Спорт
Вон победи на спустот во Оре
NULL
Американката Линдзи Вон победи на спуст трката, која во рамки на натпреварите на натпреварите од Светскиот куп, се возеше во шведскиот Оре. Со оваа победа Вон ја намали предноста на Марија Риш во вкупниот поредок. Линдзи Вон до седмата сезонска и јубилејната 40-та победа во кариерата стигна со време од 1:40.93 секунди. Резултатот на Вон за 13 стотинки беше подобар од времето на второпласираната Тина Мазе, додека третопласираната Марија Риш задоцни 21 стотинка. Риш води во вкупниот поредок со 1416 бодови, 176 бода помалку има Вон на второто место. Спуст трката во Оре мина во знакот на тешкото паѓање на Швајцарката, Надија Камер, која е префрлена во блиската болница. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Анчелоти: Реал ќе игра во финалето на Лигата на шампионите
Ливерпул во средата на „Енфилд“ го победи Реал Мадрид со 2:0 во петтото коло од Лигата на шампионите. Алексис Мек Алистер ги доведе Англичаните во водство во 52. минута, а Коди Гакпо во 76. минута го постави конечниот резултат.
Реал можеше да се врати во игра во 61. минута, но пеналот на Килијан Мбапе го одбрани голманот на Ливепул, Келехер.
Пенал имаа и домашните, но ударот на Мохамед Салах заврши на левата статива од голот на Тибо Куртоа.
Реал Мадрид моментално е 24-та екипа во Лигата на шампионите и го држи последното место кое води во плеј-офот во нокаут фазата. Во следните три натпревари Реал гостува кај Аталанта, ќе го пречека Салцбург и ќе гостува кај Брест.
На тие натпревари избраниците на Карло Анчелоти ќе бидат под притисок да обезбедат пласман во следната фаза, но тренерот на Реал е сигурен дека неговиот тим ќе оди далеку во Лигата на шампионите.
Во изјава за „Ел Ларгуеро“, Италијанецот рече: „Најважно е што Реал ќе биде во финалето на Лигата на шампионите“.
Анчелоти е најуспешниот тренер во историјата на Лигата на шампионите со пет титули, две освои со Милан, три со Реал.
Спорт
Погба ќе замине во клуб „каде што нема да чувствува притисок“
Пол Погба, од првиот ден на 2025 година може да им се враи на тренинзите, а од март ќе може и да игра. Повеќе не е играч на Јувентус, а се шпекулира дека би можел да се пресели во Фулам.
Некогаш еден од најдобрите играчи за врска во светот, падна на допинг тестото во август минатата година, по натпреварот со Удинезе.
Фулам е заинтересиран за поранешниот француски репрезентативец. Клубот од Премиер лигата во Погба гледа играч кој би можел да придонесе, а на Французинот наводно би прифатл да се пресели на „Крејвен Котиџ“.
Според англиските медиуми, Погба би сакал да потпише за клуб „каде нема преголем притисок“.
Погба неодамна го раскина договорот со Јувентус и сега е слободен агент. Во кариерата настапуваше и за Манчестер јунајтед, а го поврзуваа и со преселба во Саудиска Арабија.
Спорт
Чупо-Мотинг се сели во САД, повторно без обсштетување
Камерунецот Ерик Максим Чупо-Мотинг (35) кариерата ќе ја продолжи во САД, пренесува „Скај Спорт“. Чупо-Мотинг, кој моментално е без клуб, ги минал лекарските прегледи во Њујорк Ред Булс во МЛС лигата.
Според овој извор напаѓаќот потпишал две годишен договор, а соработката официјално ќе започне на 1.јануари 2025 година.
Последен клуб на Чупо-Мотинг му беше Баерн, но германскиот фудбалски гигант по завршувањето на сезоната реши да не му понуди нов договор.
Чупо-Мотинг е посебен по тоа што за него никогаш не е платено обсштетување, а долга е листата на клубови за кои настапувал: ХСВ, Нирнберг, Мајнц, Шалке, Стоук сити, ПСЖ и Баерн. Јасно е дека како слободен игра се сели во САД.
За репрезентацијата на Камерун забележа 73 настапи и постигна 20 гола.