Спорт
Диара од Реал премина во Монако

Махамаду Диара (29) играч за врска на Реал од Мадрид ги смени боите на клубот. Репрезентативецот на Мали во иднина ќе настапува за францускиот прволигаш Монако.Диара воопшто не беше по вкусот на Жозе Мурињо. Во есенската полусезона Диара ниту еднаш не беше во стартната постава, а само трипати влезе како замена во игра со вкупно одиграни 30 минути. Поради тоа Диара самиот најавуваше дека бара нов клуб.Реал и Монако се договорија околу обештетувањето, а Диара дополнително ќе се договара за своите примања.Диара е во Реал од 2006 година, а претходно играше за Витесе и ОФИ. За Мали има одиграно 60 мечеви и постигнато 5 голови. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крис Пол се врати во Лос Анџелес

Американскиот кошаркар Крис Пол се врати во Лос Анџелес Клиперс.
Како што објави Шамс Чаранија, Пол размислуваше помеѓу повеќе понуди, но на крајот ги избра Клиперс.
40-годишниот Пол така се врати во Лос Анџелес по осум години. о меѓувреме играше за Хјустон, Оклахома, Финикс, Голден Стејт и Сан Антонио. Пред Клиперс, тој играше и за Њу Орлеанс Пеликанс.
Се претпоставува дека ова ќе биде последната сезона во кариерата на дванаесеткратниот Ол-стар играч, а договорот што ќе го потпише ќе биде едногодишен, со вредност од 3,6 милиони долари.
Крис Пол е далеку од својот врв, но неговото присуство ќе им значи на Клиперс во нивната потрага по титулата и ќе му помогне на Џејмс Харден во должностите на организатор на играта.
Во својот прв престој во оваа франшиза, каде што играше од 2011 до 2027 година, тој беше исклучителен со 18,8 поени, 9,8 асистенции и 2,2 украдени топки по натпревар. Тој беше петкратен член на Ол-НБА тимот и Ол-стар играч.
Спорт
„Шумарите“ подготвени да го урнат клупскиот рекорд

Нотингем Форест не се шегува. Откако клубот продаде неколку важни фудбалери, ја започна кампања за купување, со цел да остане на врвот на Премиер лигата следната сезона и да се претстави во Европа на вистински начин.
Клубот е во завршни преговори за трансферот на ред Џејкоб Ремзи од Астон Вила.
Трансферот би можел да се реализира за сума од 58.000.000 евра, со Ремзи би станал најскапото засилување во историјата на клубот.
Според британските новинари, се очекува сите детали од трансферот да бидат финализирани во следните неколку дена, по што Ремзи ќе помине медицински прегледи и официјално ќе стане член на Форест.
Фото/Принтскрин
Спорт
Вардар го дозна противникот во 3.коло

Вардар го дозна името на противникот во третото квалификациско коло, во Конференциската лига. Доколку, во втората рунда, Вардар ја елиминира Лозана, во третото коло ќе се сретне со победникот од двомечот меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан).
Првиот меч од втората рунда, против Лозана,Вардар ќе го одигра в четврток во Скопје. Реваншот во Швајцарија на програмата е на 31 јули.
Во третата рунда, Вардар исто така би бил домаќин на првиот натпревар (7 август).
Фото/ ffm.mk