Спорт
Јонуз: Ќе се обидеме први да постигнеме гол
На конференција за печат во Фудбалската федерација на Македонија, селекторот Мирсад Јонуз го соопшти составот на репрезентацијата која што ќе гостува во Ирска во рамки на квалификациите за ЕП 2012 година и неговите очекувања од оваа средба
„Ова е искусен состав од 20 играчи, кои играат во нагорна форма, посебно Горан Пандев и Горан Попов. Средбата со Ирска е значајна но не е пресудна. Играме во група во која сите резултати се можни и до крајот ќе има многу изненадувања“ изјави нмакедонскиот фудбалски селектор Мирсад Јонуз.За противникот селекторот очекува дека ќе игра типично англиски, со обиди да се даде гол од прекин или со длабоки нафрлени топки, на која што игра нашиот тим има одговор. Посакува во дуелот да влеземе храбро, но според него ќе ни биде потребна и среќа, која што ја немавме во дуелите со Словачка и со Русија.„Ќе играме отворено, со три шпица во нападот, а многу е битно први да постигнеме гол“ ,вели Јонуз.На прес-конференцијата во средата беше претставен и списокот репрезентативци што конкурираат да истрчаат во почетниот состав против Ирците, на кој фигурираат гоманите Един Нурединовски (Етникос), Мартин Богатинов (Карпати) и Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт). Во одбраната ќе се борат за место Бобан Грнчаров (АПОЕЛ), Игор Митревски (Нефчи), Николче Новески (Мајнц) и Ванче Шиков (Етникос).За настап во средниот ред конкурираат Александар Лазевски (Партизан), Величе Шумуликовски (Новосибирск), Филип Деспотовски (Интер Баку), Дарко Тасевски (Левски), Горан Попов (Динамо Киев), Мухамед Демири (Тун), Марио Ѓуровски (Металург Доњецк), Славчо Георгиевски (Нефчи), Арменд Алими (Истра).Во нападот се Стевица Ристиќ (Амкар Перм), Иван Тричковски (АПОЕЛ), Илчо Наумоски (Матерсбург) и Горан Пандев (Интер Милано).Репрезентацијата патува на подготовки во Охрид на 21 март, ќе се тренира два пати дневно на Билјанини извори. Мечот со Ирска се игра на 26 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Проблем за Јунајтед, Доргу ќе пропушти осум натпревари
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу (21), ќе биде надвор од терените околу десет недели поради повреда на тетивата, објави новинарката Лори Витвел.
Данскиот репрезентативец се повреди во победата од 3:2 против Арсенал во неделата. Во тој натпревар, тој постигна и спектакуларен гол во второто полувреме.
Иако на почетокот се чинеше дека станува збор само за грч, тестовите ја потврдија повреда.
21-годишникот е во одлична форма во последните недели, постигна пет гола во последните седум првенствени натпревари на Јунајтед.
Доргу беше во почетниот состав и постигна гол во првите два натпревари под привремениот тренер Мајкл Карик, каде што играше на левото крило во системот 4-2-3-1.
Данецот веројатно ќе пропушти осум од преостанатите 15 натпревари во Премиер лигата и се очекува да биде подготвен за полуфиналниот бараж, за пласман на Светското првенство, на 26 март против Македонија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Јилдиз за поголема плата ќе остане во Јувентус
Јувентус наскоро ќе го продолжи договорот со Кенан Јилдиз. 20-годишниот Турчин е означен како централна фигура на новиот проект на клубот.
Јилдеиз во 2022 година притигна во Јувентус. Италијанскиот клуб успеа да го донесе без обесштетување од Баерн.
Тој, последните 12 месеци, беше мета на многу европски гиганти, со оглед на тоа што игра во Јувентус за 1.500.000 евра по сезона. Сепак прво реши да преговара со клубот и дете страни експресно постигнаа договор.
Според „Тутоспорт“, според новиот договор, Јилдиз ќе заработува 6.000.000 евра по сезона.
Јилдиз, заедно со Дејвид е ја има најголемата плата, пред него ќе биде само Душан Влаховиќ, кој заработува 12.000.000 евра годишно, но тој ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона.
Јилдиз оваа сезона одигра 29 натпревари во сите натпреварувања за Јувентус, постигна девет гола и забележа осум асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алкараз преку Де Минор до првото полуфинале на АО во кариерата
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до првото полуфинале на Австралија Опен во кариерата.
Карлос Алкараз го победи Алекс де Минор со 3-0 во сетови (7:5, 6:2, 6:1).
Шпанецот дојде до шестата победа во исто толку дуели со Астралијанецот, а на патот до полуфиналето не загуби ниту еден сет.
Интересно е што ова е само прв пат шесткратниот шампион на Гренд слем да стигне до полуфиналето на АО, откако беше елиминиран во четвртфиналето минатата сезона и прексиноќа.
Алкараз само во првиот сет имаше проблем со Де Минор. Откако со брејк дојде до 3:0, му дозволи на противникот да се врати, сервираше за сет во деветтиот гем, но домашните тенсер уште еднаш се врати во мечот. Подоцна цо 12-от гем, Алкараз ја искористи втората сет топка.
Вториот и третиот сет, Шпанецот рутински ги реши.
Алкараз во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев, кој исто така во три сета славеше ротив Лернер Тиен.
Fot/ depositphotos

