Контакт

Спорт

Либија ќе го игра мечот од Купот на нации во Мали

Објавено пред

Воената состојба во Либија не беше пречка фудбалските репрезентативци на оваа земја да го одиграат квалифкацискиот меч од Африканскиот куп на нации против Коморските острови

Сепак мечот на кој Либија е домаќин нема да се игра на либиска територија, туку натпреварот ќе се одржи во Бамако, Мали.Селектор на Либија е Бразилецот Маркос Пакета, којто по избувнувањето на воениот судир замина во родната земја. Тој в петок ќе допатува во Бамако, но не знае кој од фудбалерите ќе дојде да го игра мечот и во каква психичка состојба се играчите. Во либиската репрезентација само двајца фудбалери настапуваат во странство, Махамат во Беира Мар (Португалија) и Зајед во Дери Сити (Ирска). Во досегашните средби Либија играше на гости 0:0 со Мозамбик, а дома ја победи Замбија со 1:0.Либија треба да прати и млади фудбалери во Јужна Африка кои треба да одиграат меч со домашната соодветна репрезентација во рамки на квалификациите за Олимписките игри во Лондон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Совршен февруари за Матју Фавр – прво две злата, сега победа во Банско

Објавено пред

Двократниот светски шампион, французинот Матју Фавр стигна до импресивна победа на велеслаломот од Светскиот куп во бугарскиот ски-центар Банско, остварувајќи го првиот триумф по пауза од четири години.

Французинот имаше две импресивни возења поставувајќи две најдобри времиња за да го победи Швајцарецот Марко Одермат и сонародникот Алексис Пинтуро за совршен камбек откако на вчерашната трка заврши на второто место.

Одермат со второто место се доближи на само 45 поени зад лидерот во генерален пласман Алексис Пинтуро, додека Филип Зубчиќ по вчерашната победа, имаше лошо прво возење и Хрватот се задоволи со 14. место. Фавр, кој освои две злата на неодамна завршеното Светско првенство, сега е петти во генерален пласман во велеслалом на две трки до крајот на сезоната.

Прикажи повеќе...

Спорт

Сунинг се откажа од кинескиот шампион, дали следен е Интер?

Објавено пред

Шампионот од кинеската Суперлига, Џиангсу ФЦ веќе не функционира, потврдија сопствениците „Сунинг“ во неделата во засрамувачки развој на настаните во кинескиот фудбал, кој исто така донесе многу шпекулации околу иднината на далеку пославниот тим во сопственост на „Сунинг“, италијанскиот Интер.

„Сунинг“ го купи Џиангсу во 2015 година, и го оствари најголемиот успех, титулата од тешката Суперлига, но по колапсот на пазарот поради КОВИД-19, сопственикот Жанг Џиндонг им соопшти дека клубот е на продажба за 1 цент, иако тој што сака да го купи ќе мора да ги преземе и долговите.

Кинеската власт во последно време ги ограничи парите кои што можат компаниите да ги вложуваат во своите клубови, а на Џиангсу им нареди да го сменат името од Џиангсу Сунинг.

Во Италија пак, подолго време се шпекулира дека „Сунинг“ бара инвеститор, односно партнер кој би внесол свеж капитал во Интер, иако не се отфрла можноста некој целосно да го преземе клубот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Брињоне се израмни со Компањони, страотен пад на Викхоф

Објавено пред

Федерика Брињоне по разочарувачкиот настап на Светското првенство, се врати на победите во Светскиот куп со триумф на домашен снег на супер-џи трката во Вал ди Фаса, така остварувајќи ја својата 16. победа од СК, со што се израмни со легендарната италијанска скијачка Дебора Компањони.

Брињоне беше за 0.59 секунди побрза од фантастичната Швајцарка Лара Гут-Бехрами, додека третото место отиде кај уште една Швајцарка, Корин Сутер со 0.72 секунди послабо време. Во топ 5 беа уште две Италијанки – Елена Куртони и Франческа Марсаља

„Прекрасно достигнување е да се стигне Компањони, но не планирам да застанам тука. Имам уште иднина во овој спорт и многу соништа“, вели Брињоне.

Трката исто така ја одбележи и страотниот пад на 22-годишната Норвежанка Кајса Викхоф, која при огромна брзина се удри во заштитната ограда и веднаш со хеликоптер беше однесена во болница. Се верува дека има скршеница на нозете.



Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

СДСМ: Немаме допирни точки со изнесените ставови на Љубчо Георгиевски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се согласува со предлогот што го изнесе експремиерот, Љубчо Георгиевски, за решавање на спорот со...

Топ2 часа

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија3 часа

Пандемијата покажа дека е потребен комплетен ресет на општествениот систем, рече професорот Даниловски

Пандемијата ја истакна важноста на глобалната соработка, ни покажа дека целото човештво се наоѓа на ист брод, дека сите сме...

Македонија4 часа

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион5 часа

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет5 часа

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство. Полицијата...

Свет19 часа

(Видео) На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од Лондон

Санта мраз, поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната...

Македонија20 часа

Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да...

Македонија21 час

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ. Екипа на Брза помош му помогнала...

Македонија21 час

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на протестот

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за...

Македонија22 часа

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Европа23 часа

Коронавирусот повторно ја затвора Европа

Повеќето европски земји повторно се одлучија за затворање и построги мерки за справување со новиот бран на коронавирус, откако новите...

Македонија1 ден

Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари...

Македонија1 ден

Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово информираше на социјалните мрежи дека е заразен со Ковид-19. „По забележаните првични полесни симптоми,...

Македонија1 ден

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот. Иселениците ќе можат апликацијата за самопопишување да ја најдат на веб...

Македонија1 ден

Владата: Напаѓачите на новинарите ќе бидат казнети

Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите на вчерашниот протест по судските одлуки за случајот „Монструм“ и најави дека ќе...

Свет1 ден

„Модерна“ почнува со тестирање на вакцини против јужноафриканскиот вид на коронавирус

Во САД следниот месец ќе почнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Како што...

Македонија1 ден

СДСМ по пресудата за Мијалков: Се случува правда, законите важат за сите

Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите...

Македонија1 ден

Oпозицијата бара одговорност за состојбата со вакцините

На прагот на март во Македонија нема ни една вакцина, Филипче најави дека ќе доцнат и кинеските, одговорност мора да...

Регион2 дена

Брнабиќ: Луѓето се опуштија и мислат дека е готово, апелираме до сите да станат сериозни

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, посочи дека луѓето се опуштиле и дека тоа може да се забележи според бројот на...

Досие