Спорт
Ферер против Алмагро во финалето во Акапулко

NULL
На АТП тенискиот турнир во Акапулко со награден фонд од 1,2 милиони долари, ќе се игра шпанско финале. Првиот носител Давид Ферер во полуфиналето го победи Олександр Дологополов (6) од Украина со 5:7, 6:1, 6:1, а Николас Алмагро (3) беше поуспешен од Бразилецот Томас Белучи кого го оелиминира со 7:6 (4), 6:4.Во Акапулко на ВТА турнирот вреден 220.000 долари финалистки се Аранча Пара од Шпанија и Гизела Дулко од Аргентина. Пара (6) со 6:2, 6:0 ја победи во полуфиналето Јоана Ларсон од Шведска, а Дулко (4) речиси со идентичен резултат (6:2, 9:0) беше подобра од Анабел Медина Гаригес (Шпанија). Крај./хина/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) „Жолтата подморница“ потона за 11 минути

Foto/ EPA
Реал Сосиедад го декласира Виљареал на гостински терен во 16.коло, во Примера. Баските, кои сезонава изборија место во осминафиналето во Лигата на шампионите, за 11 минути ги решија сите дилеми околу конечниот победник.
Во 38. минута Микел Мерино погоди за 0:1, а три минути подоцна и Мартин Зубименди ја затресе мрежата на Виљареал.
Во четвртата минута од судиското надополнување во првото полувреме се беше решено кога Јапонецот Такефуса Кубо го постигна третиот гол за Реал Сосиедад.
Екипата од Баскија ја забележа осмата победа во сезоната, а Виљареал осми пат е поразен. Сосиедад е петти со 29 бода, а Виљареал се наоѓа на 13.место со 16 бода.
Спорт
(Видео) Мјуриел во 95.минута му пресуди на Милан

Атланта го победи Милан со 3:2, во денешното дерби, одиграно во рамките на 15.коло во Серија А. Дуел на стадионот во Бергамо го реши Луис Мјуриел, со спектакуларен гол во 95.минута.
Аталанта претходно двапати водеше против Милан. Првиот пат, кога Адемола Лукман го искористи додавањето на Копмајнерс во 38. минута и вториот кога повторно Лукман погоди по асистенцијата на Де Кетеларе.
Милан првиот пат изедначи преку Жиру во 45+3. минута, а вториот преку Јовиќ во 80.минута.
Во 92.минута капитенот на Милан, Давиде Калабрија беше исклучен поради вториот жолт картон. Предноста од фудбалер повеќе на теренот Аталанта ја искористи три минути подоцна кога по додавањето од Миранчук, искусниот Колумбиец, Луис Мјуриел со петица ја спроведе топката во голот на Милан.
Спорт
(Видео) Дортмунд со десетмина потклекна пред Лајпциг

Foto/ EPA
Со фантастичен натпревар заврши саботната програма кога е во прашање 14. коло од германската Бундес лига. Лајпциг, во Дортмунд ја победи Борусија со 3:2 (1:1).
По триумфот, трет во последните четири кола, Лајпциг е четврти со 29 бодови, додека Борусија е на петтата позиција со 25 бода.
Лајпциг знаше да ги искористи своите шанси, особено исклучувањето на Хумелст по само 15 минути игра. Несреќата за домашните да биде поголема се погрижи Бенсабиани кој во 32.минута си постигна автогол. Сепак пред крајот на првиот дел Зуле успеа да изедначи.
Баумгартнер на стартот од вториот дел му ја врати предноста на Лајпциг, а победата ја потврди Поулсен во 91.минута. Две минути подоцна Филкруг го постави конечниот резултат.