Спорт
Лесен испит за Барса, Реал гостува во Сантандер

Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид во дваесет и седмото првенствено коло ги очекуваат дуели со екипи од долниот дел на табелата.
Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид во дваесет и седмото првенствено коло ги очекуваат дуели со екипи од долниот дел на табелата. Лидерот на табелата, Барселона на домашен терен ќе игра против Сарагоса, додека Реал по седумката која и ја испорача на Малага ќе патува во Сантандер на дел со Расинг. Валенсија во средата со поразот од Барселона ја прекина серијата од пет победи. Во ова коло Валенсија ќе патува во Мајорка, каде по традиција игра добро. Две средби, според имињата и реномето на противниците можат да го понесат епитетот – дерби. На „Винсенте Калдерон“ во Мадрид Атлетико ќе го пречека Виљареал, додека на „Сан Мамеш“ во Билбао, Атлетик (два порази по ред – Валенсија и Сарагоса) ќе ја нагости Севиља. Комплетни двојки, вечерва:Мајорка-ВаленсијаБарселона-СарагосаАтлетико Мадрид-ВиљареалНедела, 6 мартХеркулес-АлмеријаЛеванте-ЕспањолМалага-ОсасунаСпортинг-ХетафеАтлетик Билбао-СевиљаРасинг-Реал МадридПонеделник, 07 мартДепортиво-Реал Сосиедад. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мначестер јунајтед ќе платат 120 милиони за Балеба?

Претставници на Манчестер јунајтед вчера се сретнале со менаџерот на фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба.
„Тие разговараа за времетраењето на договорот и платата и сакаат сè да биде договорено пред да ја испратат понудата до Брајтон“, пишува Фабрицио Романо.
Младиот 21-годишен универзалец од средниот ред, пристигна во Брајтон пред две години за 27 милиони евра од Лил.
Медиумите на островот пишуваат дека Брајтон е подготвен да го продаде само за 120 милиони евра. Доколку трансферот биде реалиизран за оваа сума, Јунајтед ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд.
Балеба не беше вклучен во составот на Брајтон за пријателскиот натпревар со Волфсбург вчера, што според медиумите е знак дека преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Гвардиола ги откри своите омилени играчи во НБА: Дончиќ и уште двајца
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри кои се неговите омилени НБА играчи откако Мајкл Џордан се пензионираше.
Пеп Гвардиола е фудбалска икона, но дефинитивно не е ограничен само на еден спорт. Како што честопати споменуваше во минатото, обожава да гледа кошарка.
На прес-конференција во Палермо, Шпанецот рече дека кошарката е „огромен дел од неговиот живот“.
Гвардиола му честиташе на Џо Мазула, неговиот пријател, за продолжувањето на договорот со Бостон Селтикс, а како што објави Марк Штајн, Гвардиола беше замолен да каже кои се неговите моментални омилени играчи во НБА.
„Моите омилени играчи во ерата по Џордан се Стеф Кари, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс“, рече Гвардиола.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ливерпул тргнува по потписот на Гуеи

Натпреварот меѓу шампионот и освојувачот на ФА купот, традиционално ја отвора сезоната во англиската Премиер лига. За трофејот во Суперкупот ќе се борат Ливерпул и Кристал Палас.
Во пресрет на натпреварот, англиските медиуми тврдат дека челниците на Ливерпул ќе се обидат да го реалиизраат трансферот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи.
Челзи се откажа од потписот на Гуеи, па сега Ливерпул има отворен пат кон англискиот репрезентативец.
Арне Слот го окарактеризира како цел со цел да ја зајакне конкуренцијата во последната линија, играчот е подготвен да оди на „Енфилд“ бидејќи влезе во последната година од договорот.
Затоа се очекува дека помеѓу 30.000.000 и 40.000.000 да биде доволна за реализација на трансфарот.
Ова лето, Ливерпул веќе ги донесе: Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Уго Екитике, Армин Пеци, а на тимот му се придружи и Георги Мамардашвили, кој ја помина минатата сезона на позајмица во Валенсија.
Фото/ Принтскрин