Спорт
Фиш и Ѓоковиќ први полуфиналисти

Марди Фиш (14) од САД го изненади Шпанецот Давид Ферер (6), совладувајќи го релативно лесно со 7:5, 6:2 и прв на АТП турнирот во Мајами избори пласман во полуфиналето.
Марди Фиш (14) од САД го изненади Шпанецот Давид Ферер (6), совладувајќи го релативно лесно со 7:5, 6:2 и прв на АТП турнирот во Мајами избори пласман во полуфиналето. Веднаш по овој меч Новак Ѓоковиќ бргу го заврши мечот со Кевин Андерсон. Ѓоковиќ направи три брејка од 4 брејк топки, а Андерсон имаше дури 5 брејк топки но не искористи ниту една, па Србинот победи со 6:4, 6:2. Дуелот меѓу Фиш и Ѓоковиќ ќе го даде првиот финалист на турнирот.Во конкуренција на двојки во полуфиналето ќе настапат Мирни и Нестор против Линдстед и Текау, Бупати и Паес против Марач и Типсаревиќ. /крај/макфакс/м.н
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Налбандијан: Доста чекате да се пензионираат, победете ги сега Новак, Рафа и Роџер

Поранешниот светски рекет број 3, Аргентинецот Давид Налбандијан, по подолго време, му се врати на тенисот по приклучувањето на тренерскиот тим на српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ и признава дека морал да пребарува во куќата за да најде рекет по фокусирањето на трките со рели-автомобили и на полото (тој поседува 50 коњи за поло) по пензионирањето во 2013.
Но, сега тој вели дека го гледал финалето на Австралија опен, каде што Новак Ѓоковиќ го победи Данил Медведев и остана зачуден од тоа како никој не може да ѝ се спротивстави на големата тројка во тенисот – Ѓоковиќ, Рафа Надал и Роџер Федерер. Налбандијан во 2007 на Мадрид опен успеа да ги победи тројцата на патот до титулата, а две недели подоцна ги победи Федерер и Надал на патот до титулата од мастерсот во Париз.
„Добрите тенисери може да ги победат. Тоа не е невозможно. Можеби е време новите тенисери да почнат да веруваат во себеси. Тие се неверојатни тенисери, но не се суперхерои. Повеќе од тенисерите чекаат тие да отидат во пензија. Јас велам: ‘Јас чекав кога играв и уште се тука’. Доста чекате, излезете и победете ги“, вели Налбандијан.
Спорт
Титулата што ја заслужи, но му избега – видеото на Меси од СП 2014 е неверојатно

Лионел Меси освои куп титули со Барселона во блескавата кариера, но барем засега успехот со аргентинската репрезентација му недостига откако ниту на светските првенства ниту на Копа Америка неговата брилијантност не е претворена во титула.
Најблиску до трофејот, секако, беше на СП во Бразил во 2014 година кога Аргентина загуби во финалето во Рио од Германија во продолженијата. Видеокомпилацијата од турнирот покажува колку добар бил тогаш Лео.
Тој беше клучен во мечот од осмина-финалето против Швајцарија, а по крајот на турнирот, ја доби „Златната топка“ иако не ја освои титулата. Во 2018 година самиот Меси призна дека секој ден размислува за поразот од Германија.
„Проверував на ‘Инстаграм’ со пијачка и видов еден момент од тоа финале. Не се сеќавав дека тоа се случи. Потоа малку гледав од мечот. Но, промашувањето во финалето, уште размислувам како ја удрив топката, како ја поставив ногата… Има моменти секој ден кога размислувам за финалето. Да замислиш, да станевме светски шампиони? Тоа ќе променеше сè за нас. Ја заслуживме титулата, но не дојдовме до неа. Тоа најмногу ме мачи“, призна тогаш Меси.
Lionel Messi, World Cup 2014
One of the best individual campaigns in football history pic.twitter.com/5rpPkoQwQY
— Ryan (@RyanDMi) February 22, 2021
Спорт
Јувентус загубил 113,7 милиони евра во првите шест месеци од 2020/2021

Јувентус, според италијанскиот закон, ги објави финансиските извештаи за работата во првите шест месеци од сезоната 2020/2021 потврдувајќи дека има загуба од 113,7 милиони евра, секако поради влијанието на коронавирусот и отсуството на навивачи на стадионот.
Бордот на директори на Јувентус под водство на претседателот Андреа Ањели го потврди полугодишниот извештај и потврди дека приходите биле 258,3 милиони евра, огромно намалување од 322,3 милиона евра во 2019/2020. Трошоците пораснале на 263,4 милиони евра.
Јувентус прави процена дека, само поради коронавирусот, тимот загубил 50 милиони евра во овие шест месеци.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер