Контакт

Спорт

Мајами се засили со Биби

Објавено пред

Откако од екипата на Вашингтон Визардс го откупи својот договор, организаторот на играта Мајк Биби, ги одби понудите на Бостон и Портланд и потпиша договор со Мајами.

Откако од екипата на Вашингтон Визардс го откупи својот договор, организаторот на играта Мајк Биби, ги одби понудите на Бостон и Портланд и потпиша договор со Мајами. Искусниот организатор на играта за новиот клуб би можел да дебитира вечерва, кога во дербито на Флорида, Мајами ќе игра против Орландо. Мајк Биби има 32 години, во НБА лигата влезе како втор пик на драфтот во 1998 година, беше избран од страна на Ванкувер (сегашен Мемфис Гризлис). По три сезони минати во оваа екипа во 2001 година се пресели во Сакраменто Кингс каде остана до 2008, кога се пресели во Атланта. Во јануарскиот преоден рок Атланта го испрати во Вашингтон, каде Биби, пред да го откупи договорот одигра две средби. „Со доаѓањето на Биби нашиот брод го насочивме кон освојување на титулата. Тој има искуство, квалитет и знаење и ќе преставува големо засилување за нашиот тим“, рече претседателот на Мајами, Пет Рајли.  крај/nba.com/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Федерер бркањето рекорди им го остава на Новак и Рафа, тој е среќен само да игра

Објавено пред

Роџер Федерер вели дека пензионирањето воопшто не му паднало на памет за време на долгата пауза од една година од тенисот по повредата на коленото, и вели дека е подготвен за камбекот во Катар и дека „приказната уште не е завршена“.

„Имам чувство дека приказната не е завршена. Среќен сум што се вратив на турнирите повторно, бидејќи навистина помина долго време. Не помислував дека толку долго ќе трае“, вели Федерер

39-годишниот освојувач на 20 гренд слем турнири, мораше да оди на две операции на коленото, но вели дека е сигурен дека за време на Вимблдон ќе се врати „100 отсто“.

„Пензионирањето? Мислам дека тоа ќе биде тема на разговор ако коленото ме мачи со месеци. Можеби на есен ќе размислуваме. Сега, приказната не е готова. Нема дополнителна причина поради која одлучив да продолжам од тенисот освен таа што уживам во играњето. Сега сакам да играм против најдобрите и да се натпреварувам. Во моментов сигурно не сум во најдобра форма, но за Вимблдон ќе бидам 100 отсто подготвен. Тоа е вистинскиот старт на сезоната за мене“, вели Федерер.

Тој вели дека не е загрижен што првпат по пет години падна од топ 5 на АТП листата, ниту со тоа што Рафаел Надал се израмни со 20 гренд слем титули, а Новак Ѓоковиќ дојде на 18.

„Повеќе се грижам за мојата форма и здравјето отколку за рекордите. Во моментов таа трка по титули можеби име поважна на Рафа и Новак. За мене беше важно да се израмнам со Пит Сампрас и да го поминам. Секако, сите сакаат да ги заддржат рекордите, но тие се тука да ги рушат“, објаснува „Маестро“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ренџерс по пауза од 10 години стигнаа до 55-та титула, ги тролаа Селтик на денешниот меч

Објавено пред

Глазгов Ренџерс под водство на Стивен Џерард ја освоија титулата од Шкотската Премиер лига, нивна рекордна 55-та домашна титула, откако вечните ривали Селтик одиграа само 0:0 со Данди јунајтед, давајќи има на „кралско сините“ недостижна предност од 20 поени по 38 одиграни кола.

Во периодот од тие 10 години, Ренџерс еднаш банкротираше, но успеа да се врати на врвот на шкотскиот фудбал под водство на Џерард на клупата, додека Селтик одеа на рекордна 10-та титула во низа во сезона во која го сменија и долгогодишниот менаџер Нил Ленон. По банкротирањето Ренџерс беше пратен во третата дивизија и следните пет сезони не играше во елитата.

Овој успех на Џерард исто така ќе ги зголеми шпекулациите дека тој е природен наследник на Јирген Клоп на клупата на клубот каде што беше капитен, Ливерпул.

Фановите на Ренџерс уште вчера се собраа пред „Ајброкс“ за да ја прослават титулата, а и фудбалерите имаа фантастично славје во соблекувалната. За време на денешниот меч на Селтик, навивачите на Ренџерс платија авион да го надлета стадионот со порака: „Не гледате ли сега, број 55“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Влхова со драматична победа во Јасна, кристалниот глобус за Басино

Објавено пред

Словачката скијачка атракција Петра Влхова стигна до драматична победа на домашен снег во Јасна, победувајќи на велеслаломот пред новозеландската атракција Алис Робинсон и својата вечна ривалка, Американката Михаела Шифрин, која ја бркаше 70-тата победа во кариерата.

Ова беше прва победа на Влхова оваа сезона и 19-та во кариерата, но доаѓа во вистинско време – таа сега има 1.220 поени во генерален пласман, само 36 помалку од лидерката во генерален пласман, Лара Гут-Бехрами и со надеж дека на следните два слаломи во Оре ќе може да ја помине Швајцарката.

Сепак, најрадосна беше четвртопласираната на трката, Италијанката Марта Басино, која со овој пласман го обезбеди малиот кристален глобус во велеслалом, прв во нејзината кариера. Басино имаше четири велесласломски победи оваа сезона, за да собере вкупно 510 поени, со што второпласираната Французинка Теса Ворлеј не може да ја стигне (има 362 поени), со само последниот велеслалом од сезоната на финалето во Ленцерхајде.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Во Македонија 333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, 268 оздравени и 10 починати лица, соопшти...

Македонија41 минута

Пристигна првата пратка од руските вакцини во Македонија

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник В“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот...

Регион53 минути

Во Србија над 3.000 новозаболени и 20 починати

Според последните информации, во Србија биле регистрирани 3.042 новозаболени лица, а 20 лица починале. Во последните 24 часа биле тестирани...

Европа1 час

Скандал во Бундестагот: Пратеници оствариле профитирале со трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет2 часа

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија3 часа

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија3 часа

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија3 часа

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа3 часа

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Македонија6 часа

Земјотрес почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22 часот и 43 минути бил почувствуван од...

Свет6 часа

Папата пристигна во Мосул

Папата Франциско денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, кои беа уништени од терористичката...

Македонија7 часа

Денеска пристигнува првата пратка од руските вакцини

Денеска на Скопскиот аеродром треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од...

Свет7 часа

Откриен нов „застрашувачки“ сој: високозаразен и ја намалува ефикасноста на вакцините

Научниците во американската држава Орегон открија нов многу заразен вид на ковид, кој првпат се појави во Велика Британија. Сепак,...

Свет19 часа

Русија во разговори со СЗО за итна употреба на вакцината „спутник В“

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска разговараше со генералниот директор на СЗО за барањето на Русија за итно одобрување...

Македонија21 час

Мицкоски од инфективна: Ќе се спасите од мене само ако не се разбудам утре

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи од инфективната клиника, каде се лекува од коронавирус. Тој порача дека овој ден...

Топ23 часа

Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија....

Македонија24 часа

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на македонскиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување. „ Почитувани граѓани, почитувани...

Македонија1 ден

Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

Вакцинацијата со руската вакцина „спутник в“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцините ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорчев: Кенија, Руанда, Судан, Гамбија и Сенегал набавија вакцини, фијаско на Заев и Филипче

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, за фијаско со набавката на...

Топ1 ден

Во Тетово приведен наркодилер баран од германската полиција

Полицијата во Тетово приведе 30-годишен наркодилер по кого Интерпол Германија има распишано потерница. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници...

Досие