Спорт
Лига Европа: Убедливи победи на Динамо Киев и Баер Леверкузен

Одиграни се осум натпревари од шеснаесеттина финалето во Лига Европа. По првите натпревари во оваа фаза екипите на Твенте, Ајакс, Баер Леверкузен и Динамо Киев со голема веројатност веќе обезбедија пласман во следната рунда. Твенте на минус 15 степени Целзиусови во Москва со 2:0 го победи Рубин Казан. Фармацевтите од Леверкузен со 4:0 во Харков го совладаа Металург, Динамо Киев во Истанбул го нокаутира Бешикташ победувајќи со 4:1, додека во Брисел Андерлехт загуби од Ајакс со 1:3. Предноста на домашниот терен во првиот натпревар ја искористија Лех, победа од 1:0 над Брага и Бенфика која со 2:1 го совлада Штутгарт. Без победник завршија дуелите БАТЕ Борисов-ПСЖ 2:2 и Наполи-Виљареал 0:0 крај/uefa/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трет пат во низа, 13.пат во клупската историја МЗТ го освои Купот на Македонија

Кошаркарите на МЗТ Скопје го освоија Купот на Македонија 13. пат во својата историја. Во финалето МЗТ го декласира Кожув со 86:61.
Финалето имаше доза на неизвесност само на почетокот на натпреварот. Серијата од 12:3 му ја донесе на МЗТ првата серизна предност (18:10) и од тој момент започна доминацијата на МЗТ.
На стартот од втората четвртина, МЗТ стигна и до двоцифрена предност, а на пауза замина со предност од 15 поени (42:27).
Во вториот дел МЗТ рутински ја одработи својата работа.
Бојан Крстевски со 16 поени беше најефикасен во победничкиот тим, двоцифрени беа Андреј Маслинко со 15 поени и Војдан Стојановски со 12 поени. Андрија Стевановиќ со 20 поени го предводеше Кожув.
Спорт
(Видео) Тријат раце во Интер, Наполи во 87.минута испушти победа кај Лацио

Во првото дерби од 25. коло во Серија А, Лацио и Наполи одиграа нерешено 2:2 во Рим.
Резултат кој несомнено најмногу го радува Интер, затоа што „нероаѕурите“ можат да го заземат првото место во поредокот со победа во недела. Но, она што ги прави шампионите многу посреќни е забележителниот пад на формата на Наполи, кој нема победа на последните три натпревари во Серија А.
Наполи има за што да жали со оглед на тоа што имаше водство до 87. минута на тешкото гостување. Булаје Диа, кој влезе во игра во 74. минута, постигна гол за 2:2 и им одзеде два бода на наполитанцие.
Лацио поведе со голот на Исаксон во шестата минута. Но гостите дојдоа до пресврт.
Само седум минути по примениот гол, Распадори израмни. А комплетен пресврт дојде во 64. минута по автоголот на Адам Марушиќ. Сепак, Наполи до самиот крај не успеа да одржи водството и сега ќе мора да навива Интер да не го победи Јувентус во Дерби д’Италија во Торино.
Спорт
Баерн преживеа во Леверкузен

Баер Леверкузен и Баерн одиграа нерешено без голови (0:0) во дербито од 22. коло на Бундес лигата.
Двете најдобри екипи во Германија ги поделија бодовите, во натпревар во кој „фармацевтите“ доминираа, но не успеаја да постигнат гол.
Виртц прв му се закани на Нојер, Фримпонг и Тела ја погодија гредата, а Тела вп неколку наврати беше блиску до гол.
Во 66. минута дефанзивецот на Баерн Ито од гол линијата интервенираше и спречи водство на Баер.
Колку беа безопасни Баварците говори и тоа што тие првпат шутираа кон голот на Храдецки во 81. минута, кога Горецка имаше слаб обид.
Компани очигледно дојде во Леверкузен за бод, кој го доби, одржувајќи ја предноста од осум бода во поредокот.
Бундес лига, 22 коло:
Штутгарт – Волфсбург 1:2 (0:0)
/Волтмејд 72 – Томас 77, Амура 87/
Унион Берлин – Борусија М. 1:2 (0:2)
/Илиќ 63п – Улрих 10, Клајндиенст 26/
Бохум – Борусија Д. 2:0 (2:0)
/Масурас 33, 35/
Сент Паули – Фрајбург 0:1 (0:0)
/Треу 89 аг/