Спорт
Мајорка потопена дома од Спортинг
Во 21-то коло од шпанското фудбалско првенство, Спортинг хихон високо ја совлада домашната Мајорка со 4:0
По доброто издание на Мајорка во Мадрид и минималниот пораз во минатото коло, домашните фудбалери ниту во еден момент од мечот не успеаја да му парираат на супериорниот противник. Инаку ова е трета победа во серија за Спортинг од Хихон којашто полека го оддалечува од зоната на испаѓање од лигата. Спортинг моментално е на 12-та позиција со 22 бодови, додека едно место пред него е Мајорка со 27 бодови и со сигурна бодовна разлика пред загорезената група клубови во Ла Лига којашто ја предводи токму нејзиниот денешен противник. Головите за Спортинг ги постигнаа Диего Кастро уште во 3. минута, а потоа водстовто на гостите го зголемуваа Кевин Гарсиа со автогол во 61. минута, а пота и Андре Кастро во 68. и Ново во 88. минута.Третата последователна победа ја забележа и Сарагоса, исто така на гости. Овојпат совладана беше последната Малага која преку Дуда поведе ово 16. минута. Гостите кои со оваа победа сега се на 14-то место направија целосен пресврт со головите на Бертоло во 40. и Синама-Паљоло во 88. минута. Леванте со головите на Валдо во 48. и на Саиседо во 55. минута го совлада Хетафе со 2:0. Досегашниот фенерџија Леванте сега е на 18. позиција со исто толку бодови, на место кое исто така води надвор од Примера, додека Хетафе е на 10-то место со 27 бодови. Вечерва во шпанското првенство со голем интерес се очекува гостувањето на лидерот Барселона кај 13-от Херкулес, кој во првиот дел од сезоната и го нанесе единствениот пораз и тоа на „Камп Ноу“ со 2:0. Во сабота вечер се среќаваат и Депортиво Ла Коруња – Севиља.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Поранешен соиграч на Јокиќ ќе потпише за Панатинаикос
Панатинаикос не игра добро на почетокот на сеозната во Евролигата. Зелените се на скор од пет победи и четири порази. Покрај тоа тимот остана без класичен центар, Лесор се уште е на рехабилитација, а во меѓувреме се повредија Хомс и Јурцевен.
Дека не може да игра без класичен центар, Ергин Атаман најдобро виде во средата, кога Панатинаикос доживеа тежок пораз во Белград од Црвена звезда (86:68).
Сопственикот на тимот Димитрис Јанакопулос најде решение за центарската позиција во Тајван, поточно во ликот на НБА ветеранот Кенет Фарид, поранешен соиграч на Никола Јокиќ во Денвер четири сезони.
Фарид помина седум сезони таму, а ги бранеше и боите на Бруклин и Хјустон, додека европско искуство стекна во ЦСКА Москва во 2021 година и во Реџо Емилија минатата сезона.
Популарниот „Менимал“, кој за една недела ќе наполи 36 години, целата своја кариера ја играл на позицијата крилен центар, но Фарид, висок 203 см, ќе може да ги покрива центарските позиции во Европа, единственото прашање е дали ќе може да го стори тоа во елитното континентално натпреварување.
Фарид играше во НБА (478 лигашки натпревари и 18 плејоф натпревари) од 2011 година, кога беше избран како 22-ри пик на драфтот, до 2019 година и неговото прво патување во Кина, а играше и во Мексико и Порторико. Тој беше дел од репрезентацијата на САД која го освои Светското првенство во Шпанија во 2014 година.
Спорт
Тата Мартино се врати во Атланта
МЛС тимот Атланта го ангажираше повторно Херардо „Тата“ Мартино за тренер, а договорот е потпишан до 2027 година, објави клубот.
Мартино се враќа во клубот што го водеше до титулата шампион на МЛС во 2018 година и беше прогласен за тренер на годината.
„Овој момент не е враќање во минатото, туку можност да се изгради нова основа и да се продолжи да се развива во согласност со барањата на редовната борба за врвот на МЛС“, рече сопственикот на клубот Артур М. Бланк.
Мартино го напушти Интер Мајами пред речиси една година од лични причини, по една сезона во клубот. Во текот на својата кариера, тој освои 11 трофеи на клупско и репрезентативно ниво во Северна и Јужна Америка, како и во Европа.
Интер Мајами го ангажираше во јули 2023 година, во моментот кога Лионел Меси го имаше своето деби за клубот. Мартино претходно го тренираше Меси во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина.
Под негово водство, Интер Мајами оствари учинок од 26 победи, девет нерешени резултати и 12 порази во МЛС лигата.
Спорт
Во Турција приведени 17 судии и претседател на фудбалски клуб
Откако минатата недела беше откриено дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во обложување на фудбалски натпревари, обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 судии и неименуван претседател на клуб од премиер лигата.
Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од првата лига за местење резултати. Досега, 18 од 21 осомничени се приведени, објави новинската агенција Анадолу.
Истрагата на Турската фудбалска асоцијација откри дека 371 од 571 активни судии во турските професионални лиги имаат сметки за обложување, а дека 152 активно учествуваат во обложување.
Претседателот на Турската фудбалска асоцијација, Ибрахим Хачиосманоглу, го нарече ова морална криза во турскиот фудбал. Исто така, по откривањето на аферата, Турската фудбалска асоцијација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивните помошници.
Foto/ EPA

