Спорт
И Сплит кандидат за организација на ЕП во атлетика 2016

Советот на градот Сплит донесе одлука градот да се кандидира за организатор на Европското првенство во атлетика во 2016 година. Пред него пријави веќе поднесоа Амстердам, Истанбул и полскиот Будгошч.
Советот на градот Сплит донесе одлука градот да се кандидира за организатор на Европското првенство во атлетика во 2016 година. Пред него пријави веќе поднесоа Амстердам, Истанбул и полскиот Будгошч.Иако одлуката беше донесена вчера, Хрватскиот атлетски сојуз испрати пријава за организација уште на 28 февруари, од причина што тоа беше последен датум за поднесување пријави. Сплит беше организатор на Медитеранските игри во 1979 година кога беше за таа намена изграден стадионот Пољуд. По игрите, ФК Хајдук од стариот стадион „Под Марјан“ се пресели на Пољуд и го користи во последните 32 години. /крај/Хина/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Екс-играч на Челзи го засили Клуж

Курт Зума стана нов фудбалер на Клуж, објави романскиот клуб.
Искусниот дефанзивец потпиша двегодишен договор со Романците, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Тој пристигнува во Клуж како слободен агент, откако се раздели со Вест Хем ова лето. Може да се каже дека ова е еден од најголемите трансфери во оваа земја во последните години.
Во текот на својата кариера, Зума ги носеше дресовите на Евертон, Стоук, Сент Етјен, Челзи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Елмас: Максимален фокус, Саудиска Арабија е сериозен ривал

Пред пријателскиот натпревар во Прага, Саудиска Арабија – Македонија на стадионот на Викторија Жижков, свој коментар даде и Ељиф Елмас. Нашиот репрезентативец истакна дека натпреварот ќе биде важен тест за селекцијата и увертира за квалификацискиот меч со Лихтенштајн.
“За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус. Овој меч е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн. Имав добри подготовки, чувствувам дека сум подготвен. Овие два натпревари ќе ми значат многу, бидејќи по подолго време повторно ќе настапам во меч со голема важност.
Саудиска Арабија е тим кој игра со многу посед и знае да ја чува топката, па ќе мора да бидеме максимално сконцентрирани. Ние секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме. Секој настап за Македонија е мотив плус и верувам дека овој пријателски натпревар ќе биде од голема корист за нас.”
Izvot/ ffm.mk
Спорт
(Видео) Новинар и селекторот плачеа – Меси вечерва последен пат игра за репрезентацијата во Аргентина

Аргентина, актуелниот светски шампион, ќе одигра историски натпревар против Венецуела во квалификациите за Светското првенство во ноќта од четврток кон петок, по македонско време.
На „Монументал“ во Буенос Аирес, Лионел Меси ќе игра за Аргентина за последен пат на домашна почва. Неговиот 193-ти натпревар за Аргентина ќе биде и последен во Аргентина, за која постигна 112 гола, освои две јужноамерикански титули и една светска титула во последните четири години.
Меси има 38 години, а бидејќи Аргентина веќе го обезбеди својот настап на Светското првенство следната година, обидот да ја одбрани титулата ќе биде неговиот последен танц во националниот тим, а вечервашниот натпревар ќе биде последен за репрезентацијата во Аргентина. Затоа земјата го дочекува вечервашниот натпревар со тага.
На прес конференцијата селекторот Лионел Скалони доби прашање дали играњето со Лионел Скалони дали играњето со Меси за репрезентацијата, а подоцна и неговото тренирање е најдобрата работа во неговиот живот.
Скалони одговори емотивно, што можете да го видите од 2:20: „Да го делите теренот со него, да му ја додавате топката, сето тоа со него беше неверојатно. Возбудливо е да се освои Светското првенство со Лео. Она што ќе се случи утре ќе биде возбудливо. И ако навистина е неговиот последен натпревар дома, ќе се погрижиме да игра уште еден натпревар во нашата земја. И мора да уживате во тоа, како што секогаш велам.“
Потоа друг новинар почна да поставува прашање, но Скалони го прекина покажувајќи кон новинарот кој го постави претходното прашање и велејќи: „Тој плаче!“ После тоа продолжи: „Тоа не беше моја намера…“
Новинарот одговори во солзи: „Ми ја пруживте најголемата радост во мојот живот…“ Потоа Скалони исто така почна да плаче. Еден новинар кој сакаше да постави прашање го праша селекторот дали треба да почека. Скалони одговори: „Не, не, слободно. Ова беше предизвикано од тоа што видов колку го направив среќен.“