Спорт
Јапонија е првиот финалист на Азискиот куп

Фудбалската репрезентација на Јапонија денеска се пласираше во финалето на Азискиот куп во Катар, откако на пенали ја совлада Јужна Кореја со 3:0
Во регуларниот тек резултатот беше 1:1, додека по продолженијата 2:2.Противник на селекцијата на Јапонија во финалето на Азискиот куп ќе биде победникот од вечерашниот дуел меѓу Узбекистан и Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бошко Ѓуровски се струполи зад говорницата на комеморацијата на Дејан Миловановиќ

Бошко Ѓуровски се онесвести за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ, а првите информации за здравствената состојба на легендата на Црвена звезда се охрабрувачки.
Присутните веднаш го кренаа Ѓуровски, а тој брзо се освести и се чувствуваше добро по укажаната помош.
Секако, здравствената состојба на Ѓуровски ќе биде детално испитана и се чекаат прегледи, а најважно е што немало никаков удар врз неговиот организамшто веднаш би му го загрозило животот.
Неофицијално, Ѓуровски доживеал моментален колапс бидејќи бил потресен за време на говорот.
Поранешниот селектор на Македонија, легенда на македонскиот фудбал, во еден дел од кариерата му бил тренер на Миловановиќ. Поранешниот капитен на Црвена звезда почина во вторникот на 42-годишна возраст за време на натпреварот на ветерани помеѓу Звезда и ПКБ.
Foto/ Starsport/Peđa Milosavljević
Спорт
Боатенг ја заврши професионалната кариера

Германскиот фудбалер Џером Боатенг, светски шампион со репрезентацијата во 2014 година и двократен освојувач на Лигата на шампионите со Баерн, објави дека ја завршил својата професионална кариера.
Овој 37-годишен фудбалер, по потекло од Гана, по Баерн играше за Олимпик Лион, Салернитана и ЛАСК од Линц.
„Благодарен сум на сите тимови, навивачи, луѓе кои ме поддржуваа, а пред сè на моето семејство. Тие секогаш беа со мене“, додаде Боатенг, со слики од неговата кариера.
Одигра 76 натпревари за германската репрезентација. Го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година, а четири години претходно играше во полуфиналето на Светското првенство во Јужна Африка.
Тој играше двапати со Германија во полуфиналето на Европското првенство, во 2012 и 2016 година.
Боатенг е во центарот на вниманието во последните години поради судењето за семејно насилство со неговата поранешна сопруга, за дела што се случиле во 2018 година.
Во повторената постапка, Боатенг доби опомена и условна казна од 200.000 евра.
Спорт
„Идиотите не разбираат ништо од фудбал“

Кристијано Роналдо одговори на критиките упатени кон неговиот соиграч Жоао Феликс, поради неговиот трансфер во Ал Наср.
Феликс минатото лето се пресели во Челзи од Атлетико Мадрид, бидејќи не играше многу на „Стемфорд Бриџ“, замина на позајмица во Милан. Таму не се прослави се врати во Челзи, а во финишот на преодниот рок реши да замине во Саудиска Арабија.
Одигра пет натпревари во дресот на Ал Наср, досега постигна хет-трик со една асистенција.
Откако популарниот португалски подкаст Чуверињо ја доведе во прашање одлуката на Феликс во еден од неговите сегменти, Роналдо одговори на Инстаграм.
„Идиотите не разбираат ништо за фудбалот, а сепак даваат свои мислења“, напиша Роналдо, додавајќи три емотикони кои плачат од смеа.
Неговиот коментар оттогаш е отстранет, а подоцна беше објавена порака од профилот на подкастот во која се прашуваше дали заслужуваат таков напад, бидејќи редовно во суперлативи зборуваат за Роналдо.
Фото/ Принтскрин