Спорт
Њукасл-Тотенхем дерби во Премиер лигата

Екипите аспиранти за титулата во англиската Премиер лига, викендов за противници ќе имаат тимови кои се наоѓаат во долниот дел од табелата. Единствениот непоразен тим, лидерот, Манчестер Јунајтед ќе му биде домаќин на Бирмингем, додека неговиот градски ривал Сити ќе гостува кај Астон Вила. Арсенал на домашен терен ќе игра против Виган, екипа која на три од последните четири средби одигра нерешено. Челзи во понеделник, во Болтон ќе ја затвори оваа рунда во Премиер лигата.Комплетни двојки од 24-то коло:Сабота, 22 јануари: Вулверхемптон-ЛиверпулАрсенал-ВиганБлекпул-СандерлендЕвертон-Вест ХемФулам-СтоукМанчестер Јунајтед-БирмингемЊукасл-ТотенхемАстон Вила-Манчестер СитиНедела, 23 јануари Блекбурн-ВБАПонеделник, 24 јануариБолтон-Челзи. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Цунода не е загрижен за својата иднина во Ред Бул

Јапонецот Јуки Цунода, се огласи по повод шпекулациите дека Ред Бул би можел да го замени со Исак Хаџар наредната сезона.
Јапонскиот возач беше прашан да ги коментира овие шпекулации пред Големата награда на Азербејџан.
„Не знам на какви озборувања мислите“, им рече Цунода на новинарите.
Кога му објаснија, тој одговори дека „тоа не се факти“ и дека се занимава само со сопствените перформанси.
„Јас само се фокусирам на она што можам да го направам“, додаде Цунода.
„Дури и минатата година, кога имаше слична ситуација, ги кажав истите работи“.
Шампионатот во Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на Азербејџан во Баку. Викендот во главниот град на Азербејџан започнува денес, главната трка ќе се вози в недела.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ерлинг Халанд експресно до 50 гола во ЛШ

Норвежанецот Ерлинг Халанд постави уште еден рекорд, кој тешко дека некој ќе го достигне во блиска иднина.
Водечкиот гол за Сити против Наполи го постигна Ерлинг Халанд во 56-та минута. Тој ја искористи асистенцијата на Фил Фоден и го спречи дотогаш извонредниот голман на Наполи Вања Милинковиќ Савиќ.
Тоа беше јубилеен 50-ти гол на Норвежанецот во Лигата на шампионите, со што постави нов рекорд. Дојде до 50 голови во елитното натпреварување најбрзо во историјата на натпреварувањето, му беа потребни само 49 натпревари.
Халанд се изедначи со легендарниот Французин Тиери Анри на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите на сите времиња. Тие го делат деветтото и десеттото место со по 50 гола.
Норвежанецот е сè уште далеку од најдобрите стрелци во ова натпреварување, но има само 25 години и времето работи за него…
Foto/ EPA
Спорт
„Црвениот картон го уништи натпреварот, жал ми е што го заменив Де Брујне“

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, не го криеше своето разочарување по поразот на неговиот тим (0:2) од Манчестер сити на „Етихад“ во првото коло од Лигата на шампионите.
Италијанскиот шампион со големи амбиции пристигна на натпреварот со „Граѓаните“, откако претходно ги забележа сите победи во Серија А, но раниот црвен картон на Џовани Ди Лоренцо ги чинеше подобар резултат во Англија.
Капитенот на Наполи доби директен црвен картон во 21-та минута, што имаше доста влијание врз текот на играта. Сити победи со головите на Ерлинг Халанд и Џереми Доку во второто полувреме.
„Чувствувам горчлив вкус во устата. Имам впечаток дека и играчите се чувствуваат така, бидејќи сите сме разочарани. Се подготвувавме за натпреварот како што сакавме да играме во првите 20 минути, а црвениот картон го уништи натпреварот. Дали беше оправдан црвен или не, не знам… Но, секако беше тешко да се игра со Манчестер и со еднаков број на играчи на теренот. По црвениот картон, беше невозможно. Да останевме со 11 играчи на теренот, немаше да им биде лесно“, рече Конте.
Очигледно, пресвртницата во натпреварот беше црвениот картон на Ди Лоренцо, кој го остави Наполи со играч помалку поголемиот дел од натпреварот. Таквиот развој на ситуацијата го принуди Конте да го замени Кевин Де Брујне од теренот за да создаде рамнотежа во тимот.
„Понекогаш ѓаволот се меша, има суров пресврт на судбината. Минатата година имавме само еден црвен картон. Денес играме во Лигата на шампионите, а по дваесет минути сме со играч помалку. Ми беше жал што го заменив Кевин немаше задоволство да игра на својот стар стадион против својот поранешен клуб.“
Foto/ EPA