Спорт
Абрамович нуди 50 милиони фунти за Фабрегас?
Сопственикот на Челзи се подготвува да влезе во борба со Барселона за купување на 23-годишниот играч за врска на Арсенал, Сеск Фабрегас
Шпанскиот репрезентативец повеќепати се поврзува со враќањето во неговата родна Каталонија и клубот во кој почна во младинските школи – Барселона, но прашање е дали сумата од 50 милиони фунти ќе го промени неговиот став и ставот на управата на „топџиите“.Ова е сумата што во моментот Челзи, односно неговито сосптвени рускиот милијардер Роман Абрамович е подготвен да ја даде за Сеск Фабрегас.Неодамна Абрамович плати вкупно 85 милиони евра за купување на центарфорот на Ливерпул Фернандо Торес и напаѓачот на Бенфика Давид Луиз.Како што пишуваше минатиот петок британски The Sun, на крајот од сезоната Челзи ќе го напуштат дури пет врвни фудбалери предводени од најдобриот минатогодишен стрелец, Дидие Дрогба. Според весникот, во клубот од „Стемфорд бирџ“ решиле да ги ослободат од обврските сите играчи кои не задоволија оваа сезона а имаат многу големи плати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

