Контакт

Спорт

Жалба на одлуката за симнување на суспензијата на Контадор

Објавено пред

Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ) најави дека ќе вложи жалба на одлуката на Велосипедската федерација на Шпанија со која на велосипедскиот ас и победникот на Трката околу Франција Алберто Контадор му беше укината суспензијата.

Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ) најави дека ќе вложи жалба на одлуката на Велосипедската федерација на Шпанија со која на велосипедскиот ас и победникот на Трката околу Франција Алберто Контадор му беше укината суспензијата.Контадор на Тур Д Франс беше позитивен на допинг тестот, на кој беше утврдено присуство на Кленбутерол. Контадор вложи жалба на изречената суспензија тврдејќи дека не земал допинг туку резултатот е поради јадење контаминирано месо. Шпанскиот велосипедски сојуз најнапред му изрече едногодишна суспензија, а потоа истата му ја укина. УЦИ жалбата ќе ја вложи на меѓународна арбитража во Лозана.  /крај/макфакс/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Без навивачи од странство на ОИ во Токио

Објавено пред

Без навивачи од странство, од 23.јули до 8.август, ќе се одржат Олимписките игри во Токио. Оваа одлука треба да биде потврдена до крајот на овој месец.

Јапонските власти и членовите на Организациониот одбор, стравуваат дека пристигнувањето на луѓе од други држави, може да го забрза ширењето на коронавирусот. Се претпоставува дека на мал број домашни навивачи ќе им биде дозволено во живо да ги следат настаните на олимписките игри.

„Сакаме сите учесници на Игрите да бидат безбедни, но сакаме да бидат безбедни и жителите на Токио. Водиме сметка за сите детали, не сакаме никој да биде загрозен“, рекол првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах.

Кога станува збор за новинарите, тиме по пристигнувањето во Токио нема да мора да одат во 14-дневна изолација. Новинарите ќе треба да имаат негативни ПЦР-тестови и нивното движење додека траат Игрите ќе биде ограничено.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јувентус против Наполи на 17.март

Објавено пред

Серија А потврди дека одложениот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи ќе се одигра на 17.март во Торино, со почеток во 17.45 часот.

Овој натпревар предизвика вистинска конфузија во Италија. Првично требаше да се одигра на 4.октомври минатата година, меѓутоа здравствените власти на Неапол им забранија на фудбалерите на Наполи да отпатуваат во Торино.

Серија А неколку дена потоа го регистрираше натпреварот со 3:0 за Јувентус.

Меѓутоа Наполи ја обжалија одлуката, по што Судот пресуди во нивна корист и ја поништи одлуката на Серија А.

Неодамна овие два тима играа во Неапол, победи Наполи со 1:0, со голот на Инсиње од пенал.

Прикажи повеќе...

Спорт

Шок во Ротердам, од турнирот испаднаа Медведев и Зверев

Објавено пред

Големите фаворити за титулата во Ротердам, Данил Медведев и Александар Зверев, го завршија својот настап на овој АТП турнир од серијата 500. Тенисерите кои на АТП листата се наоѓаат на третото, односно седмото место, испаднаа од Душан Лајовиќ и Александар Бублик.

Во отсуство на двајцата најдобри во светот, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, статусот на прв носител во Ротердам го доби Медведев. Рускиот тенисер, кој неодамна играше во финалето на Австралија опен, испадна од 27. на АТП листата, Душан Лајовиќ.

Српскиот тенисер забележа победа по 96 минути игра. Лајовиќ првиот сет го доби во тај-брејк со 7:4, а во вториот клучниот брејк го направи во деветтиот гем, откако во претходниот успеа да спаси две топки за брејк.

Медведев со овој пораз ја испушти можноста да го мине Надал на второто место. За таков резултат требаше да се пласира во финалето на турнирот.

Лајовиќ во наредното коло за противник ќе го има Борна Чориќ.

Третиот носител во Ротердам, четврт-финалист на Австралија опен, Александар Зверев за 79 минути игра загуби со 5:7, 3:6 од 43. на АТП листата, Александар Бублик. За тенисерот од Казахстан ова е прва победа над играч од Топ 10.

Двата сета се играа по исто сценарио. Зврев направи брејк на стартот и на првиот и на вториот сет, Бублик експресно возвраќаше, а потоа правеше уште по еден брејк во клучните моменти.

Противник на Бублик во наредното коло ќе му биде Американецот Томи Пол.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред...

Македонија54 минути

Заев побара парламентот да гласа за доверба на Владата

Премиерот Зоран Заев побара од пратениците да гласаат за доверба на Владата. Тој посочи дека во последниот период кружат лажни...

Македонија2 часа

Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија2 часа

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го...

Македонија3 часа

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што...

Регион6 часа

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион6 часа

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет7 часа

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион7 часа

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет7 часа

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа7 часа

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет8 часа

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија23 часа

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија1 ден

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет1 ден

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ1 ден

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија1 ден

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа1 ден

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет1 ден

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет1 ден

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Досие