Спорт
Србија се врати во живот, во групата Ц

Шест натпревари, во пет групи се одиграни во рамките на квалификациите за пласман на Еуро 2012. Италија и Србија забележаа победи во рамките на Ц групата, во Љубљана Италија со голот на Тиаго Мота ја победи Словенија и се одвои од конкурентите на првото место на табелата
Србија во Белград пред празни трибини на Маракана, мечот го проследија само 270 навивачи на Северна Ирска, го победи противникот со 2:1. Меколи во финишот на првото полувреме го отвори резултатот, целосен пресврт во вториот дел направија Пантелиќ и Тошиќ. Со оваа победа Србија ги врати шансите за освојување на второто место во групата. Франција очекувано во Д групата победи во Луксембург со 2:0, Мексес и Гуркуф стрелци на головите. Белгија во А групата во Виена ја победи Австрија со 2:0, двата гола ги постигна Витсел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ф1 и оваа година ќе се вози во Португалија

Челниците на Формула 1 потврдија дека трката за Големата награда на Португалија ќе се вози и оваа година. Според најновиот распоред, Португалија ќе биде третата трка во календарот. Викендот во Портимао ќе се одржи од 30.април до 2.мај. Минатата сезона Формула 1 дебитираше во Портимао.
Коронавирусот предизвикува организациски проблеми во календарот. Трката во Австралија, со која традиционално започнува сезоната, ќе се вози на 21.ноември, додека Големата награда на Кина нема да се вози и оваа година.
Сезоната во Формула 1 ќе започне на 28.март, со трката за Големата награда на Бахреин. Трката на патеката „Сакир“, е прва од рекордните 23 трки што ќе се возат оваа година.
Спорт
НБА: Победи за Портланд, Милвоки, Денвер…

Девет напревари се одиграа во НБА-лигата пред паузата поради олстар-натпреварот, кој ќе се одигра в недела.
Во најдраматичниот натпревар Милвоки победи во Мемфис со 112:111. Победата ја реши Џру Холидеј со поените постигнати на пет секунди до крајот на натпреварот. Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки со 26 поени и 11 скока, на спротивната страна најдобар беше Џа Морент со 35 поени.
Драматично беше и во Портланд, каде што Демијан Лилард на својот тим му ја обезбеди победата над Сакраменто 123.119. Лилард 10 од своите 44 поени постигна во последните три минути. Брилијантен меч за Портланд одигра и Енес Кантер (22 поени и 21 скок). 32 поена за Сакраменто постигна Диерон Фокс.
Вашингтон ја продлабочи кризата на ЛА Клиперс. Вашингтон победи 119:117 предводен од првиот стрелец во лигата Бредли Бил, кој постигна 33 поени, Расел Вестбрук забележа 27 поени, девет скока и 11 асистенции. Клипрс го запиша шестиот пораз на последните 10 натпревари. Ивица Зубац имаше дабл-дабл од 13 поени и исто толку скокови, а Каваи Ленард постигна 22 поена.
Четвртата победа во низа Денвер Нагетс ја забележа против Индијана Пејсерс. Нагетс победи 113:103. Мајкл Порттер јуниор го предводеше Денвер со 24 поени и 12 скока, Никола Јокиќ имаше 20 поени, 12 скока и осум асистенции.
Резултати:
Бостон – Торонто 132:125
Вашингтон – ЛА Клиперс 119:117
Њујорк – Детроит 114:104
Индијана – Денвер 103:113
Мемфис – Милвоки 111:112
Њу Орлеанс – Мајами 93:103
Сан Антонио – Оклахома 102:107
Финикс – Голден стејт 120:98
Портланд – Сакраменто 123:119
Спорт
Историски неуспех на Ливерпул

По испишувањето на најславните страници во клупската историја, Јирген Клоп со Ливерпул сега ги пишува најсрамните страници во клупската историја.
Екипата, која во 2019 година ја освои титулата во Лигата на шампионите, потоа доминира во Премиер лигата, сега не знае да победи на домашен терен.
Ливерпул имаа една нестварна серија, 68 натпревари не беа поразени на „Енфилд“, а сега не може никого да победи на домашен терен.
„Црвените“ синоќа во дербито беа поразени од Челси (0:1). Ова е петти пораз по ред за Ливерпул, а вкупно седми на кој нема победа на „Енфилд“.
Последен пат Ливерпул како домаќини победил на 16 декември минатата година против Тотенхем (2:1).
По Тотенхем, играше нерешено со Манчестер јунајтед (0:0) и ВБА (1:1), а потоа влезе во серијата порази: Барнли (0:1), Брајтон (0:1), Манчестер сити (1:4), Евертон (0:2), Челси (0:1).
Катастрофалната низа Ливерпул има можност да ја прекине в недела кога ќе го пречека Фулам.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер