Спорт
Вардар – Работнички дерби во Првата МФЛ

Со натпреварите од 22-то коло, денеска продолжува фудбалскиот шампионат на Македонија.
Со натпреварите од 22-то коло, денеска продолжува фудбалскиот шампионат на Македонија. Најпривлечната средба ќе се одигра на „Филип Втори“ каде Вардар ќе го пречека Работнички. Позициите на табелата пред дуелот на двата тима се дијаметрално спротивни, Работнички е на третото место, додека Вардар е претпоследен. Лидерот во првенството, Шкендија патува во Битола на дуел со Пелистер, додека актуелниот шампион Ренова ќе го пречека Силекс. На другите натпревари: Скопје-Брегалница, Напредок-Тетекс и Турново-Металург.Сите натпревари во Првата МФЛ денеска ќе започнат во 14 часот. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
УФЦ: Петр Јан дисквалификуван по бруталното колено, Махачев победи со Хабиб во аголот

Рускиот УФЦ шампион во бантам категорија, Петр Јан беше дисквалификуван и ја загуби титулата по нелегален удар со колено на УФЦ 259 против Американецот Алџамајн Стерлинг.
Во четвртата рунда од мечот во Лас Вегас, Јан го удри со колено во главата, додека тој беше на едно колено, што е апсолутно нелегален потег и судијата Марк Смит веднаш го дисквалификуваше.
„Се извинувам и му посакувам брзо опоравување на противникот. Не планирава да направам нелегален удар, но направив грешка и платив за тоа“, напиша Јан на Твитер.
Русинот водеше кај двајца од тројцата судии во тој момент и беше на добар пат да ја одбрани титулата која ја освои против Хозе Алдо минатиот јули.
you cant do that. #UFC259 pic.twitter.com/uxFBb26YCA
— Tony X (@soIoucity) March 7, 2021
Неговиот сонародник, Ислам Махачев, во својот прв меч од септември 2019 година со Хабиб Нурмагомедов во аголот, го победи Американецот Дру Добер и веднаш го повика Тони Фергусон на меч. Откако доминираше во текот на целиот, меч, Махачев го примора противникот да се предаде на подог во третата рунда.
THE REAL DEAL!
🇷🇺 @MakhachevMMA displayed why he has top five potential.
[ Watch the #UFC259 PPV: https://t.co/RtY8CF7PWc ] pic.twitter.com/rAT87BkQRO
— UFC (@ufc) March 7, 2021
Кај дамите пак, Аманда Нунеш покажа дека е најдоминантната фајтерка на својата генерација, откако двократната шампионка ја совлада Меган Андерсон во првата рунда во меч во перо категорија.
Колку беше доминантна Бразилката покажува тоа што мечот траеше само 2 минути и 3 секунди и ова е 12-та победа во низа за Нунеш.
GOAT STATUS.
🏆🏆 @Amanda_Leoa didn't need long! #UFC259 pic.twitter.com/LADS0snV0b
— UFC (@ufc) March 7, 2021
Спорт
УФЦ: „Полска моќ“ на дело – Блахович му го нанесе првиот пораз на Адесања

Полјакот Јан Блахович стави крај на сонот на Израел Адесања да влезе во УФЦ историјата, користејќи ја својата сила и големина за да победи на поени и да ја заддржи титулата во средно-тешка категорија во главниот меч на УФЦ 259 во Лас Вегас.
Новозеланѓанецот со нигериско потекло, Адесања, кој е актуелен шампион во лесна категорија со 20-0 скор, се обидуваше да стане само петтиот УФЦ фајтер со два појаси, но не успеа да остане на нозе во последните две рунди, примајќи удари кои едноставно не можеше да ги одбрани. Судиите му дадоа 49:45 двапати и 49:46 на Полјакот.
„Ќе беше подобро да го нокаутирав, но и вака оваа победа ми е една од омилените, бидејќи тој е еден од најдобрите на светот. Тоа значи дека сега јас сум еден од најдобрите на светот. Многу почит кон него, но мислам дека и јас заслужувам почит“, вели Блахович.
Спорт
Го нема Роналдо тука е Мората – Јувентус го победи Лацио

Јувентус, со пресврт, го доби дербито против Лацио со 3:1. На Лацио им пресуди Алваро Мората кој за три минути постигна два гола.
Играчите на Лацио, подобро влегоа во натпреварот, го имаа поседот, ја контролираа играта, а откако слободниот удар на Милинковиќ-Савиќ заврши крај голот, во 14.минута Хоакин Кореа го совлада Шчешни.
По примениот гол, Андреа Пирло, ја смени формацијата и Јувентус заиграа подобро. Во финишот на првоот полувреме Рабио го израмни резултатот.
Во второто полувреме се случи во периодот од 56 до 60 минута.
Милинковиќ-Савиќ во 56.минута од тешка позиција ја погоди гредата, а во наредниот напад Мората го совлада сонародникот Реина.
Три минути подоцна Милинковиќ-Савиќ без потреба напраи фаул врз Рамзи пред својот гол. Пеналот го реализираше Мората.
Кристијано Роналдо натпреварот го започна од клупата за резерви, на теренот влезе во 65.минута.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“