Спорт
Фетел на пол-позицијата во „Алберт парк“
Себастијан Фетел, актуелниот светски првак, од пол-позицијата на трката за големата награда на Австралија ќе ја започне одбраната на титулата во шампионатот во Ф1.
Себастијан Фетел, актуелниот светски првак, од пол-позицијата на трката за големата награда на Австралија ќе ја започне одбраната на титулата во шампионатот во Ф1.
Најмладиот светски првак во историјата на Ф1 до првата стартна позиција пред утрешната трка во Мелбурн дојде откако со својот Ред Бул патеката „Алберт парк“ ја мина со време од 1:23.529 минути.
Покрај Фетел, место во првиот стартен ред избори светскиот првак од 2009 година, Британецот Луис Хамилтон на Мекларен Мерцедес. Колегите на Фетел и Хамилтон го комплетираа вториот стартен ред, Марк Вебер е на третата, а Џенсон Батон на четвртата позиција. Зад најдобрите четворица ќе стартува Фернандо Алонсо на Ферари, а до него во третиот ред ќе биде изненадувањето, Виталиј Петров на Лотус Рено.
Најдобрите десет на квалификациите ги комплетираа Нико Розберг (Мерцедес), Фелипе Маса (Ферари), Камуи Кобајаши (Заубер) и Себастијан Буеми (Торо Росо). крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

