Контакт

Спорт

Мајами со две победи за 24 часа

Објавено пред

Откако претходниот ден славеа во Атланта, Мајами ја забележа и втората победа во рок од 24 часа.

Откако претходниот ден славеа во Атланта, Мајами ја забележа и втората победа во рок од 24 часа. Овој пат во својата арена го победија Денвер Нагетс со 103:98. Леброн Џејмс уште еднаш беше најефикасен. Овој пат постигна 33 поени, а имаше и 6 скокови. Еден поен помалку постигна Двен Вејд, а Крис Бош имаше 18 поени и 11 скокови.Во тимот на Денвер најдобри поединци беа Џеј Ар Смит (27 п.) и Данило Галинари (23 п.).Останати резултати:Л.А. Клиперс – Кливленд 100:92 (Блејк Грифин 30 п. 8 ск. 8 ас. Ерик Гордон 29 п. / Џеј Џеј Хиксон 28 п. 9 ск)Мемфис – Индијана 99:78 (Тони Ален 19 п. 11 ск. Зек Рендолф 17 п. 10 ск. / Дени Грејнџеј 17п. 5 ск.)Њу Ореланс – Бостон 85:89 (Дејвид Вест 32 п. 8 ск. Марко Белинели 23 п. / Глен Дејвис 20 п. 8 ск.)Сан Антонио – Шарлот 109:98 (Стив Новак 19 п. / Џералд Хендерсон 19 п.)Портланд – Филаделфија 110:101 (Весли Метјус 28 п. 6 ск. Џералд Волис 25 п. 8 ас. / Луис Вилијамс 24 п., Тадеуш Јанг 19 п. 6 ск. Крај/макфакс/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ф1 и оваа година ќе се вози во Португалија

Објавено пред

Челниците на Формула 1 потврдија дека трката за Големата награда на Португалија ќе се вози и оваа година. Според најновиот распоред, Португалија ќе биде третата трка во календарот. Викендот во Портимао ќе се одржи од 30.април до 2.мај. Минатата сезона Формула 1 дебитираше во Портимао.

Коронавирусот предизвикува организациски проблеми во календарот. Трката во Австралија, со која традиционално започнува сезоната, ќе се вози на 21.ноември, додека Големата награда на Кина нема да се вози и оваа година.

Сезоната во Формула 1 ќе започне на 28.март, со трката за Големата награда на Бахреин. Трката на патеката „Сакир“, е прва од рекордните 23 трки што ќе се возат оваа година.

Прикажи повеќе...

Спорт

НБА: Победи за Портланд, Милвоки, Денвер…

Објавено пред

Девет напревари се одиграа во НБА-лигата пред паузата поради олстар-натпреварот, кој ќе се одигра в недела.

Во најдраматичниот натпревар Милвоки победи во Мемфис со 112:111. Победата ја реши Џру Холидеј со поените постигнати на пет секунди до крајот на натпреварот. Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки со 26 поени и 11 скока, на спротивната страна најдобар беше Џа Морент со 35 поени.

Драматично беше и во Портланд, каде што Демијан Лилард на својот тим му ја обезбеди победата над Сакраменто 123.119. Лилард 10 од своите 44 поени постигна во последните три минути. Брилијантен меч за Портланд одигра и Енес Кантер (22 поени и 21 скок). 32 поена за Сакраменто постигна Диерон Фокс.

 

Вашингтон ја продлабочи кризата на ЛА Клиперс. Вашингтон победи 119:117 предводен од првиот стрелец во лигата Бредли Бил, кој постигна 33 поени, Расел Вестбрук забележа 27 поени, девет скока и 11 асистенции. Клипрс го запиша шестиот пораз на последните 10 натпревари. Ивица Зубац имаше дабл-дабл од 13 поени и исто толку скокови, а Каваи Ленард постигна 22 поена.

Четвртата победа во низа Денвер Нагетс ја забележа против Индијана Пејсерс. Нагетс победи 113:103. Мајкл Порттер јуниор го предводеше Денвер со 24 поени и 12 скока, Никола Јокиќ имаше 20 поени, 12 скока и осум асистенции.

Резултати:

Бостон – Торонто 132:125
Вашингтон – ЛА Клиперс 119:117
Њујорк – Детроит 114:104
Индијана – Денвер 103:113
Мемфис – Милвоки 111:112
Њу Орлеанс – Мајами 93:103
Сан Антонио – Оклахома 102:107
Финикс – Голден стејт 120:98
Портланд – Сакраменто 123:119

Прикажи повеќе...

Спорт

Историски неуспех на Ливерпул

Објавено пред

По испишувањето на најславните страници во клупската историја, Јирген Клоп со Ливерпул сега ги пишува најсрамните страници во клупската историја.

Екипата, која во 2019 година ја освои титулата во Лигата на шампионите, потоа доминира во Премиер лигата, сега не знае да победи на домашен терен.

Ливерпул имаа една нестварна серија, 68 натпревари не беа поразени на „Енфилд“, а сега не може никого да победи на домашен терен.

„Црвените“ синоќа во дербито беа поразени од Челси (0:1). Ова е петти пораз по ред за Ливерпул, а вкупно седми на кој нема победа на „Енфилд“.

Последен пат Ливерпул како домаќини победил на 16 декември минатата година против Тотенхем (2:1).

По Тотенхем, играше нерешено со Манчестер јунајтед (0:0) и ВБА (1:1), а потоа влезе во серијата порази: Барнли (0:1), Брајтон (0:1), Манчестер сити (1:4), Евертон (0:2), Челси (0:1).

Катастрофалната низа Ливерпул има можност да ја прекине в недела кога ќе го пречека Фулам.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Засилени инспекции во Маврово: Голем број хотели директно ги испуштаат отпадните води во езерото

По претставка на граѓани, Државниот инспекторат за животна средина врши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот парк...

Топ46 минути

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „ По претходна...

Регион1 час

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа2 часа

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет2 часа

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија2 часа

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион2 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет3 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа4 часа

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет4 часа

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет15 часа

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија16 часа

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет18 часа

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет19 часа

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Македонија22 часа

Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија22 часа

„Фајзер-Бионтек“ ќе ни достави вкупно 800.280 вакцини, овој месец ќе пристигнат првите 21.000

Компанијата „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Северна Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини, а испораката ќе се одвива во...

Македонија1 ден

МВР: Внимателно на социјалните мрежи, на „Тик-ток“ се шират повици опасни за малолетниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната...

Регион1 ден

(Видео) Грција ја проценува штетата по земјотресот, десетици жители ја поминаа ноќта надвор

Експертите денес ја проценуваат штетата по земјотресот со јачина од 6,3 степени, што го погоди централниот дел на Грција, кога...

Македонија1 ден

Иницијативата за конгрес: Мицкоски лажеше дека има мнозинство, партијата доби ладен туш

Сè уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски треба да ги стави интересите на државата и на партијата пред сопствените и да...

Македонија1 ден

Мнозинството е стабилно, велат од СДСМ по гласањето доверба на Владата

Мнозинството во Собранието е стабилно, Владата има силна поддршка, велат утрово од СДСМ, откако вчера 62 пратеници гласаа за доверба...

Досие