Контакт

Спорт

Мурињо нападнат со нож

Објавено пред

Непознат напаѓач се обидел да го прободе со нож фудбалски стратег на мадридски Реал, Жозе Мурињо.

dobivaj vesti na viber

Непознат напаѓач се обидел да го прободе со нож фудбалски стратег на мадридски Реал, Жозе  Мурињо. Португалскиот стратег на еден од најтрофејните фудбалски клубови, избегнал напад со нож за време на потпишувањето автограми на аеродромот во Ла Коруња, благодарение на службата за безбедност на Реал Мадрид, јавува BBC. Инцидентот се случил на 25-ти февруари, кога непознат маж се обидел да го прободе Жозе Мурињо, но локалната телевизија Cadena Ser, пренесува дека инцидентот се случил денеска. Според оваа информација, припадникот на клупската служба за безбедност на екипата во инцидентот се здобил со расеченица длабока четири сантиметри. Раководството на Реал Мадрид воведе зголемени безбедносни мерки во пресрет на натпреварот против Расинг кој ќе се ќе се одигра во недела (6-ти март) во Сантандер. /крај/ббц/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Де Зерби ги обвини судиите за поразот во Лисабон

Објавено пред

Олимпик Марсеј доѓивеа пораз на гостувањето кај Спортинг (2:1). „Лавовите од Лисабон“ славеа по пресврт во последните 15 минути, откако во финишот на првиот дел Марсеј остана со играч помалку на теренот.

dobivaj vesti na viber

Емерсон Палмиери симулираше пенал, кој првично им беше досуден на гостите, но по прегледувањето на ВАР видеото, тој беше поништен.

Бидејќи левиот бек веќе имаше жолт картон, тој доби втор и автоматски исклучување, а во тој момент Марсеј водеше со 1:0.

После тоа, Спортинг ја искористи предноста на теренот и направи пресврт.

Роберто де Зерби, тренерот на Марсеј, ги критикуваше судиите по поразот на неговиот тим.

„Според мене, ја плативме цената за грешките на судијата. Не ми се допадна начинот на кој судеше. Мислам дека судијата не беше на ниво за ваков натпревар. Дали беше премногу тешко да се издржиме? Не, мислам дека дури и со 10 играчи не страдавме толку многу. Немаше многу шанси за гол. Внесоа квалитетни и свежи играчи. Бев доста смирен, дури и со играч помалку. Сепак, тие ги искористија своите шанси.“

Прикажи повеќе...

Спорт

„Синер е навреда за знамето на Италија, одземете му ги сите почести“

Објавено пред

За неколку дена, Јаник Синер од херој на нацијата стана најкритикуваната личност во својата татковина, Италија.

dobivaj vesti na viber

По брилијантниот настап на неофицијалниот турнир „Шест кралеви“ во Ријад, каде во финалето го декласира Карлос Алкарас и заработи шест милиони долари, донесе одлука да на игра за Италија на завршниот турнир во Дејвис купот.

Значи, Италија без најдобриот играче ќе ја брани титулата на завршниот турнир во Болоња.

Вистина е, некои го бранат, но мнозинството луѓе го напаѓаат затоа што, по Олимписките игри во Париз, одлучил повторно да не игра под националното знаме, а не е повреден.

До каде одат критиките, кажува и соопштението на Организацијата на потрошувачи на Италија, кое нема никаква врска со спортот.

„Одлуката на Синер да не игра на Дејвис купот е навреда за цела Италија, тежок удар за сите италијански љубители на тенисот. Италија не може да биде претставена само кога се земаат пари, а потоа се носат одлуки против спортот. Затоа бараме повлекување на сите почести што му ги доделила државата: од статусот амбасадор на спортската дипломатија до почесен граѓанин на Торино, до Златната огрлица за спортски заслуги на Италијанскиот олимписки комитет и многу други“, бара Организацијата на потрошувачи на Италија.

Интересно е што Синер, како добар скијач, беше назначен за амбасадор на Зимските олимписки игри, кои ќе се одржат во Милано во јануари 2026 година.

Јасно е дека се очекуваат многу проблеми и напади врз, до пред неколку дена, миленикот на нацијата, а сега најомразениот спортист на Италија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Слот зарижен за повредите на Фримпонг и Исак

Објавено пред

Ливерпул со убедливата победа нат Ајнтрахт во Франкфурт (5:1), стави крај на серијата од четири порази. И покрај убедливата победа, менаџерот Арне Слот нема многу причини за задоволство.

dobivaj vesti na viber

Холандскиот тренер е загрижен поради повредите на Џереми Фримпонг и Александер Исак.

„Очекувам Фримпонг да биде во авут неколку недели“, рече Слот.

Александар Исак исто така имаше болна гримаса кога го напушташе теренот. Слот истакнува дека ситуацијата не е толку сериозна, барем на прв поглед.

„Тој излезе поради непријатност во препоните. Тешко е да се најде рамнотежа кај играч кој пропуштил три месеци фудбал“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Скопските лихвари им ги одземале имотите на оние кои не можеле да ја вратат позајмицата, каматата била и до 15 отсто месечно

Полицијата спроведе координирана акција на повеќе локации низ Скопје и приведе 11 лица осомничени за лихварство и перење пари, а...

Македонија2 часа

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Го зголемивмe бројот на советници за 82 во однос на претходните избори

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг од локалните избори соопшти дека со освоените 550 советнички места низ целата држава и градот...

Свет3 часа

ЕУ ја потврди забраната за увоз на руски гас и нафта: „Нема да ѝ дозволиме на Русија да нè уценува“

Европската унија официјално ја потврди одлуката за постепено укинување на увозот на руски гас и нафта до 1 јануари 2028...

Македонија3 часа

Гордaна Сиљановска-Давкова: Да го продолжиме револуционерниот пат со ум, знаење и реформи

Претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Драги сограѓани, Ви го честитам...

Свет3 часа

Санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“ – САД и Британија обединети против руската нафта

Американското Министерство за финансии воведе нов пакет санкции против две најголеми руски нафтени компании – „Роснефт“ и „Лукоил“, со цел...

Македонија3 часа

Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите...

Македонија4 часа

Меџити: Ова е чиста победа, изградена со доверба и љубов кон Чаир

Синоќа во општина Чаир Изет Меџити и неговиот тим ја прославија победата на локалните избори. Меџити им се заблагодари на...

Македонија15 часа

Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси, иднината на државата е во рамките на ЕУ, порача Мицкоски од Лондон

Економијата, безбедноста и процесот на интегрирање на Македонија во рамките на ЕУ, како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски биле теми...

Македонија17 часа

12 лица под истрага по полициските претреси во Скопје: осомничени се за лихварство и перење пари

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР денеска, по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд –...

Македонија19 часа

(Видео) Мециновиќ: Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“ и ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ кој влезе во вториот круг на локалните избори се огласи откако...

Македонија20 часа

Кандидатите за градоначалници на Скопје се договорија: ТВ дебата во вторник

Кандидатот на партијата Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ денеска преку социјалните мрежи извести дека прифаќа дебата со противкандидатот...

Македонија21 час

„Додека Данела сака да биде инфлуенсерка и троши време на театар, претпријатијата и штрајкуваат, а вработените немаат плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема...

Топ21 час

Жени се истепаа во автобус на ЈСП, во друг инцидент, скопјанец нападнат од четири лица

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен...

Македонија22 часа

Сметам дека и во првиот круг Левицата имаше поддршка од ДУИ, а коалицијата со СДСМ e веќе jавна, вели Ѓорѓиевски

Кандидаттот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, смета дека неговиот противкандидат во вториот круг, Амар Мециновиќ од партијата...

Македонија22 часа

Истрага против 32 физички и правни лица за злоупотреби при јавни набавки во прилепската болница

По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка...

Македонија24 часа

Mицкоски се сретна со кралот Чарлс: „Беше искрено и содржајно“

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во рамките на престојот во Лондон остварил средба со Неговото Кралско Величество,...

Македонија1 ден

Полицијата претресува на повеќе локации во Скопје поради лихварство и перење пари

Под раководство на предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), полициски единици на...

Македонија1 ден

И СДСМ излезе со процени: со ваков резултат ВМРО-ДПМНЕ би имала 52 пратеници, а СДСМ 21

СДСМ реагираше на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека се апсолутни победници на локалните избори, посочувајќи дека бројките, според нивната анализа, покажуваат...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Ако утре би биле парламентарните избори, ние би освоиле над 60 пратеници, а СДС во некои изборни единици би бил трета партија

ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните...