Спорт
Во сабота и недела Мотокрос во Гевгелија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/580c9a16-c66d-46be-b077-8e6f8a7dbdf4.jpeg)
На прес конференцијата на Мотоциклистичката федерација на Македонија беше соопштено дека преку 70 натпреварувачи ќе настапат на Првата овогодишна трка од отворениот источноевропски шампионат во мотокрос
На прес конференцијата на Мотоциклистичката федерација на Македонија беше соопштено дека преку 70 натпреварувачи ќе настапат на Првата овогодишна трка од отворениот источноевропски шампионат во мотокрос, во сабота (квалификации) и недела на патеката Милци кај Гевгелија.Најбројни ќе бидат мотокросистите од Бугарија (25), а досега учество го потврдиле Грција (14), Романија (11), Србија (6), Црна Гора (2) и Македонија (4), а се очекуваат уште и пријавите од Турција и Молдавија.„Нашиот шампион Христијан Илиевски сеуште е повреден и нема да настапи, а во негово отсуство најголема надеж на македонските мотокросисти е Никола Гулевски кој ќе настапи во класата МХ2“ изјави портпаролот на МФМ Владимир Карчицки.За насоките на работата на федерацијата во идниот период говореше новоизбраниот претседател на МФМ Ленин Јовановски. /крај/макфакс/м.н
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Штутгарт победи во Дортмунд, Баер ремизираше во Волсфбург
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12807002.jpg)
Нико Ковач неуспешно дебитираше на клупата на Борусија Дортмунд. Во рамките на 21. коло, Шутгарт победи во Дортмунд со 2:1.
Првото полувреме беше здодевно и заврши без голови, вториот дел беше значително подобар.
Гостите поведоа во 50минута, кога со несмасна интервенција Валдемар Антон ја испрати топката во сопствената мрежа.
Домашните не се ни соземаа од шокот, а следеше нов.
Само 12 минути подоцна Сабо ја удвои предноста на својот тим на асистенција на Левелинг.
Јулијан Брант им даде надеж на домашните дека барем можат да дојдат до бод, кога постигна гол во 81. минута.
Дортмунд продолжува да паѓа на табелата во Бундеслигата, сега е на 11. место со 29 бодови. По два порази, Штутгарт забележа голема победа со која се искачи на четвртото место со 35 бодови.
Во ова коло актуелниот првак Баер Леверкузен одигра без голови во Волфсбург. „Фармацевтите“ сега на второто место имаат осум бода помалку од лидерот Баерн.
Резултати:
Борусија Дортмунд – Штутгарт 1:2 (0:0)
Антон 50 (аг), Сабо 62 – Брант 81
Фрајбург – Хајденхајм 1:0 (1:0)
Грифо 30
Хофенхајм – Унион Берлин 0:4 (0:1)
Холербах 24, 87 Љубичиќ 61, Илиќ 73
Мајнц – Аугсбург 0:0
Волфсбург – Баер Леверкузен 0:0
Спорт
(Видео) Регетиги со покер голови ја победи Верона
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-10.jpg)
Фудбалерите на Аталанта успеаја да ја прекинат кратката серија без победа.
Ла Деа беше повеќе од убедлив на гостувањето кај Верона, која победи со 5:0 против тимот предводен од Паоло Занети.
Со оваа победа Аталанта се врати во шампионската трка, а сега заостанува четири бода со натпревар помалку во однос на Интер и Наполи кои се на првите две позиции во Серија А.
Верона во овој натпревар влезе во добро расположение по ремито со Венеција и победата над Монца, но сега доживеа студен туш против тимот од Бергамо.
Напаѓачот на Аталанта, Матео Ретеги постигна четири гола, со што се зацврсти на листата на стрелци во Серија А.
Покрај Италијанецот, за Верона погоди и Едерсон.
Аталанта на тој начин направи одлична увертира пред баражот за осминафиналето на Лигата на шампионите, каде ќе го пречека Клуб Бриж, додека подоцна ќе ги одмери силите со Каљари во домашниот шампионат.
Верона ја очекува уште еден тежок натпревар, бидејќи во следното коло ќе гостува кај Милан.
Спорт
Траката за потписот на Ѓокереш може да почне, Спортинг бара 75 милиони евра
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/3152b060-9bc5-11ef-88c6-27b117a52f17.jpg)
Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокерес, кој игра за Спортинг Лисабон, беше апсолутна сензација во изминатата година. 26-годишниот центарфор, кој до пред 20 месеци настапуваше во англиската втора лига, сега го бараат големите клубови. Сезонава на 42 натпревари за клубот и репрезентација постигна 43 гола.
Како 20-годишник, Ѓокереш пристигна во Брајтон од шведската екипа Бромапојкарна. Тој настапи на само осум пати во Премиер лигата и постигна еден гол, па беше испратен на позајмици во Свонси и Ковентри. Ковентри го откупи неговиот договор, а потоа го продаде во Спортинг во јули 2023 година за 24 милиони евра.
Тој експлодираше во својата прва сезона во Португалија, досега постигна 77 гола во 84 настапи за клубот од Лисабон.
Преселбата на Ѓокерес вонекој од најдобрите светски клубови е само прашање на време.
Новинарот Фабрицио Романо за време на преодниот рок, објави дека Спортинг ја одредил сумата за која клубот е подготвен да го продаде напаѓачот.
Во Лисабон би прифатиле 75 милиони евра, колку што е вредноста на Ѓокереш според „Трансфермаркт“.
Англиските медиуми пренесуваат дека за неговиот порпис ќе се борат Манчестер јунајтед, Арсенал и Баерн.