Спорт
Преземени мерки за коректно дерби

Кошаркарските клубови МЗТ Скопје и Работнички во пресрет на саботното дерби во арената Борис Трајковски одржаа заедничка прес конференција на која ја искажаа потполната спремност за избегнување на инциденти помеѓу навивачките групи.Од МЗТ Скопје како организатор, истакнаа дека се во постојан контакт со МВР, но и дека ќе имаат дополнително свои 100 обезбедувачи на мечот. За да се избегнат контактите меѓу групите, едната страна од салата ќе биде за навивачи на МЗТ кои ќе влегуваат со сини влезници. Втората трибина со црвени влезници ќе биде ангажирана за навивачите на Работнички. За седиштата под кошевите се обезбедени бели влезници, а за партерот жолти. Вкупно ќе има 6.200 гледачи.„Заради промоција на кошарката не настапуваме во своите сали каде што сме навикнале, но затоа се трудиме се да помине во најдобар ред. Очекуваме дека атмосферата ќе биде загреана, но не може преку ноќ да се постигнат совршени услови на натпревар како во НБА“ изјави претседателот на Работнички Златко Тодоров.Тренерите Александар Петровиќ и Марјан Србиновски, како и играчите Јане Петровски и Тони Симиќ секој очекува победа за својата екипа, иако според нив овој меч не е решавачки бидејки пролетниот дел од првенството тукушто започна. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Габри повторно се повреди

Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри го повреди бутот и ќе мора повторно да отсуствува од теренот, соопшти денеска германскиот шампион.
Во саботата на натпреварот против Ајнтрахт, кој неговиот тим го загуби со 1:5, Гнабри во игра влезе од клупата за резерви во 66.минута, пет минути подцна го напушти теренот поради повреда.
Баерн објави дека Гнабри ја повредил тетивата на левиот бутен мускул и ќе ги пропушти „следните натпревари“.
Клубот не соопшти кога Гнабри ќе се врати, но тој може да ги пропушти преостанатите три натпревари до крајот на годината, два во Бундес лигата и пресметката на Олд Трафорд против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.
Германскиот фудбалер сезонава имаше проблеми со повреди, откако во септември на дуелот против Преусен Мунстер во Купот ја скрши раката и одигра само пет натпревари во Бундеслигата, вклучувајќи го и вчерашниот.
Спорт
Дардер го одбил повикот од Барселона

Серхи Дардер, со години беше лидер на Еспањол, а откако тимот испадна од Примера, тој одбил да се пресели во Барселона.
Дардер (29), откри дека во летниот преоден рок добил понуда од градскиот ривал на Еспањол, Барселона.
„Имав можност да потпишам со Барселона ова лето, тешко е да се одбие таков тим. Маночу часови поминав во размислување што да правам. Но, кога главата се олади, разумот не ми дозволи да прифатам, со оглед на тоа што бев во Еспањол. Ниту 1% од мене не можеше да го прифати тоа. Еспањол секогаш ќе биде клубот на мојот живот, не гледам друга опција“, рече Дардер.
Серхи Дардер, во летниот преоден рок сепак го напушти Еспањол. Интересно е што се реши кариерата да ја продолжи во Мајорка, и покрај тоа што за него се интересираа и Барселона и Атлетико Мадрид.
Мајорка за трансферот на Дардер издвои осум милиони евра.
Спорт
Нема договор меѓу Наполи и Осимен

Нема напредок во преговорите меѓу Виктор Осимено и Наполи околу новиот договор. Наполи не се откажува од намерата Ниегиецот и во иднина да го предводи нападот на тимот од стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Двете страни во претходниот период се сретнале 13 пати, но договор се уште нема.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис сака Осимен да потпише нов договор со тимот до 2027 година.
Во Наполи сметаат дека тоа би можело да се случи до крајот на годината, но како што сега стојат работите, речиси и да не постојат шанси Осимен да го парафира новиот договор до крајот на 2023 година.
Нигериецот бара минималната годишна плата од 10 милиони евра.
За Осимен се заинтересирани многу клубови, најмногу од Саудиска Арабија, но тој не сака да ја продолжи кариерата таму, што ги зголемува шансите во иднина да го гледаме во дресот на некој клуб од Европа.