Спорт
Клементе со почит, Јонуз малодушен
По повод утрешниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Камерун, селекторите и капитените на репрезентациите одржаа прес – конференција во хотелот Александар Палас.„И за Камерун и за Македонија ова е битен натпревар без оглед што се работи за пријателски меч. Кон мечот пристапуваме со полна сериозност, затоа што за нас, со исклучок на неколку играчи, останатите не ги познаваме, за соодветно да ја поставиме играта“, изјави Хавиер Клементе, селектор на Камерун.„Немавме време за подготовки за овој дуел, но утрешниот меч е дел од подготовките за официјалните натпревари кои нè очекуваат наредниот месец. Инаку да ви кажам дека овде се чувствувам многу убаво“, рече Семјуел Ето, капитен на камерунската репрезентација.„Камерун е репрезентација која што настапи на СП во Јужна Африка во група со Јапонија, Данска и Холандија. Претрпеа несреќни порази, но тоа една од најдобрите африкански и европски (???) репрезентации. За Камерун играат интернационалци кои настапуваат во Англија, Италија, Германија, Шпанија, Русија и Унгарија. За разлика, нашите репрезентативци, освен неколку, играат во послаби лиги, како кипарската, српската. Ќе имаме можност да се обидеме да се спротивставиме на силен тим и да се обидеме да го сопреме најдобриот шпиц играч во Европа и светот, Ето“, рече Мирсад Јонуз, селектор на Македонија.Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев изјави дека мечот со Kамерун е голем предизвик и дека очекува позитивен резултат на крајот. /крај/хина/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

