Контакт

Спорт

Донован ќе ги предводи САД на контролките со Аргентина и Парагвај

Објавено пред

Ѕвездите на американската фудбалска репрезентација Лендон Донован и Клинт Демпси ќе го предводат тимот на контролните средби против Аргентина и Парагвај кон крајот на овој месец.

Ѕвездите на американската фудбалска репрезентација Лендон Донован и Клинт Демпси ќе го предводат тимот на контролните средби против Аргентина и Парагвај кон крајот на овој месец.Тимот ќе биде составен од осум играчи кои настапуваат во Англија, по четворица кои играат во Германија и во САД и по еден играч што настапува во првенствата на Белгија, Данска, Франција, Мексико, Холандија, Норвешка, Шкотска и Турција.Во националниот тим селекторот Боб Бредли повика тројца дебитанти: голманот на Дуисбург Дејвид Јелдел, и одбранбените играчи Тимоти Чендлер (Нирнберг) и Зек Вајтбред (Норвич). Пријателските мечеви се во рамки на подготовките на САД за настапите во Конкакаф купот против Канада, Панама и Гвадалупе./крај/м.н



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Почина славниот капитен на КК Партизан, Миленко Савовиќ

Објавено пред

Миленко Савовиќ, поранешниот српски кошаркар и легенда на Партизан, Миленко Савовиќ почина на 61 година, објавија српските медиуми.

Савовиќ кариерата ја почна во 1977 година со Партизан, со кои освои три титули во поранешна Југославија, три Купови на Радивое Кораќ и два југословенски купа. Во Партизан тој играше 12 години, станувајќи миленик на навивачите, кои му дадоа прекар „Свети Сава“.

По крајот на кошаркарската кариера, тој беше директор на Партизан, во периодот кога клубот ги имаше најголемите успеси, односно ја освои европската титула во 1992 година.

Според српските медиуми, тој бил примен во болница уште пред еден месец поради компликации со КОВИД-19.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

Објавено пред

Лука Дончиќ како да е создаден да поставува рекорди. Најмногу на кошаркарскиот терен, а сега и кај лудите колекционери на спортски картички.

На неговиот 22. роденден, негова руки-картичка со автограм е продадена за астрономски 4.6 милиони долари, јавуваат американските медиуми, поставувајќи рекорд кога се работи за НБА-играчите.

Минатата година дебитантска картичка на Јанис Адетокумбо и на Леброн Џејмс е продадена за 1.8 милиони долари, додека картичка со автограм на Мајкл Џордан од Ол-стар натпреварот во 1992 година, достигна 1.4 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bolillo Lajan San (@shyne150)

Прикажи повеќе...

Спорт

Иванишевиќ: Новак може да паузира до сезоната на земја

Објавено пред

Горан Иванишевиќ, тренерот на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ, очекува Србинот да паузира цел месец до стартот на сезоната на земја за да се опорави од скинатиот стомачен мускул добиен при победата на Австралија опен.

Самиот Ѓоковиќ изјави дека ја влошил повредата со одлуката да продолжи да игра, и сега Иванишевиќ вели дека е реално да се очекува тој да паузира од тениските терени до април. Србинот се повреди во текот на третото коло против Американецот Тејлор Фриц, а и покрај најавите дека ќе се повлече, тој стигна до победа над Данил Медведев и 18-та гренд слем титула.

„Многу работи зависат од тоа како ќе тече опоравувањето, но мислам дека нема потреба да се брзаме. Единствен турнир до април на кој може да настапи може да биде Мајами, кој стартува на 24 март“, вели Иванишевиќ.

Сезоната на земја стартува на 5 април, а првиот Мастерс е во Монте Карло на 11 април.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Свет3 часа

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија5 часа

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија7 часа

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија7 часа

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион9 часа

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија10 часа

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа11 час

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Свет11 час

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе почнат во средината на март во САД,...

Топ12 часа

Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба,...

Свет12 часа

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија14 часа

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот, со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувањето...

Свет23 часа

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Регион24 часа

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки. Според нив,...

Македонија1 ден

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија1 ден

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија1 ден

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Топ1 ден

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија1 ден

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион1 ден

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Досие