Спорт
Георге Хаџи доби отказ во Галатасарај

Само пет месеци откако го замени на клупата на Бешикташ Франк Рајкард, прославениот поранешен романски фудбалер, а сега тренер Георге Хаџи доби отказ.
Само пет месеци откако го замени на клупата на Бешикташ Франк Рајкард, прославениот поранешен романски фудбалер, а сега тренер Георге Хаџи доби отказ.И под водство на Хаџи, Бешикташ, еден од најтрофејните турски клубови продолжи со лоши игри и е на 11 место во првата турска лига со цели 27 бодови помалку од водечкиот Фенербахче. Хаџи или Марадона од Карпатите во Галатасарај играл како фудбалер во периодот 1996 – 2001 година, а како тренер и претходно го водел клубот во 2004-2005 година. Во октомври минатата година по трет пат дојде во Истанбул, но овој пат тоа заврши неславно. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јунајтед и Лајпциг го договориле трансферот на Шешко

Бенјамин Шешко (22) наскоро ќе стане нов играч на Манчестер јунајтед, објави попладнево Фабрицио Романо. Најпознатиот светски експерт за трансфери на фудбалери ги објави деталите за трансферот. Јунајтед ќе плати 76,5 милиони евра фиксна отштета на германскиот РБ Лајпциг за словенечкиот напаѓач, со 8,5 милиони потенцијални бонуси.
Вечерва, Шешко ќе отпатува за Англија во друштво на своите менаџери, каде што треба да ги мине лекарски прегледи и да го потпише договорот утре.
Словенецот ќе потпише договор до 2030 година, а износот на платата што ќе ја заработува сè уште не е познат.
Шешко, инатата сезона постигна 21 гол за германскиот бундеслигаш на 45 настапи, вклучувајќи четири гола во Лигата на шампионите. Тој веќе има 41 настап за словенечката репрезентација и постигнато 16 гола.
Да ве потсетиме, Рубен Аморим и Јунајтед веќе некое време составуваат нов напад на „Олд Трафорд“. Претходно во овој преоден рок пристигнаа Брајан Мбеумо од Брентфорд и Матеус Куња од Вулверхемптон, секој за 75 милиони евра отштета. Вкупно, Јунајтед инвестираше околу 225 милиони евра во формирање на ново напаѓачко трио.
Спорт
Објавена е листата на кандидати за Златната топка

Магазинот „Франс фудбал“ денес ја објави листата од 30 фудбалери номинирани за Златната топка (Ballon d’Or), која се доделува на најдобриот играч во светот.
На листата, која беше објавена на социјалната мрежа „“, се наоѓаат девет фудбалери на Пари Сен Жермен:: Усман Дембеле, Витиња, Џанлуиџи Донарума, Нуно Мендеш, Дезире Дуе, Хвича Кварацкелија, Ашраф Хакими, Жоао Невес и Фабијан Руиз.
Фудбалерите на ПСЖ ја освоија Лигата на шампионите минатата сезона, откако во финалето го победија Интер со 5:0.
Меѓу кандидатите за Златната топка се фудбалерите на : Ламин Џамал, Рафиња, Педри и Роберт Левандовски, како и играчите на Реал, Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор.
На листата на кандидати за Златната топка се наоѓаат и Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Флоријан Вирц (Леверкузен/Ливерпул), Кол Палмер (Челзи), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Алексис Мекалистер (Ливерпул), Мохамед Салах (Ливерпул), Дензел Дамфрис (Интер), Лаутаро Мартинез (Интер), Скот Мектомини (Наполи), Мајкл е (Баерн), Хари Кејн (Баерн), Серу Гираси (Борусија Дортмунд), Виктор Ѓекереш (Спортинг, Арсенал) и Деклан Рајс (Арсенал).
Here are the 2025 Ballon d'Or nominees!#ballondor pic.twitter.com/tehmbU4R0j
— Ballon d'Or (@ballondor) August 7, 2025
По еден фудбалски новинар од секоја од 100-те најдобро рангирани земји на ранг-листата на ФИФА го даваат својот глас за победникот на Златната топка.
Кандидати за најдобар млад фудбалер за трофејот „Копа“ се: Пау Кубарси (Барселона), Дезире Дуе (ПСЖ), Ајуб Буади (Лил), Естевао (Палмеирас, Челзи), Дин Хајсен (Бурнмут/ Реал Мадрид), Родриго Мора (Порто), Ламин Јамал (Барселона) и Кенан Јилдиз (Јувентус).
Алисон Бекер (Ливерпул), Јасин Боно (Ал Хилал), Тибо Куртоа (Реал), Лука Шевалие (Лил), Јан Зомер (Интер), Мак Селс (Нотингем Форест), Давид Раја (Арсенал), Јан Облак (Атлетико), Емилијано Мартинез (Астон Вила) и Џанлуиџи Донарума (ПСЖ) се натпреваруваат за наградата за најдобар голман за трофејот „Јашин“.
Кандидати за најдобар тренер се Ханси Флик (Барселона), Луис Енрике (ПСЖ), Антонио Конте (Наполи), Енцо Мареска (Челзи) и Арне Слот (Ливерпул).
Во конкуренција за најдобар клуб се: ПСЖ, Ливерпул, Челзи, Барселона и Ботафого.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 22 септември во Париз.
Foto/ EPA/CJ GUNTHER
Спорт
НБА-шампион во забивање ја засили Басконија

Нов играч на кошаркарскиот клуб Басконија е Хамиду Диало (27), победникот на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот, во 2019 година.
Диало е уште еден во низата кошаркари со солидна НБА репутација кои ова лето решија да се натреваруваат во Евролигата.
„Басконија додаде атлетизам во својот состав со тоа што го потпиша крилниот играч Хамиду Диал на две години“, објави клубот од Виторија.
Родениот во Квинс пристигнува по сезона со Шанкси Лангс, во Кина, каде што имаше просек од 22,5 поени, 7,3 скока и 3,1 асистенции по натпревар.
Својот најдобар натпревар го одигра во Кина против Жеџијанг кога постигна 46 поени.
Покрај американскиот пасош, тој има и пасош на Гвинеја.
Во својата кариера, одигра 256 натпревари во најсилната лига, беше драфтуван во 2018 година од Оклахома, по што играше и за Детроит, Бруклин и Вашингтон.