваа гостинска победа над Џенова од 4:2. Домашните успеаја само двапати да го израмнат водството на гостите, преку Милането во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме и во 57. минута преку Дестро. За Удинезе прецизни беа Амеро во 27, Динатале во 56. што е негов 14 ти погодок и е водечки на листата на стрелците во Серија А, Санчез во 69. и Денис во 90. минута.Бреша со 2:0 ја совлада Парма, со головите на Берга во 4. минута од продолжувањето на првото полувреме и Диаманти во 88. минута.Катанија ремизираше со Киево со погодоците на Лопез од пенал во 29. и Пелисиер во 65. минута. Каљари според традицијата лесно излезе на крај пред својата публика со Палермо совладувајќи го со 3:1. Во првиот дел надмоќта на домаќините ја круниса во 23. минута Матри, а во второто полувреме по првите десет минути кога беа постигнати преостанаите три гола на натпреварот се чинеше дека ќе следиме возбудлив меч. Но возбудувањата престанаа во 55. минута откако Биондини повторно го зголеми водството на Каљари на два гола разлика. Претходно во 48. минута Ночерино постигна автогол за водство на домашните од 2:0, но на 2:1 Веднаш во 50. минута намали Пасторе.Вечерва останува да се одигра мечот меѓу Лече и водечкиот Милан, кој има три бода предност пред вториот и третиот Наполи и Лацио а пет пред четвртата Рома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драматична трка во нордиска комбинација, победи Офтебро
Победниот во нордиската комбинација (скокови од малата скокалница и 10 км трчање) беше решен во трилер-завршница. На крајот, златото го освои Норвежанецот Јенс Лурас Офтебро.
По скоковите на малата скокалница, Естонецот Кристијан Илвес беше прв. Тој имаше солидна предност пред двата најголеми фаворити, лидерот во генералниот пласман на Светскиот куп Австриецот Јоханес Лампартер (21 секунда) и Норвежанецот Јенс Лурас Офтебре (28 секунди).
Но, уште од самиот почеток на скијањето во крос-кантри на 10 км, беше јасно дека Илвес нема долго да биде во водство. Група од шест натпреварувачи, предводени од Офтебро, го фатија на половина од трката.
Групата од седум натпреварувачи беше компактна до последниот километар. Потоа Офтебро направи потег и се одвои. Но, неговото темпо го следеше лидерот во генералниот пласман на Светскиот куп Јоханес Лампартер и му дишеше во вратот до целта. Во последните 50 метри им се придружи и Финецот Еиро Хирвонен. Сите тројца влегоа на целта со минимално растојание, но на крајот, Офтебро заштеди доволно гориво во резервоарот и на крајот победи со време од 29:59,4.
Лампартер го освои сребрениот медал една секунда зад него, додека бронзата му припадна на Хирвонен, 2,5 секунди зад лидерот.
Foto/ EPA
Спорт
Сноубордер на ЗОИ со две фрактури на вратот итно хоспитализиран
Камерон Болтон (35), сноубордер од Австралија, го скрши вратот кога падна за време на тренингот на Зимските олимписки игри. Веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница во Милано.
Болтон падна за време на тренингот во сноуборд крос во Ливињо. Иако успеал веднаш по падот да ја напушти патеката, следниот ден се разбудил со силна болка во вратот.
Дополнителните тестови покажаа две фрактури, по што итно е префрлен со хеликоптер за понатамошно лекување.
„Кам сакаше неговите сонародници да знаат што се случува и дека е добро и дека за него се грижиме на најдобар можен начин. Тој е свесен колку сериозно пристапуваме кон неговата ситуација и комуникацијата беше одлична. Горда сум на нивото на грижа што ја доби“, рече Алиса Камплин од Австралискиот олимписки комитет.
Болтон освои сребро во мешан тимски сноуборд крос на Светското првенство минатата година со Миа Клифт.
Спорт
Влаховиќ бара 15.000.000 евра само за потпис на договорот
Според информациите од италијанските медиуми, повеќе нема да има преговори меѓу Душан Влаховиќ и челниците на Јувентус, околу нов договор. Сигурно е дека српскиот напаѓач, во јуни како слободен играч ќе го напушти клубот.
Весникот „Коријере дело Спорт“ денес донесе информации, околу финансиските барања на Влаховиќ кога станува збор за следниот договор.
Според нивните информации, српскиот фудбалер бара 10.000.000 евра годишна плата, како и бонус за потпис од 15.000.000 евра.
Дури и сега, со 12.000.000 евра годишна заработка, Влаховиќ е меѓу најплатените фудбалери во Серија А и е убедливо најплатениот во клубот.
Во преговорите околу новиот договор, Јувентус се обиде да ја намали таа сума, но да му понуди договор на Србинот на неколку години, така што намалувањето на платата би било компензирано, но тој ја одби таа понуда.
Како што тврди „Кориере“, Влаховиќ ги претпочита Баерн и Барселона како опции, кои најмногу се споменуваат во последните шест месеци.
Foto/ depositphotos

