Спорт
Шкендија лесно против Вардар

Есенскиот шампион во Првата МФЛ, екипата на Шкендија, со победа ја започна пролетната етапа во домашното првенство.
Есенскиот шампион во Првата МФЛ, екипата на Шкендија, со победа ја започна пролетната етапа во домашното првенство. Шкендија во последниот натпревар од деветнаесеттото коло со 3:1 го победи Вардар. Уште во првото полувреме, со головите на Хасани и Аломеровиќ во 16 и 44 минута, Шкендија поведе со 2:0. Хасани со својот втор гол, во 66 минута зголеми на 3:0, четири минути подоцна Џангаровски го постигна почесниот гол за Вардар и го постави конечниот резултат.Шкендија по победата на Вардар и киксот на конкурентите ја зголеми предноста на врвот, екипата од Тетово има 38 бода, четири повеќе од градскиот ривал и актуелен првак Ренова, Работнички има 33, а Металург 32 бода. Овие четири екипи се чини дека ќе ја водат битката за шампионската титула. На табелата од петтото до деветото место следуваат Хоризонт Турново (29 бода), Тетекс и Напредок имаат по 27, а Силекс и Брегалница по 25 бода. На последните три места се Скопје со 22, Вардар со 13 и Пелистер со 11 бодови. Следното дваесето коло ќе се одигра на 12 март, дербито во Тетово ќе го одиграат Ренова и Работнички. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
УФЦ: Џон Џонс се направи ѕвер од 120 килограми!

Легеднарниот поранешен УФЦ-шампион, Џон Џонс, се пофали со своите тренинзи пред камбекот во кафезот, првпат во кариерата во тешка категорија, и фановите беа воодушевени од брзината и моќта на 33-годишниот Американец, кој сега има над 120 килограми.
Популарниот „Боунс“ ќе дебитира во тешката категорија оваа година по доминацијата во средно-тешка категорија и видеото на кое тренира со тренерите Брендон Гибсон и Мајк Винкелџон е импресивно.
„Чувствувам дека добро се движам за дебело момче и кога ќе се вратам во форма, ќе бидам опасен“, напиша Џонс.
Последен меч на Џонс беше контроверзната победа над Доминик Рејес на УФЦ 247 во февруари 2020 по што се откажа од титулата и сега, најверојатно, ќе добие брз обид да ја освои и оваа титула откако шефот на УФЦ, Дејна Вајт, потврди дека тој е прв кандидат за меч со победникот на дуелот меѓу актуелниот шампион Стипе Миочиќ и Френсис Нгану.
I feel like I move pretty good for a fat boy, I believe I’ll be moving at my all-time best once I actually get in shape pic.twitter.com/qjEsXfShid
— BONY (@JonnyBones) February 26, 2021
View this post on Instagram
Спорт
Звезда дочекана како победник во Белград

Црвена звезда испадна во шеснаесет-финалето на Лига Европа иако не беше поразена во двомечот со големиот Милан и тоа ги предизвика „делиите“ да им приредат пречек како на шампиони при враќањето во српската престолнина.
Звезда на „Сан Сиро“ одигра 1:1 со Милан и испадна само бидејќи дома прими повеќе голови при 2:2 ремито. На навивачите очигледно им се допадна начинот на кој игра тимот на Дејан Станковиќ како што може да покажат следните фотографии пред стадионот „Рајко Митиќ“.
На него, пак, тимот на Звезда повторно го изведе голот на Павков, со кој на првиот меч во Белград стигнаа до драматично 2:2 реми.
Спорт
По две крвавења од носот, Куман ја прекина прес-конференцијата

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, признава дека неговата иднина на клупата на каталонскиот гигант е неизвесна објаснувајќи дека секогаш има притисок кога си тренер на толку голем клуб.
Холандската легенда на Барселона се врати во својот стар клуб минатото лето во обид да донесе стабилност во тимот по катастрофалниот 8:2 пораз од Баерн Минхен во ЛШ минатата година и отказот за Кике Сетиен.
Меѓутоа, Барса не блеска оваа сезона – таа е трета во Ла Лига зад Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, а во првиот меч од осмина-финалето на ЛШ загуби дома од Пари Сен-Жермен со 1:4.
„Знам дека има многу притисок кога си тренер на Барса. Ако не победуваш, тогаш вината е кај тренерот. Не знам што ќе се случи во иднина, но има време да се размислува за тоа“, изјави Куман пред да ја прекине прес-конференцијата поради крвавење од носот, последица на лекарствата што ги зема за срцевите проблеми.
Куман имаше срцев напад во мај 2020 година, но бргу закрепна и продолжи да биде селектор на Холандија додека не го повикаа од Барса.
Човекот што помина шест одлични сезони како фудбалер во Каталонија досега ги предводеше Барса во 37 меча, од кои победи во 23, но имаше и 8 порази. Покрај резултатите, за неизвесноста влијаат и претседателските избори во клубот откако еден кандидат, Виктор Фонт, постојано тврди дека ќе го смени Куман со Чави.
😥 Rueda de prensa accidentada…
🩸 Koeman rompe a sangrar en mitad de su comparecencia
📺 #Golazo pic.twitter.com/b0nsiTdxFx
— El Golazo de Gol (@ElGolazoDeGol) February 26, 2021
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер