Спорт
Барса му гостува на Арсенал
Нови две осминафинални средби во Лигата на шампионите ќе бидат на програмата вечерва. Дербито на оваа фаза ќе е дуелот помеѓу Арсенал и Барселона, вечерва првиот натпревар овие ривали ќе го одиграат во Лондон. Пресметката во оваа рунда е веќе трето соочување на Арсенал и Барселона во последните пет години. Тренерите Арсен Венгер и Пеп Гвардиола имаат одредени проблеми околу составувањето на екипите. Кај Арсенал ќе недостигаат Вермален, голманот Фабијански и Росицки, додека со екипата ќе биде рековалесцентот Насри. Во редовите на барселона ќе изостане капитенот Пујол, на негово место ќе игра Милито. На вториот вечерашен дуел во Доњецк, Шахтјор ќе ја пречека Рома. Најголем проблем за домашниот тим ќе биде тоа што веќе подолго време не се во натпреварувачки ритам, поради зимската пауза во украинското првенство. Со исклучок на Кучера Шахтјор е комплетен за овој меч. Рома која во Серија А има низа од три порази во натпреварите во шампионската лига ја гледа шансата за спас на сезоната. Најавите од Италија се дека со евентуален неуспех, тренерот на екипата, Клаудио Раниери би можел да добие отказ. Дуелите Арсенал-Барселона и Шахтјор-Рома започнуваат во 20:45 часот. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

