Спорт
Боде Милер предвреме ги напушта трките од светскиот куп

Американската скијачка федерација соопшти дека нивниот најдобар алпски натпреварувач Боде Милер ја завршува сезоната на трките од Светскиот куп за оваа сезона.
Американската скијачка федерација соопшти дека нивниот најдобар алпски натпреварувач Боде Милер ја завршува сезоната на трките од Светскиот куп за оваа сезона.Боде Милер двапати беше освојувач на Кристален глобус во Светскиот куп, а на последните Олимписки игри во Ванкувер освои златен, сребрен и бронзен медал. На Светскиот куп 2010/2011 не забележа ниту една победа и одлучи предвреме да прекине со учество на трките и да е врати во својот дом во Сан Диего.Ова е третпат по ред Боде Милер предвреме да ги прекинува настапите во Светскиот куп во ситуации кога нема можност да освои кристален глобус. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бејл се „распука“, Тотенхем го прегази Барнли

Герет Бејл постигна два гола и имаше една асистенција за конечно да покаже дел од својот блескав талент по камбекот во Тотенхем, предводејќи го тимот на Жозе Мурињо до убедлива 4:0 победа над Барнли.
Навивачите, но и самиот Мурињо, честопати ја искажуваа разочараноста што Велшанецот имаше малку минути поради проблемите со повреди, но денеска попладне во северен Лондон, мечот беше во негов знак.
Бејл даде гол уште во втората минута од мечот, пред во 15. минута да му асистира на Хери Кејн за 2:0 водство. Лукас Моура во 31. минута зголеми на 3:0, пред Бејл да го постигне и вториот гол во 55. минута. Тотенхем се сега осми со 39 поени, додека Барнли имаат 28. на 15. место, само пет над зоната за испаѓање.
Спорт
Хорор-судир во Формула Е шампионатот, возачот, за среќа е во ред

Втората трка од Формула Е шампионатот во Саудиска Арабија во саботата навечер донесе хорор-судир на Британецот Алекс Лин од тимот на Махиндра рејсинг, и видеото кое денеска го објавија од официјалниот Твитер акаунт на шампионатот покажува што ќе се случи кога аеродинамиката на болидите ќе проработи како авион.
Лин има контакт со возачот на Јагуар, Мич Еванс, по што болидот на Лин полетува налик на страшнито инцидент на Марк Вебер во Ф1 во Валенсија во 2011 година. Еванс ја прекрати трката и веднаш отиде да види дали се е во ред со поранешниот ГП3 шампион, кој уште беше во болидот. За среќа, тој излезе од болница без посериозна повреда.
Судирот предизвика предвремен крај на Диријах ГП трката, која по рестартот ја доби сонародникот на Лин, Сем Бирд.
We are thankful that Alex Lynn is well after this accident. Testament to the medical staff, marshals and the @FIA who keep our sport safe. 🙌 to Mitch Evans who abandoned his race to run to Alex’s aid. #ABBFormulaE #DiriyahEPrix @alexlynnracing @mitchevans_ pic.twitter.com/hp7FTNYR8w
— ABB FIA Formula E World Championship (@FIAFormulaE) February 28, 2021
Спорт
Георгина: Роналдо не е „сонценце“ кога ќе загуби

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез во големото интервју за неделникот „Спортвик“ на „Ла газета дело спорт“ открива дека португалската ѕвезда на Јувентус не е пријатен кога ќе загуби на натпревар, и додава дека и било срам да вежба покрај него на почетокот на нивната врска.
Шпанката е со Роналдо од 2016 година и имаат ќерка заедно, Алана Мартина, а таа ги одгледува и другите три деца на ЦР7, Кристијано Јуниор и близнаците Матео и Ева Марија. Самата Родригез стана мегаѕвезда со низа спонзорски договори и ангажмани како модел и со 23.8 милиони следбеници на Инстаграм.
„Во Торино имаме куќа со градина, каде што се играат нашите деца. Не ни недостасува ништо, а на луѓето од Торино им се допаѓаме. Секако, не одиме на шопинг поради КОВИД-19, а пред неколку години успеавме да отидеме и во кино. Кристијано е супер татко и најдобар сопруг кој можам да го посакам. Кога нема добар меч, верувајте не е сонценце. Но, го познава фудбалот и знае дека некогаш губиш. Тој секогаш се критикува, но го сака тоа што го работи. Научив многу од него и секогаш ме мотивира, иако на почетокот ми беше срам да работам покрај него. Сепак, тој е Кристијано Роналдо. Но, потоа работите се сменија“, објаснува Родригез.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран