Спорт
И Јанковиќ ги заврши натпреварите на АО 2011
Откако Ана Ивановиќ отпадна уште во првото коло на Отвореното првенство на Австралија во тенис, во второто коло од натпреварите се простија и двете преостанати Србинки.Јелена Јанковиќ не го оправда поставувањето за седми носител на турнирот и загуби во второто коло од Кинеската Шуаи Пенг со 6:7 (3), 3:6. Бојана Јовановски одигра добар меч против втората носителка Вера Звонарева. Бојана го доби првиот сет со 6:2, но Звонарева беше поуспешна во следните два сета кои ги доби со 6:3, и 6:1 и се пласира во третото коло.Во останатите мечеви од 2 коло беа постигнати следните резултати: Надја Петрова (13) – Алисија Молик 6:4, 6:1, Ким Клајстерс – Карла Суарез Наваро 6:1, 6:3, Саманта Стосур (5) – Вера Душевина 6:3, 6:2, Сахар Пер (10) – Сорана Кирстеа 6:3, 6:2, Ивета Бенешова – Марија Кириленко 6:3, 6:1, Лисија Сафарова – Клара Закопалова 6:3, 6:7 (2), 7:5, Агњешка Радванска (12) – Петра Мартиќ 6:3, 6:4, Флавија Пенета – Лурд Домингез Лино 6:2, 6:2, Ализ Корне – Марија Хозе Мартинез Санчез 7:5, 6:1, Анастасија Павличенкова (16) – Кристина Бароис 6:2, 6:2, Ајуми Морита – Каролин Гарсија 6:4, 6:4, Екатерина Макарова – Лесја Цуренко 7:6 (8), 6:1, Симона Халеп – Алиса Клејбанова 6:4, 7:6 (2), Петра Квитова – Ана Чакветадзе 6:3, 6:4. . крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

