Спорт
Лион и Реал Мадрид ремизираа

NULL
Екипите на Реал Мадрид и Лион вечерва одиграа нерешено 1:1, во рамки на осмина финалето од Лигата на шампионите.Поведе Реал со голот на поранешниот фудбалер на Лион, Карим Бензема во 65. минута, кој постигнувањето на голот не го прослави во знак на почит кон својот поранешен клуб.Изедначи Гомис во 83 минута шутирајќи неодбранливо од непосредна близина кон голот на Касиљас, по асистенција на Крис.Екипата на Лион до крајот на мечот вршеше притисок да дојде и до водство, но нападите не вродија со плод.На почетокот на второто полувреме Реал пропушти две добри шанси, најпрво Кристијано Роналдо ја погоди стативата од слободен удар, а веднаш потоа и Серхио Рамос со удар со глава ја погоди пречката. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ундав е решението за неефикасноста на германската репрезентација?

Денис Ундав играч на Брајтон, на позајмица во Штутгарт, ќе добие повик во репрезентацијата на Германија. Селекторот Јулијан Нагелсман е убеден дека со него ќе ја реши неефикасноста на националниот тим. Германија има само една класична деветка, тоа е играчот на Борусија Дортмунд, Никлас Филкруг.
Ундав, оваа сезона игра брилијантно, како и целиот тим на Штутгарт. Постигна девет гола на 12 натпревари.на крајот од сезоната „швабите“ ќе можат да го откупат од Брајтон за 12 милиони евра.
Ундав е роден во Ахин, Долна Саксонија. Неговите претци се од Турција, но се етнички Курди.
27. годишникот во малдинските категории не настапувал за ниту една репрезентација. Решил да го прифати повикот на Јулијан Нагелсман.
Спорт
Македонија У-19 доби противниците за пласман на ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години дозна со кои селекции ќе се соочи во елитните квалификации за пласман на ЕП во 2024 година.
Македонија во групата 7 ќе игра против Швајцарија, Украина и Летонија.
Само победниците на групите и домаќинот Северна Ирска ќе настапат на завршниот турнир.
Натпреварите во групата 7 ќе се играат од 18. до 26.март наредната година. Македонија од УЕФА ја доби организацијата на натпреварите во групата. ФФМ дополнително ќе реши дали тие ќе се играат во Скопје или во Струмица.
Спорт
Де Брујне на списокот на Сити за Светското клупско првенство

Белгискиот фудбалер Кевин де Брујне наскоро би можел да се врати на терените. Тој се најоѓа на списокот на играчи на Манчестер сити за претстојното Светско клупско првенство во Саудиска Арабија.
ФИФА денеска ги објави составите од 23 играчи за турнирот кој започнува на 12 декември, а името на Де Брујне привлече особено внимание бидејќи се очекуваше тој да се врати на терените во јануари, а не во декември.
32-годишниот белгиски фудбалер нема играно откако беше опериран во август. Тој се повреди во финалето на Лигата на шампионите против Интер на почетокот на јуни и се опорави за време на првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата против Барнли на 11 август.
Неодамна изјави дека закрепнувањето му оди добро, но дека не очекува да се врати пред крајот на годината.
Манчестер сити, кој ја претставува Европа како победник во Лигата на шампионите, натпреварувањето на Светското клупско првенство го започнува од полуфиналето. Противник на Сити во полуфиналето, на 19 декември, ќе биде или мексиканскиот клуб Леон или Урава од Јапонија.