Спорт
Кармело Ентони во шутерска форма

Во Пепси центарот во Денвер Кармело Ентони уште еднаш покажа дека е во шутерска форма. Овојпат кошаркарите на Далас немаа одговор за неговата игра, па Денвер славеше само со половина кош разлика (121:120).Денвер одигра подобро на почетокот и во финишот на мечот, а Далас беше солиден во средишницата. Ентони постигна 42 поена при што направи 7 скокови, а Чонси Билапс беше веднаш до него со 30 поени, 5 скокови и 9 асистенции. Во тимот на Далас Џејсон Тери постигна 25 поени, а Тајсон Чендлер 20 поени и 11 скокови.Бостон во својата ТиДи Гарден беше поразен од Лос Анџелес Лејкерс со 86:92. Во домашниот тим Реј Ален беше најефикасен (20 п.) а дабл-дабл постигнаа Ражон Рондо (12 п. 10 ас.) и Кевин Гарнет (10 п. 11 ск.). Коби Брајант беше прва виолина на Лејкерси (23 п. 5 ск. 4 ас.). И во победничкиот тим два играчи постигнаа дабл-дабл, По Гасол (20 п. 10 ск.) и Ламар Одом (10 п. 12 ск.).Тексашаните не беа добри домаќини на Голден Стејт. Во ЈуЕс Еирвејс арената Феникс го победи Голден Стејт со 112:88, ја постигна својата втора едноподруго победа и што е побитно дојде на учинок од 50 проценти (25-25). Стив Неш повторно беше алфа и омега на сонцата. Постигна 18 поени, но како и секогаш беше расположен за асистенции (11). Ченинг Фрај го следеше со 17 поени и 9 скокови. Кај Војниците по 16 поени постигнаа Реџи Вилијамс и Екпе Удох./крај/Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челзи донесе уште еден Бразилец

Бразилскиот фудбалер Естевао Вилијан официјално стана нов член на Челзи, објави англискиот клуб.
Во јуни 2024 година, Челзи постигна договор со Палмеирас за Естевао да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ откако ќе наполни 18 години.
„Многу сум среќен и задоволен што го претставувам Челзи, еден од најголемите клубови во светот. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Чекав речиси година и пол за да дојдам тука, работев напорно и се трудев најдобро што можам да бидам во најдобра можна форма“, рече Естевао.
Последниот натпревар на Естевао за Палмеирас беше против Челзи во четвртфиналето на Светското клупско првенство, кога постигна гол во поразот од 2:1.
Бразилскиот фудбалер дебитираше за сениорската репрезентација во септември минатата година, за која одигра пет натпревари.
На 17 август, Челзи ќе игра против Кристал Палас во првото коло од Премиер лигата.
Спорт
Астон Вила се засили со напаѓач на Ница

Астон Вила одлучи да доведе нов напаѓач, изборот на клубот е Еван Гесан.
Напаѓачот на Ница, кој има 24 години, е роден во Франција, по потекло од Брегот на Слоновата Коска.
Одиграл 109 натпревари за Ница, постигнал 21 гол и забележал 15 асистенции, но тоа не ги покажува сите негови вредности, бидејќи може да игра на сите позиции во нападот.
Вакво засилување му беше многу потребно на Унаи Емери, бидејќи Астон Вила не ги откупи договорите на Маркус Рашфорд и Марко Асенсио.
На Астон Вила очајно ѝ е потребна силна напаѓачка ротација, под услов Оли Воткинс даостане. Воткинс, според англиските медиуми е цел на Манчестер јунајтед и Њукасл. Неговата иднина зависи од одлуката на Бенјамин Шешко, за чии услуги исто така интерес покажуваат споменатите клубови.
Фото/ Принскрин
Спорт
(Видео) Карабаг ја победи Шкендија, ВАР пенал им пресуди на македонските шампиони

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Фудбалерите на Шкендија, прв пат се порзени сезонава во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Вечерва во Скопје, Шкендија загуби од Карабаг 0:1.
Клучниот момент се случи во 16.минута, кога по несмасниот старт на Вебстер врз Андраде, ВАР ја смени одлуката на главниот судија и гостите од Азербејџан добија пенал.
Најстрогата казна ја реализира Бајрамов.
Во првиот дел Карабаг имаше уште две добри шанси, а по голот на Карабаг два пати се закани капитенот на Шкендија, Ибраими.
Во второто полувреме во главните улоги беа голманите Геје и Кохалски, кои не дозволија публиката да види барем уште еден гол. Најдобрите шанси ги имаа Ибраими во 87.минута, од чиста позиција лошо биеше и Кохалски лесно го одбрани неговиот удар, а две минути подоцна Геје брилијантно го одбрани ударот на Зубир.
Реваншот на програмата е за седум дена во Баку. Победникот во плеј-офот ќе игра против Лудогорец или Ференцварош.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6uzljk”,”div”:”rumble_v6uzljk”});