Спорт
Борусија ќе го продаде Лукас Бариос
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/8594f652-bdea-464e-afe4-ccebec6ffc48.jpeg)
За парагвајскиот офанзивен фудбалер и член на Борусија од Дортмунд, Лукас Бариос, се заинтересирани Зенит, Реал, Челзи и Милан.
За парагвајскиот офанзивен фудбалер и член на Борусија од Дортмунд, Лукас Бариос, се заинтересирани Зенит, Реал, Челзи и Милан.Бариос постигна 11 голови оваа сезона во Бундеслигата, а договор со Борусија има до 2014 година.Прв понуда даде Зенит од 20 милиони евра. Останатите заинтересирани клубови засега молчат за тоа колку се спремни да платат. Со оглед дека и цената од 20 милиони не е за потценување, во Борусија веќе се подготвени да го продадат Бариос, а на негово место клубот сака да го доведе прославениот германски репрезентативец искусниот Мирослав Клосе./крај/хина/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Фабрегас: Морам да го бранам мојот клуб и да кажам, доста е
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12805496.jpg)
Фудбалерите на Јувентус го совладаа Комо со голот на Рандал Коло Муани во 89. минута од пенал, а Цеск Фабрегас, тренерот на домашниот тим по натпреварот отворено ги критикуваше судиите во Серија А. Шанецот тври дека во неколку натпревари неговиот тим бил оштетен.
Фабрегас ја потенцираше ситуацијата од натпреварот со Јувентус, кога споре днего не бил досуден чист пенал за неогвиот тим. Гати со рака ја однесе топката пред напаѓачот на Комо, Дувикас. Од ВАР собата порценија дека нема елементи за пенал.
Gatti fissa con gli occhi la palla e con la mano la sposta volontariamente
È un rigore ridicolo per quanto netto non scherziamo ahahahapic.twitter.com/GPwILWi4vM
— Tomoriano (@tomorienjoyer_) February 7, 2025
„Денес нема да молчам. Тоа беше чист пенал. Доста. Не го обвинувам судијата кој можеби не ја видел ситуацијата, но ВАР-собата мораше да ја види и ВАР-собата е она што ми создава сомнеж. Се сомневам како се анализираат ситуациите во текот на играта во таа просторија“, рече Фабрегас и потоа потсети на претходните грешки на ВАР.
„Против Лацио, Зиго тргна силно против Нико Пас. Не велам дека беше ситуација за црвен картон, но изгубив играч на три натпревари, а не беше досуден прекршок, ниту пак доби жолт картон. Против Милан пред да го примиме голот имаше очигледен фаул на средината на теренот и ништо, корнер и 1:1. Против Удинезе Голданига не го допре играчот, а тој доби жолт картон и беше исклучен“.
Комо се уште се бори за опстанок, моментално на 15. место со 22 освоени бода.
Спорт
Расел со нетрпение го чека почетокот на новата сезона
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-8.jpg)
Возачот на Мерцедес Џорџ Расел изјави дека во германскиот тим се оптимисти за промените на болидот за претстојната сезона, додавајќи дека е подготвен да се бори за шампионската титула во Формула 1.
„Имаше многу… Не би рекол директни промени од минатата до оваа сезона, тоа се работи што се работеа долго време, работи што не можевме да ги ставиме на болидот во 2024 година, но работевме на нив долго време. Оптимисти сме дека тоа ќе биде добар чекор во вистинската насока. Се разбира, никогаш не знаеш што направили твоите ривали“, рече Расел.
По освоените осум последователни титули во шампионатот за конструктори, Мерцедес се мачеше од воведувањето на новите правила во 2022 година, победувајќи само на една трка таа сезона, а 2023 тимот ја заврши без победа.
Германскиот тим постигна одреден напредок во 2024 година, бидејќи Расел и неговиот тогашен тимски колега Луис Хамилтон забележаа по две победи, но заостанаа речиси 200 поени зад шампионот, Мекларен, заземајќи го четвртото место во поредокот за конструктори.
Расел додаде дека е „апсолутно подготвен“ за титулата во Формула 1, посочувајќи дека неговото време во Мерцедес се совпадна со послабите перформанси на болидот.
„Се чувствувам подготвен, сите во тимот се многу мотивирани. Чувствувам дека овие години беа некој вид на проба и грешки, но секогаш кога имавме шанса да победиме, победувавме. Тоа ми дава оптимизам дека ако го имаме болидот, можеме да го направиме тоа (титулата Ф1)”, изјави 26-годишниот британски возач.
Расел беше побрз од својот тимски колега во две од трите сезони во кои се натпреваруваше заедно со Хамилтон. На крајот на сезоната Хамилтон го напушти Мерцедес по 13 години и се пресели во Ферари, додека нов возач за германскиот тим стана 18-годишниот Италијанец Андреа Кими Антонели.
Мерцедес го најави лансирањето на својот нов автомобил, „W16“, за 24-ти февруари.
Новата сезона во Формула 1, во која возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја брани титулата, започнува на 16-ти март со Големата награда на Австралија.
Спорт
Тренерот и тројца играчи потпишаа нови договори со ПСЖ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-7.jpg)
Пари Сен Жермен се пофали дека ја продолжил соработката со тренерот Луис Енрике и со тројца важни првотимци: Ашраф Хакими, Витиња и Нуно Мендеш.
Очигледно, на задоволство на двете преговарачки страни, бидејќи шпанскиот стручњак, неговите избраници и претставници на управата се сликаа со широки насмевки, јасно убедени дека нивната заедничка работа во иднина ќе биде уште поуспешна.
„Многу сум среќен што ќе ја продолжам работата во ПСЖ. Овде се чувствувам многу удобно. Имаме се што е потребно за да работиме во најдобри услови. Мислам дека ни претстои светла иднина и се надевам дека заедно ќе постигнеме голем успех”, изјави во оваа прилика поранешниот играч и тренер на Барселона, а сега шеф на стручниот штаб на „светците”.
Луис Енрике го презеде ПСЖ во 2023 година и во меѓувреме го предводеше до уште една титула во Лига 1, трофејот во Купот на Франција и две титули во Суперкупот.
Фудбалерите Хакими, Витиња и Нуно Мендеш се обврзаа да останат во Париз до 2029 година.
Во истиот пакет беше парафирана соработка со тројца талентирани момци од клупската академија, па Јорам Загу доби договор до 2028 година, а Ибрахим Мбаје и Науфел Ел Ханак до 2027 година.