Спорт
Прва победа на Ливерпул под Далглиш
По подолго време Ливерпул одигра добар меч и со 3.0 го совлада Вулверхептон што е прва победа на поранешниот играч на клубот Кени Далглиш по три пораза и едно реми откако на клупата го замени Рој Хоџсон. Водечките Арсенал и Манју остварија убедливи победи
Во првиот меч од 24-то коло на англиската Премиершип во саботата играчите на Ливерпул остварија дури 16 шутеви во рамките од противничкиот гол, што одамна не му се случило на еден од најтрофејните англиски и европски клубови. „Редсите“ поведоа во 36. минута откако Раул Меирелес избегна офсајт стапица и го проигра во идеална позиција Фернандо Торес кому ова беше осми погодок сезонава во англиското првенство. Меирелес во 50. минута го зголеми водството со одличен волеј удар од 25 метри, а Торес стави крај на мечот со својот деветти погодок во последната минута. Астон вила го победи претендентот за титулата Манчестер сити со 1:0, со погодокот на Дарен Бент во 18. минута. Инаку ова беше деби меч за Бент откако мината седмица дојде во клубот од Сандерленд. Тоа беше многу слабо издание на скапиот Сити во Бирмингем, со што го загубија второто место. Имаат заостаток од три бода зад водечкиот градски ривал Манчестер јунјатед, кој има и два меча помалку. Астон вила, пак, со победата се искачи на 16-та позиција и ја избегна зоната на испаѓање од лигата.Во единствениот натпревар кој беше прогласен за некаков дерби меч во 24-то коло од англиското првенство, Њукасл и Тотенхем одиграа 1:1. Се чини дека сепак загубата на лондонските „спарси“ е многу поголема затоа што се’ уште не се знае тежината на повредата на нивниот најдобар играч Гарет Бејл кој го напушти теренот во 10. минута. Њукасл поведе во 59 минута преку Колочини, а покрај пропуштената шанса на Лука Модриќ од 76. минута кога ја погоди само гредата, Тотенхем успеа да изедначи во судиското продолжение преку Аарон Ленон.Асренал на своите „Емирати“ го совлада Виган со 3:0, со хет-трикот на Робин Ван Перси кој беше прецизен во 22., 58. и 85. минута. Со оваа победа и киксот на Сити во Бирмингем, лондонските „топчии“ сега со 46 бодови се на втората позиција со меч помалку, но Манчестер јунајтед има два бода повеќе и два меча помалку. Фулам со головите на Демпси во 33. и во 55. минута од пенал, го совлада Сток сити. Блекпул загуби дома од Сандерленд со 1:2, во меч во кој головите ги постигнаа Ки во 15. и Ричардсон во 36. минута за гостите, а домашните успеаја само да намалат од пенал во 85. минута преку Адам. Евертон на домашен терен ремизираше со Вест хем со резултат 2:2. Гостите двапати беа во водство преку Спектор во 26, и Пикуен во 84. минута, а изедначуваа Билјалединов во 77 и Фелани во втората минута од судиското дополнување. Манчестер јунајтед во потерата по 19 титула (со што би го надминал Ливерпул кој има 18 шампионски пехари во Англија) со 5:0 го торпедираше Бирмингем. Тоа беше нов блесок на Бугаринот Димитар Бербатов кој постигна нов хет-трик погодувајќи во 2., 31. и 53. минута, а покрај него прецизни беа и Рајан Гигс на крајот од првото полувреме и Нани во 76. минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Спортистка му напиша на професорот зошто не ја предала задачата: „На Олимпијада сум“
Канадската спортиска во уметничко лизгање, Маделин Шизас, која настапува на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, побарала од професорот по социологија да ѝ го продолжи рокот за домашна задача – со „најдобрата можно изговор“: „На Олимпијада сум!“
На Инстаграм објави скриншот од мејлот што го пратила, со линк за доказ дека е дел од Олимписките игри, и коментар: „LOLLLL, обожавам да бидам студентка-спортист“.

„Професорот сè уште не ми одговори, ама сабота е“, изјавила таа за CBC. И додала: „Искрено, не мислев дека ова ќе стане вирално. Само ми беше смешно.“
Иако признава дека „имала цел ден слободен до 17 часот“, сепак не ја напишала задачата. „Се насобраа обврски“, вели таа.
Шизас има 22 години, студира на Универзитетот МекМастер, и веќе има искуство од Олимпијадата во Пекинг 2022, каде што заврши 18-та во индивидуалната конкуренција.
Спорт
Со титаниумско колено и срце на шампион: Линдзи Вон со последен настап во кариерата
Американската скијачка Линдзи Вон, една од најдобрите алпски скијачки на сите времиња, ќе настапи за последен пат во својата професионална кариера.
Линдзи, која има 41 година, претрпе тешка повреда на коленото непосредно пред почетокот на Зимските олимписки игри, но сепак ќе се појави на стартната линија во недела во 11:30 часот, за своeто последно спуштање.
На „Инстаграм“ таа објави емотивна порака и потврди дека ѝ доаѓа крајот на кариерата:
„Уште еден, последен спуст…
Самото доаѓање на овие Олимписки игри беше патување само по себе – патување во кое некои не веруваа од самиот почеток. Бев во пензија шест години и, благодарение на делумна замена на колено, добив уште една можност да се натпреварувам.
Но, зошто? Сите ми го поставуваат тоа прашање. А мислам дека одговорот е едноставен – затоа што го сакам алпското скијање.
Не се плашам од животот надвор од спортот. Не барам смисла, внимание или пари. Точно знам која сум и од што сум создадена. Јас сум производ на неверојатни родители кои ми покажаа дека трудот и упорноста се исплатат. Мајка ми, која сега бдее над мене, ме научи на силата на позитивното размислување и отпорноста. Татко ми, кој утре ќе биде на трибините со семејството и пријателите, ме научи на вредноста на работата и менталната сила.
Утре ќе стојам на стартната линија знаејќи дека сум силна. Знаејќи дека верувам во себе. Знаејќи дека шансите се против мене – поради годините, затоа што немам преден вкрстен лигамент и имам титаниумско колено – но знаејќи и дека сè уште верувам. А токму тогаш, кога шансите се најмали, обично извлекувам најдобро од себе.
Утре ќе ја возам својата последна олимписка спуст-трка и, иако не можам да ветам добар резултат, можам да ветам дека ќе дадам сè од себе. А без оглед на исходот – јас веќе победив.
Брановите љубов и поддршка што ги добив овие денови беа совладувачки – на најубав можен начин. Ми дадоа енергија и ми помогнаа повеќе од што можам да опишам. Ви благодарам.“ – напиша Линдзи Вон.
Спорт
(Видео) Само Вестбрук е пред Јокиќ на вечната чиста
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ забележа трипл-дабл учинок во победата на Денвер Нагетс над Чикаго (136:120).
Во натпреварот против Чикаго, Јокиќ имаше 22 поени, 17 асистенции, 14 скока, четири блокади и една украдена топка.
Србинот го забележа 182-от трипл-дабл кариерата, во регуларниот дел од сезоната, што го смести на второто место на „вечната“ листа.
Тој го помина Оскар Робертсон, а сега пред него е само Расел Вестбрук (207).
Следната можност за трипл-дабл ќе биде во вторник, кога Денвер го чека Кливленд.
Неговиот просек оваа сезона е импресивен: 29,1 поени, 12,1 скокови и 10,5 асистенции.
Интересно во победата во Чикаго, Јокиќ не беше најефикасен, пред него неа Џамал Мареј со 26 и Тим Хардавеј Џуниор со 23 поени.
Foto/ depositphotos

