Спорт
Стојаковиќ конечно „прораборти“

По неколкумесечна пауза и првични бледи игри во дресот на Далас, Предраг Стојаковиќ конечно заигра во препознатливата форма. Во Тојота Центарот во Хјустон Пеџа со 22 поени придонесе кон победата на Далас над Хјустон со 106:102. И Дирк Новицки постигна 22 поени, кон кои придодаде и 6 скокови. Во тимот на Хјустон Кајл Лоури имаше ефект од 26 поени и 8 асистенции.Во останатите средби беа постигнати следните резултати:Њу Џерси – Њујорк 95:105 (Девин Херис 22 п. / Вилсон Чендлер 21 п. 8 ск.).Атланта – Шарлот 86:88 (Џош Смит 28 п. 6 ск. Ал Хорфорд 16 п. 10 ск. / Стифен Џексон 32 п. Џералд Волис 16 п. 13 ск. 7 ас.)Минесота – Филаделфија 87:107 (Кевин Лав 16 п., 13 ск. / Тадеуш Јангт 18 п.).Вашингтон – Сан Антонио 94:118 (Андре Блач 16 п. 9 ск. / Тони Паркер 18 п. 8 ас.).Њу Орлеанс – Чикаго 88:97 (Маркус Торнторн 24 п. 6 ск. / Дерик Роуз 23 п. 6 ас.).Милвоки – Индијана 97:103 (Карлос Делфино 21 п. 5 ас. / Дени Грејнџер 30 п.).Сакраменто – Оклахома 97:99 (Тајрек Еванс 30 п. 9 ск. / Кевин Дурант 35 п. 6 ск.).Крај/ Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крај на сезоната за Митев

Фото/ facebook.com/rfmofficial
Средниот бек на Алкалоид и македонската репрезентација, Марко Митев, ја заврши сезоната.
Митев, се повреди во неделата, на натпреварот Словенија-Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Средниот бек се повреди на почетокот на 19.минута. Во тој момент беше јасно дека повредата не е наивна.
Прегледите покажале дека ги повредил лигамнетите во коленото, поради што за него оваа сезона е завршена.
Не е познато колкава пауза го очекува Митев.
Прашање е што ќе се счучи и со неговиот евентуален трансфер. По Мундијалот, во јануари, интерес за Митев покажаа неколку германски екипи, кои биле подготвени и да платат обесштетување за да го откупат неговиот договор од Алкалоид.
Спорт
Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе го напушти Милано по завршувањето на сезоната. Димитирјевиќ, минатото лето како големо засилување пристигна во Олимпија.
Димитријевиќ, минатата сезона, блескаше во дресот на УНИКС Казан, беше прогласен за МВП на руската лига.
За неговиот потпис се бореа неколку клубови од Евролигата, тој реши да потпише за тимот на тренерот Еторе Месина.
Нема баш најдобра сезона во Евролигата има просек од 7,9 поени, додека во првенството одигра 13 натпревари со просек од 8,5 поени.
Новинарот Андреа Калцони тврди дека Димитријевиќ би можел да го напушти Милано, бидејќи клубот сака да го ангажира кошаркарот на Тренто, Квин Елис.
Спорт
Црвена звезда потврди дека ќе одигра хуманитарен натпревар со Вардар

Генералниуот директор на фудбалскиот клуб Црвена звезда, Звездан Терзиќ, го потврди она што вчера го најави Дарко Панчев. Црвена звезда и Вардар на 16.април во Скопје ќе одиграа хуманитарен натпревар. Целиот приход од натпреварот ќе им биде дониран на семејствата на настраданите во трагедијата во нелегалната дискотека во Кошани.
„Сите во Црвената звезда беа длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш контактиравме со нашите легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош, стапивме во контакт со раководството на Вардар. Се согласивме да играме добротворен натпревар во Скопје на 16.април на овој натпревар. Приходот ќе биде проследен кон семејствата на настраданите во оваа голема трагедија во Кочани“, рече Терзиќ.
„Тоа е најмалку што може да направи Црвена звезда за својата братска Македонија во ова тешко време“, додаде тој.
„Изразуваме искрено сочувство до сите семејства на жртвите, како и до сите граѓани на Македонија, со надеж дека овој гест ќе покаже колку нè погоди оваа трагедија и дека сме обединети во тагата со семејствата на жртвите“, заклучи Терзиќ.