Спорт
Доналд Јанг го исфрли Енди Мареј

Малку познатиот Американски тенисер Доналд Јанг (143 АТП) во второто коло на тенискиот турнир во Индиан Велс се погрижи за првокласно изненадување и го исфрли од натпреварите петиот носител фаворизираниот Енди Мареј откако го победи со 7:6 (4), 6:3.
Малку познатиот Американски тенисер Доналд Јанг (143 АТП) во второто коло на тенискиот турнир во Индиан Велс се погрижи за првокласно изненадување и го исфрли од натпреварите петиот носител фаворизираниот Енди Мареј откако го победи со 7:6 (4), 6:3. Слична судбина доживеа и шестиот носител Шпанецот Давид Ферер, и на идентичен начин загуби од Хрватот Иво Карловиќ со 7:6 (3), 6.3. Од носителите испаднаа и Љубичиќ, Цонга, Монако и Багдатис.Резултати 2 коло:Содерлинг – Берер 6:3, 7:6 (4)Дел Потро – Љубичиќ 5:7, 6:4, 6:2Надал – Де Вест 6:0, 6:2Вердаско – Беранкис 7:5, 6:0Квери – Типсаревиќ 6:4, 6:4Свитинг – Монако 6:1, 0:6, 6:1Деварман – Багдатис 7:5, 6:0Симон – Шутлер 6:3, 7:6 (5)Робредо – Зверев 6:3, 3:6, 7:5Алмагро – Расел 6:4, 6:4Колшрајбер – Смичек 2:6, 6:2, 7:6 (6)Монтањес – Ниеминен 7:6 (5), 2:6, 7:6 (2)Долгополов – Ханеску 6:4, 6:4. Крај./макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Во пожарот во Кочани загина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров

Андреј Лазаров (25), фудбалер на Шкупи е еден од 59-те починати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Претходно денеска Шкупи на социјалните мрежи објави дека неговиот Лазаров е надвор од животна опасност, но подоцна починал во болницата во Штип.
Како што информираат од Шкупи, Лазаров во дискотеката им помагал на останатите присутни да се извлечат, но на крајот се задушил во чадот.
„Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.
Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објави на социјалните мрежи неговиот клуб, Шкупи.
Лазаров во кариерата настапуваше во Металург, Работнички, Тиквеш во Македонија, односно Горица и Рудеш во Хрватска.
Спорт
Наполи не успеа да победи во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А.
Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка.
Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото.
Венеција е на претпоследното 19. место со 20 бода, на пет бода од безбедносната зона.
Спорт
Реал: Нема да играме натпревари доколку за одмор немаме барем 72 часа

Реал Мадрид соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар доколку фудбалерите немаат најмалку 72 часа одмор меѓу натпреварите.
Ова го потврди тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по победата од 2-1 против Виљареал на гостински терен во шпанскиот шампионат.
Натпреварот Виљареал – Реал започна во 18 часот и 30 минути, а Реал во среда го одигра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тој натпревар започна во 21 часот и траеше 120 минути, по што се се шутираа пенали.
„Ова е последен пат кога играме два натпревари во 72 часа“, рече Анчелоти, додавајќи дека клубот побарал од раководството на лигата да го помести натпреварот за ден подцна.
Реал најави дека ќе се консултира со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за распоредот на натпреварите.