Спорт
Платини бара пет судии на ЕП 2012

Претседателот на УЕФА, во желба крупните судиски грешки од СП 2010 во Јужна Африка да не се повторуваат, побара мечевите на ЕП во фудбал 2012 година во Полска и Украина да ги судат по петмина судии.
Претседателот на УЕФА, во желба крупните судиски грешки од СП 2010 во Јужна Африка да не се повторуваат, побара мечевите на ЕП во фудбал 2012 година во Полска и Украина да ги судат по петмина судии. „500 проценти сум задоволен од судењето на пет судии во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Сега бараме од меѓународниот судиски одбор да дозволи и на европското првенство да судат пет судии“, изјави Мишел Платини.ФИФА сè уште го тестира „проектот пет судии“, а прозваниот судиски одбор ќе се состане во петок во Велс за да го разгледа барањето. /крај/бета/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Ако се вакцинира Роналдо, навивачите ќе го следат неговиот пример“

Докторот на Клиниката за инфективни болести во Џенова, Матео Басети, рекол дека сите фудбалери во Серија А би требалод а се вакцинираат против коронавирусот. Во Серија А играат околу 600 фудбалери.
Басети смета дека масовната вакцинација меѓу фудбалерите, би го спречила ширењето на вирусот меѓу спортистите и во исто време на навивачите би им била испратена силна порака и тие да ја прифатат имунизацијата.
„Замислите да се вакцинира Крстијано Роналдо, знаете ли колку навивачи потоа би го следеле неговиот пример“, рекол докторот Басини.
Спорт
Хас го покажаа болидот за новата сезона

Екипата на Хас го претстави болидот со кој ќе се натпреварува оваа сезона во шампионатот на Формула 1. Болидот ја носи ознаката „WF-21“, а ќе го возат дебитантите Мик Шумахер и Никипа Мазепин.
Хас, од сите тимови, направи најмалку промени во однос на минатата сезона. Најзабележливо е дека тимот ги смени боите. На новиот болид доминираат белта, сината и црвената боја. Оваа промена е направена поради главниот спонзор, руската компанија „Уралкали“.
Ко-сопственик во оваа компанија е таткото на Никита Мазепин.
Минатата сезона, Хас, освои само три бода и во конкуренција на конструкторите заврши на претпоследното место, во генералниот пласман.
Новата сезона ќе започне во Бахреин на 28.март.
Спорт
Клоп: Клубот ги плаќа, нема да им дозволиме да играат за националните тимови
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема да им дозволи на фудбалерите да играат за своите репрезентации, доколку по враќањето во клубот ќе мора да минат десет дена во карантин. ФИФА, минатиот месец донесе одлука, која им овозможува на клубовите да им забранат на фудбалерите да играат за своите репрезентации, доколку по враќањето о клубовите мора одреден период да минат во карантин.
Велика Британија има „црвена листа“ на држави кои се сметаат за ризични. Владата донесе одлука за задолжителен карантин, за сите оние кои влегуваат во Велика Британија, а доаѓаат од државите кои се на „црвената листа“.
На таа листа се наоѓаат Португалија и сите држави во Јужна Америка, што значи дека Алисон Бекер, Роберто Фирмино, Фабињо и Диого Жота нема да добијат дозвола од клубот да го напуштат Ливерпул.
„Ситуацијата е таква што не можеме да ги усреќиме сите фудбалски сојузи. Не можеме да ги пуштиме фудбалерите, а кога тие ќе се вратат да мора да одат во карантин. Мораме да признаеме дека клубовите ги плаќаат играчите, тоа значи дека клубовите мора да имаат приоритет“, рекол Клоп.
Тренерот на Ливерпул, рекол дека клубот ќе има трпение и ќе чека до последен момент пред да ја донесе конечната одлука.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер