Спорт
Последна шанса за Интер

Вечерва и утре ќе бидат познати сите учесници во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Вечерва и утре ќе бидат познати сите учесници во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Вечерашната програма во елитното натпреварување нуди два супер интересни натпревари. На „Алијанс Арена“ во Минхен, реванш осминафиналниот дуел ќе го одиграат минатогодишните финалисти, Баерн и Интер. Баварците се во подбра положба, на првиот меч во Милано со голот на Гомез во последната минута победија со 1:0. Баерн направи и подобра увертира пред мечот, во саботата во првенствениот дуел го декласира Хамбургер со 6:0, додека Интер одигра скромни 1:1 во Бреша. Вториот реванш осминафинален меч ќе се одигра на „Олд Трафорд“ во Манчестер, каде лидерот во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед за противник ќе го има шампионот на Франција, Олимпик Марсеј. Првиот меч пред две недели одигран на „Велодром“ во марсеј заврши без победник 0:0. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Голема прослава за Ѓоковиќ во Белград – „Ова е успех на целата нација“

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, официјално стана рекордер по бројот на недели (311) поминати на првото место на АТП-листата. Вечерва, по овој повод, во негова чест се одржа дочек во Белград, а шампионот го прослави историскиот момент со своите сограѓани.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, исто така јавно му се заблагодари на Ѓоковиќ за постигнатиот успех.
„Вечерва, Белград го слави триумфот на Ноле! Од денес белграѓанецот Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња. Ти благодарам за радоста што му ја донесе на нашиот народ“, напиша Весиќ.
Вечерас Београд слави тријумф Нолета! Од данас Београђанин Новак Ђоковић најбољи је тенисер свих времена.
Хвала Ноле за радост коју си пружио нашем народу!
Posted by Горан Весић on Monday, March 8, 2021
„Ви благодарам што дојдовте, не очекував толку многу луѓе. Ви благодарам за сите овие години што сте со мене. Ова е успех на целата нација, не само мој и на моето семејство. Тоа го сфатив пред десет години кога успеав да го остварам детскиот сон за освојување на Вимблдон. Она што најмногу ме трогна беше тоа што го доживеав во Белград по Вимблдон кога првпат станав број еден во светот. Се вратив тука и Србија подготви нешто што ќе го паметам целиот живот. Вечно сум ви благодарен за тоа и поради тоа, чувствувам голема чест, привилегија и задоволство и одговорност да ве претставувам сите на најдобар можен начин насекаде во светот. Знам дека ви ги кинам нервите, понекогаш си ги кинам и сам на себе“, рече Новак пред насобраните.
Спорт
Пирло сигурен дека Јуве нема да го отпуштат

Андреа Пирло вели дека не е загрижен околу бројните шпекулации за неговата позиција во Јувентус, велејќи дека клубот е единствен кој ќе одлучи дали тој ќе остане или ќе замени.
Пирло ја доби првата тренерска работа во кариерата откако Јувентус го отпушти Маурицио Сари минатото лето, но по слабите настапи во Серија А може да стане првиот тренер на „бјанконерите“ кој не ја освоил титулата по Луиџи дел Нери во 2010/11.
Утре, Јуве игра во осминафиналето на Лигата на шампионите против Порто, со негатива од 1:2 од првиот меч и италијанските медиуми шпекулираат дека Пирло ќе добие отказ ако не успее да влезе во четврт-финалето
„Ако мислев дека мојата иднина зависи од мечот со Порто, немаше да бидам тука. Да, се работи за важен меч, но само еден меч. За мојата иднина ќе одлучи клубот според резултатите. Јас работам ден за ден и го знам мојот проект и проектот на клубот“, вели Пирло.
„Старата дама“ загуби во финалињата на ЛШ во 2015 и 2017 година, но оттогаш го немаат минато четврт-финалето, и покрај тоа што Кристијано Роналдо беше дел од составот последните две сезони.
Спорт
Романскиот судија Колцеску суспендиран и пратен на едукација

УЕФА го суспендира романскиот судија Себастијан Колцеску до крајот на сезоната за инцидентот што се случи на мечот Пари Сен-Жермен – Башакшехир кога го нарече помошник-тренерот на турскиот клуб, Пјер Вебо, црниот, предизвикувајќи прекин на мечот.
Мечот на 8 декември беше сопрен по само 13 минути откако Вебо доби црвен картон по приговорите што му ги дофрлаше на Колцеску, тогаш четврти судија на мечот. Фудбалерите одбија да се вратат на теренот и мечот се преигра утредента кога четирите романски судии беа сменети.
УЕФА оценила дека Колцеску е суспендиран за непримерно однесување за време на меч на УЕФА и тој мора да оди на едукациска програма до 30 јуни 2021 година. Суспензијата ќе важи за домашните мечеви во Романија бидејќи тој веќе е тргнат од интернационалната листа на ФИФА. За инцидентот укор доби и помошник-судијата Октавијан Совре, и тој ќе мора да оди на едукациска програма.
Колцеску секогаш се бранеше дека зборот негро едноставно значи црно на романски.
BREAKING: THE diallogue between the refs in full: ‘The black one over there. Go and check who he is. The black one over there, it’s not poasible to act like that’ #PSGBAS pic.twitter.com/5ZUQfcEIkG
— Emanuel Roşu (@Emishor) December 8, 2020
Проблематичниот судија на ПСЖ-Башакшехир е Романецот Колцеску
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“