Спорт
Магичните ги симнаа Никси на земја

Во еуфоријата од победите со Кармело Ентони во тимот, Орландо Меџик ги симна Никси на земја, ги врати во реалноста. Во Амвеј Центарот во Орландо, домаќините победија со 116:110.
Во еуфоријата од победите со Кармело Ентони во тимот, Орландо Меџик ги симна Никси на земја, ги врати во реалноста. Во Амвеј Центарот во Орландо, домаќините победија со 116:110. Не беа доволни ниту фактот што Чонси Билапс и Амар Стадемаер постигнаа по 30 поени, а Кармело Ентони 25. Остатокот од тимот беше незабележителен со исклучок на Лендри Филдс кој забележа 11 скокови.Во тимот на Орландо во второто полувреме Џамар Нелсон постигна 23 поени од вкупно 26 на овој меч, а Двајт Хауард царуваше под кошевите со 30 поени и 16 скокови. Уште тројца играчи на Орландо имаа двоцифрен учинок па тоа го одлучи победникот.Останати резултати:Индијана – Голден Стејт 109:100 (Дени Грејнџер 27 п. 7 ск. / Реџи Вилијамс 25 п. Дејвид Ли 19 п. 11 ск.)Торонто – Њу Орлеанс 96:90 (Хозе Калдерон 22 п. 7 ск. 16 ас. / Дејвид Вест 19 п. 10 ск.)Филаделфија – Далас 93:101 (Џру Холидеј 14 п. 7 ск. 6 ас. / Џејсон Тери 30 п. Џејсон Кид 13 п. 10 ск. 13 ас. Дирк Новицки 22 п. 6 ск.)Мемфис – Сан Антонио 109:93 (Зек Рендолф 21 п. 10 ск. 5 ас. Дорел Артур 21 п. 8 ск. Тони Ален 20 п. / Гери Нил 14 п.)Милвоки – Детроит 92:90 (Брендон Џенингс 21 п. 5 ск. Карлос Делфино 16 п. 10 ск. / Родни Стаки 25 п. 7 ск. 5 ас.)Минесота – Л.А. Лејкерс 79:90 (Вес Џонсон 20 п. 8 ск. Кевин Лав 13 п. 11 ск. / Коби Брајант 24 п. По Гасол 12 п. 17 ск.)Портланд – Хјустон 87:103 (Николас Батум 22 п. Џералд Волис 14 п. 10 ск. / Кајл Лоури 21 п. 11 ас. Луис Скола 21 п. 6 ск.) крај/нба/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бензема спаси реми за Реал по „магијата“ на Суарез

Карим Бензема во 88. минута постигна гол за Реал Мадрид да извлече 1:1 реми на гости кај лутите градски ривали Атлетико Мадрид за да ја зголеми неизвесноста во борбата за титулата во Ла лига.
Одлуката на Барселона да го продаде Луис Суарез за „ситни пари“ на Атлетико Мадрид се покажува како најголемата грешка минатиот преоден рок, откако Уругваецот повторно беше кошмар за „кралевите“ кога во 15. минута од мечот доби одличната топка од Маркос Љоренте, но имаше уште подобра реакција, совладувајќи го Тибо Куртоа за водство на тимот на Диего Симеоне.
Сепак, „кралевите“ не се предадоа и во 88. минута, по одличното проигрување со Касемиро, спаси поен за тимот на Зинедин Зидан.
Атлетико има 59 поени на врвот на Ла лига, три пред од Барселона на второто место и четири пред Реал Мадрид, и тоа во ситуација кога имаат и натпревар помалку.
Esas dos veces que observa al arquero antes de recibir son medio gol. Cuando define ya había imaginado todo. Suárez es letal en el área.pic.twitter.com/G4oxNRJKzC
— Garcia Bassino (@garciabassino) March 7, 2021
Karin Benzema empatou para o Real Madrid no final do jogo
Atlético de Madrid 1×1 Real Madridpic.twitter.com/QhhbXERZ3o
— Torcedor Informado (@TorcedorInform1) March 7, 2021
Спорт
АБА2: Порази за МЗТ и Работнички во Сараево

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички доживеаја порази на АБА2 турнирот во Сараево во неделата, откако „металците“ не успеаја да изддржат против Младост Земун, додека Работнички беше декласиран од Широки Бријег.
МЗТ имаше предност од седум поени (37:30) на полувреме, за потоа да се доживее пад во играта и на крајот да загуби со 82:75. Олуџоби постигна 18 поени за МЗТ, додека Адем Мекиќ имаше 14 поени. Сега МЗТ е на делба на четвртото место во АБА2 лигата.
Работнички пак, полека ги губи шансите да влезе во плејофот на АБА2, откако Широки Бријег ги совлада со фантастични 106:77. Сега, на последниот турнир во Златибор на крајот на месецот, Работнички мора да избегне плејаут за останување во АБА2.
Спорт
Рубљов со четврта последователна АТП 500 титула, прв ВТА трофеј за Таусон

Русинот Андреј Рубљов стигна до својата осма титула во кариерата, и неверојатна четврта АТП 500 титула во низа, откако со 7:6(4)/6:4 го совлада Унгарецот Мартен Фучович во финалето на Ротердам опен.
Со ова продолжува фантастичната 2021 година за Рубљов, кој претходно победи на АТП Купот со своите сонародници и стигна до четврт-финалето на Австралија опен. 23-годишниот Рубљов е трет Русин кој освоил најмалку четири АТП 500 титули по Евгениј Кафелников (1999) и Михаил Јужни (2007).
2️⃣0️⃣ ATP 500 wins (& counting…) 🔥
🎥: @TennisTV | @abnamrowtt pic.twitter.com/cJSk9Z1sD3
— ATP Tour (@atptour) March 7, 2021
Во Лион пак, 18-годишната Данка Клара Таусон со 6:4/6:1 ја збриша Швајцарката Викторија Голубиќ за да ја освои својата прва ВТА титула во кареирата. Таусон е само 139. на ВТА листата и од понеделник првпат во кариерата ќе биде меѓу топ 100 тенисерките.
1️⃣8️⃣ years of age
0️⃣ sets dropped all week
🏆 First WTA title
💯 Breaks into the top 100A memorable day in Lyon for Clara Tauson 🇩🇰#Open6emeSensML pic.twitter.com/MNvBoBTtQD
— wta (@WTA) March 7, 2021
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“