Спорт
Познати четвртфиналистите во Мајами

Во Мајами се одиграа осминафиналните мечеви во кои првите тројца фаворити лесно изборија пласман меѓу осумте најдобри.
Украинецот Олександр Долгополов најнапред играше одложен меч од третото коло поради дожд, и го победи Жо Вилфред Цонга (Франција) со 6:7 (2), 6:4, 7:5
Во Мајами се одиграа осминафиналните мечеви во кои првите тројца фаворити лесно изборија пласман меѓу осумте најдобри.Украинецот Олександр Долгополов најнапред играше одложен меч од третото коло поради дожд, и го победи Жо Вилфред Цонга (Франција) со 6:7 (2), 6:4, 7:5, па не можеше со само неколку часа одмор да му пружи посилен отпор на првиот носител Рафаел Надал. Шпанецот победи со 6:1, 6:2. Вториот носител Новак Ѓоковиќ (Србија) го совлада сонародникот Виктор Троицки со 6:3, 6:2, а Роже Федерер (3. Швајцарија) исто така немаше потешкотии во дуелот со Белгијанецот Оливер Рохус и го победи со 6:3, 6:1.Останати осминафинални средби:Томас Бердик (7. Чешка) – Флоријан Меер (Германија) 6:3, 2:6, 7:6 (4)Давид Ферер (6. Шпанија) – Марсел Гранољерс (Шпанија) 6:1, 6:2Марди Фиш (14. САД) – Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) 7:5, 7:6 (5)Кевин Андерсопн (Ј. Африка) – Џон Изнер (САД) 6:3, 7:6 (4)Жил Симон (25. Франција) – Јанко Типсаревиќ (Србија) 4:6, 7:6 (3), 6:2Двојки четвртфинале:Надал – БердикФедерер – СимонФерер – ФишЃоковиќ – АндерсонКрај/макфакс/м.н
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Почина славниот капитен на КК Партизан, Миленко Савовиќ

Миленко Савовиќ, поранешниот српски кошаркар и легенда на Партизан, Миленко Савовиќ почина на 61 година, објавија српските медиуми.
Савовиќ кариерата ја почна во 1977 година со Партизан, со кои освои три титули во поранешна Југославија, три Купови на Радивое Кораќ и два југословенски купа. Во Партизан тој играше 12 години, станувајќи миленик на навивачите, кои му дадоа прекар „Свети Сава“.
По крајот на кошаркарската кариера, тој беше директор на Партизан, во периодот кога клубот ги имаше најголемите успеси, односно ја освои европската титула во 1992 година.
Според српските медиуми, тој бил примен во болница уште пред еден месец поради компликации со КОВИД-19.
Спорт
Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

Лука Дончиќ како да е создаден да поставува рекорди. Најмногу на кошаркарскиот терен, а сега и кај лудите колекционери на спортски картички.
На неговиот 22. роденден, негова руки-картичка со автограм е продадена за астрономски 4.6 милиони долари, јавуваат американските медиуми, поставувајќи рекорд кога се работи за НБА-играчите.
Минатата година дебитантска картичка на Јанис Адетокумбо и на Леброн Џејмс е продадена за 1.8 милиони долари, додека картичка со автограм на Мајкл Џордан од Ол-стар натпреварот во 1992 година, достигна 1.4 милиони долари.
View this post on Instagram
Спорт
Иванишевиќ: Новак може да паузира до сезоната на земја

Горан Иванишевиќ, тренерот на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ, очекува Србинот да паузира цел месец до стартот на сезоната на земја за да се опорави од скинатиот стомачен мускул добиен при победата на Австралија опен.
Самиот Ѓоковиќ изјави дека ја влошил повредата со одлуката да продолжи да игра, и сега Иванишевиќ вели дека е реално да се очекува тој да паузира од тениските терени до април. Србинот се повреди во текот на третото коло против Американецот Тејлор Фриц, а и покрај најавите дека ќе се повлече, тој стигна до победа над Данил Медведев и 18-та гренд слем титула.
„Многу работи зависат од тоа како ќе тече опоравувањето, но мислам дека нема потреба да се брзаме. Единствен турнир до април на кој може да настапи може да биде Мајами, кој стартува на 24 март“, вели Иванишевиќ.
Сезоната на земја стартува на 5 април, а првиот Мастерс е во Монте Карло на 11 април.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер