Контакт

Спорт

Милан со важни бодови од Верона

Објавено пред

Лидерот во Серија А оствари значајна победа на гости кај Киево во 26-то коло, додека Јувентус ги изгуби и бодовите и Буфон кај загрозеното Лече

dobivaj vesti na viber

Милан поведе преку Робињо во 25. минута, а за домашните изедначи Фернандес во 61. минута, додека победата на „росонерите“ има ја обезбеди Пато по одличниот продор што го круниса со погодок во 83 миинута Милан останува на врвот од табелата со 55 бодови, пет повеќе од во моментов второпласираниот градски ривал и се’ уште актуелен шампион Интер и шест од Наполи кој има меч помалку. Претходно во првиот меч од 26-то коло, Јувентус доживеа уште една бламажа, овојпат кај Лече кој до ова коло беше во зоната за испаѓање од лигата.  Клучниот момент на мечот се случи во 12. минута кога голманот на гостите Џанлуиџи Буфон доби директен црвен картон бидејќи со раце надвор од шеснаесетте метри го спречи шутот на Давиде Ди Мекеле кој се најде сам пред него. Со играч повеќе и имајќи ја за противник екипата со многу променливата форма што сезонава ја демонстрираат фудбалерите на Јувентус, Лече успеа да дојде до за него животно важните бодови против противник од кој бодовите обично не се вкалкулирани пред почетокот на првенството. Прво во 32. минута алжирскиот интернационалец Џамел Месбах во 32. минута избегнувајќи ја офсајд замката го доведе Лече во водство, а победата за домашните ја потврди во 48. минута Андреа Бертолачи.Силите на теренот беа изедначени од 69. минута кога заради два жолти картона беше исклучен Џузепе Вивеса, што не му помогна многу на Јувентус. По две победи во серија, една против шампионот Интер, „старата дама“ доживеа неуспех иако важеше за апсолутен фаворит во овој меч. Јуве сега останува на 41 бод и на шестото место седум бодови помалку од местото кое води во Лигата за демократија. Лече, пак, се искачи на 16-то место со 27 бодови, со четири бодови повеќе од местото кое води надвор од Серија А.Еден од најинтересните натпревари во саботата беше одигран на стадионот „Мараси“ во Џенова каде со сензационален пресврт домашната екипа од негатива против Рома од 0:3 дојде до победа од 4:3. „Римската волчица“ дојде до големата предност со головите на Мексес во 6., Бурдисо во 16. и Тоти во 51. минута. Но веднаш по примањето на третиот гол Џенова успеа прво во 52. минута да го намали гостинското водство преку Паласио, а потоа тој уште еднаш погоди во 74. минута, а Палоши со головите во 68. и 86. минута го заокружи пресвртот. Рома останува со 39 бодови на 8-то место, а Џенова е искачи на 10-то место со 35 бодови. Парма и Чезена одиграа 2:2, во меч во кој гостите двапати водеа. Головите за домашните ги постигнаа Хернан Креспо во 64. минута од пенал и Паладино во 89. минута, додека гостите поведуваа преку Росини во 31 и Самарко во 79. минута.Во сабота без голови завршија мечевите Фиорентина – Сампдорија и Удинеза – Бреша.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Скимо“ дебитираше на ЗОИ

Објавено пред

За прв пат во историјата, на Зимските олимписки игри се доделуваа медали во скијашко планинарење, сè попознато по кратенката „скимо“.

dobivaj vesti na viber

Први во новата дисциплина настапија жените, а златото го освои Швајцарката Маријан Фатон. Актуелната светска шампионка патеката ја мина за 2:59.77.

Среброто и припадна на Франција благодарение на Емили Хароп, вицешампионката на светот (+2,38 секунди заостанување), а бронзата ја освои Шпанката Ана Алонсо Родригез, која е актуелна европска шампионка (+10,45 секунди заостанување).

Во машка конкуренција светскиот шампион освои злато. Тоа е Шпанецот Ориол Кардона Кољ. Тој патеката ја мина за 2:34.03.

Русинот Никита Филипов беше одличен во вториот дел од патеката, по скалите. Момчето од Камчатка на тој начин го освои сребрениот медал (+1,52 секунди заостанување).

Иако во поголемиот дел од трката водеа Швајцарците Арно Леита и Џон Кислер, тие не освоија медал. Бронзата ја освои Тибо Анселме, Французинот кој лани беше сребрен на Светското првенство (+2,31 секунди заостанување).

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

И Куртоа му се придружи на Ѓоковиќ во проектот Ле Ман

Објавено пред

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа стана малцински сопственик на француски Ле Ман.

dobivaj vesti na viber

Како што беше најавено, Куртоа стана еден од акционерите на францускиот тим, откако минатата година Новак Ѓоковиќ им се приклучи на поранешните Ф1 возачи, Фелипе Маса и Кевин Магнусен како нов малцински сопственик на овој француски тим.

Куртоа ѝ се обрати на јавноста во четвртокот и откри дека им се придружил на други познати личности како дел од инвестициската група „NXTPLAY“, која е фокусирана на развој и раст како дел од проекти за втор мандат.

Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил го сподели и искуството од приклучувањето на голманот во францускиот тим.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Прв спискот на Берокал како селектор на Македонија

Објавено пред

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европоското првенство во 2029.

dobivaj vesti na viber

За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје на 27 февруари) и Азербејџан (во Баку на 2 март), новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на 16 кошаркари.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот официјален собир-тренинг е закажан за 23 февруари (понеделник), со почеток во 10. часот, во салата „Градски парк“ (ќе биде од затворен карактер).

На списокот ги нема играчите од Евролигата, Ненад Димитирјевиќ и Ти Џеј Шортс.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ 2026

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Теодор Симиќ – Кожув
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Амар Хот – Маџари 2023
Адем Мекиќ – Бора, Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Јакимовски – Тренто, Италија
Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија

Извор и Фото/ mkd.basketball

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение...

Македонија4 часа

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената...

Македонија6 часа

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија9 часа

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија9 часа

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија11 часа

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија11 часа

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа12 часа

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион12 часа

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет12 часа

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет13 часа

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија14 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет14 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија1 ден

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија1 ден

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија1 ден

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија1 ден

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија1 ден

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија1 ден

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија1 ден

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...