Спорт
Барса и Шахтјор во четвртфиналето на ЛШ
Во реванш осминафиналните мечеви од Лигата на шампионите, домаќините Барселона со 3:1 и украински Шахтјор со 3:0 ги елиминираа Арсенал односно Рома
Барселона ги оправда очекувањата и на своите навивачи и на речиси целата фудбалска јавност. И покрај отсуството на главните столбови на каталонската одбрана, повредата на Карлес Пујол и казната на Жерар Пике, што е една од главните карики на сигурноста во играта на Барса, Арсенал на „Камп Ноу“ во вторникот навечер тоа не успеа да го исползува. Неговите напаѓачи се до крајот на мечот не дојдоа во стопостотна шанса, а голот кој им даде надеж и во тој момент ги водеше во четвртфиналето беше всушност автогол. Исто така, се чини дека лондонските „топчии“ беа малерозни, затоа што уште во 15 минута мораа да извршат измена на голманската позиција, а потоа и еден непромислен потег на нивниот капитен Робин ван Перси при поволен резултат, што се надоврза на константниот притисок на домаќинот па одбраната на првите 2:1 станаа невозможна мисија.Првиот половина час од мечот изненади со смирено темпо а во таква игра, уште во 15. минута прстот од десната рака го скрши јунакот од првата средба на „Емирати“, голманот 20-годишникот Војчех Шчечни, кој се повред бранејќи слободен удар на Дани. На негово место влезе ветеранот Мануел Алмунија кој и покрај тоа што прими три гола го спаси Арсенал од многу повисок пораз. Во тој период од играта најголемото возбудување дојде во 35. минута кога Адриано Кореха ја погоди стативата од мртов агол. Заради играта со многу прекини заради фаули, судијата Масимо Бисака да го продолжи првото полувреме дури пет минути, што го искористи Барса. Во третата минута од продолжението поранешниот играч на младинските категории на каталонците сега ѕвезда на Арсенал, Сеск Фабрегас невнимателно одигра со петица, и тоа на само неколку метри од неговиот шеснаесетник, што беше лесен плен за Андрес Иниеста кој го проигра Лионел Меси кој, пак, го фати на „крива нога“ Алмунија кој се обиде да му влезе во шутот и да му го скрати аголот кон голот и поентираше за 1:0, резултат што веќе ја водеше Барселона во следната рунда.Меѓутоа многу кусо по почетокот на вториот дел каталонците доживеаја студен туш. Самир Насри во полуконтра изнуди корнер по кој Серхио Бускетс неконтролирано со глава ја смести топката зад грбот на својот голман Виктор Валдез. Барселона веднаш тргнувајќи од центарот најави дека до крајот ќе притиска во обидот да излезе како севкупен победник од двомечот со Арсенал. Давид Виља излезе сам пред Алмунија но малото колебање му овозможи на противничкиот голман да ја спречи водство на домаќинот. Ова всушност беше најбурниот дел од мечот, бидејќи по две минути Ван Перси откако беше досудено дека се наоѓал во офсајд ја продолжи акцијата и упати шут покрај голот на Валдез, што беше доволно за Бисака тоа да го протолкува како намерно задржување на играта и да му покаже втор жолт картон и автоматско исклучување од мечот. Во 66. минута Виља повторно по третпат на мечот е спречен од Алмунија. Но голманот на „топчиите“ три минути подоцна не можеше да го одбрани ударот на Чави. Како ни во 71. минута од белата точка на Меси, откако Кошчелни според Бусака фаулираше во шеснаесетникот. Барселона до крајот на мечот притискаше за уште поубедлива победа но Алмунија продолжи со извонредната вечер. Така во седмиот дуел меѓу Барселона и Арсенал, каталонците ја постигнаа четвртата победа, два меча завршија без победника а „топчиите“ победија на минатиот меч. Ова е шесто квалификување на Барселона во четврфиналето на Лигата на шампионите во последните осум сезони. Интересно е што и во двата случаи кога не успеа беше елиминирана од англиски клубови, во 2005 г. од Челзи а во 2007 г. од Ливерпул.Статистиката за Арсенал е погубна. Ова беше шести пораз во последните седум гостувања во Лигата на шампионите а осми пораз во последните 12 гостувања во Шпанија.По првпат во својата историја по пет неуспешни обиди Шахтјор од Доњецк се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, И тоа многу уверливо со две победи против Рома, 3:2 на првиот меч на „Олимпико“ и уверливи 3:0 пред своите 49 илјади навивачи.Со голема предност домашните играчи ја нападнаа „римската волчица“ и во Доњецк и уште во 18. минута преку Томас Хубшман дојдоа во водство. Рома имаше можност барем да се обиде да се бори за пласман натаму, но во 28. минута Марко Бориело слабо изведе пенал овозможувајќи му на голманот Пјатов да се истакне со одбрана. Судбината на Рома беше запечатена во 41. минута кога Фелипе Мексес заработи втор жолт картон и исклучување.Во вториот дел следуваше само реализација на доминацијата на фудбалерите на Шахтјор кои како да беа мотивирани од арогантните и потценувачки изјави пред мечот на капитенот на гостите Франческо Тоти кој не настпаи во Доњецк.Прво во 58. минута Бразилецот Вилиан зголеми на 2:0, а во 87. минута поранешниот играч на Арсенал, Бразилецот кој игра за хрватската репрезентација Едуардо го постигна и третиот гол за домаќините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

