Спорт
ФС на Украина во април ќе одбере нов селектор

Претседателот на фудбалскиот сојуз на Украина Григориј Суркис соопшти дека во текот на април ќе се избере нов селектор.
Претседателот на фудбалскиот сојуз на Украина Григориј Суркис соопшти дека во текот на април ќе се избере нов селектор.Од домашните имиња има тројца кандидати, славниот фудбалер Олег Блохин, селекторот на младинците Павел Јаковенко и сегашниот в.д. селектор Јуриј Калитвинчев. Блохин веќе беше селектор на Украина и на СП 2006 година стигна до четвртфиналето.Од странските стручњаци во оптек е и името на Марсело Липи, иако Италијанецот минатата година ја одби понудата да биде селектор на Украина. /крај/макфакс/м.н
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
По четврт век, Жозе Мурињо се враќа во Бенфика

Четврт век откако беше отпуштен од тренерската позиција на Бенфика по само десет натпревари на клупата, сега ветеран од европските фудбалски битки и повеќе пати поразен генерал, Жозе Мурињо се враќа во Лисабон.
„Си-Ен-Ен Португалија“ објави дека остануваат мали формалности до втората промоција на „Специјалниот“ на позицијата тренер на најтрофејниот португалски клуб.
„Бенфика и Жозе Мурињо се согласија за основните принципи на соработка, така што харизматичниот стручњак ќе ја преземе клупата на лисабонскиот гигант по отпуштањето на Бруно Лаж“, пишува португалскиот „Си-Ен-Ен“.
„Лаж беше отпуштен во вторник вечерта, по шокантниот пораз од Карабаг во Лигата на шампионите, а раководството на клубот реагираше брзо и испрати повик до човек кој, парадоксално, е исто така без работа токму поради Бенфика. Имено, Фенербахче го отпушти Мурињо откако неговиот тим беше елиминиран во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите во двомеч со неговиот иден клуб“.
Мурињо на тој начин би можел да се врати во клубот каде што сè започна. Бенфика е првиот од голем број клубови каде што претходно работеше поранешниот наставник по физичко образование и преведувач во тренерскиот штаб на Барселона.
Тој беше промовиран на 20 септември, а заменет на 5 декември 2000 година, по десет натпревари на клупата на „Орлите“. Имаше пет победи, вклучувајќи ја и убедливата 3:0 против градскиот ривал Спортинг, но го напушти кормилото кога дозна дека новоизбраниот претседател на „црвените“ Мануел Виљарињо има други планови – извесен тренер Тони.
Ќе се испостави дека овој господин постигнал вкупно 17 победи во 43 натпревари, и дека Мурињо многу брзо ќе ја освои Европа со големиот ривал на Бенфика, Порто. Лигата на шампионите освоена со Порто, е последната титула во елитното натпреварување на клуб од Португалија.
Во меѓувреме, тој ја водеше Леирија, а потоа со Порто освои две шампионски титули, Купот на Португалија, Купот на УЕФА и конечно Лигата на шампионите, пред да замине подалеку во светот во авантури наречени Челзи, Интер Милан, Реал Мадрид, повторно Челзи, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Рома и, конечно, Фенербахче, каде што работеше од 1 јули 2024 година до 29 август оваа година.
„Си-ЕН-Ен Португалија“ наведува дека за претседателот на Бенфика, легендарниот Руи Коста, Мурињо не е само решение за позицијата тренер, туку дека во него гледа долгорочен партнер кој ќе помогне во создавањето атмосфера во клубот и стратегијата за трансфери.
Клубот игра лошо, навивачите се незадоволни, а анкетите покажуваат дека кандидатот на опозицијата Жоао Нороња Лопес веќе има предност во борбата за претседателската функција.
Ангажирањето на Мурињо би можело да ја врати довербата кај навивачите, но и повторно да го подигне авторитетот на клубот во Европа.
Foto/ EPA
Спорт
Просинечки доби отказ, Вучиниќ е новиот селектор на Црна Гора

Роберт Просинечки доби отказ на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора.
Како што дознава „Спорт Клуб Хрватска“, причината за оваа одлука на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора се неуспесите во дуелите со Чешка и Хрватска.
Исто така е познато кој ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на црногорската репрезентација. Функцијата од Просинечки ќе ја преземе Мирко Вучиниќ, легендарниот црногорски фудбалер.
Просинечки ја презеде репрезентацијата на Црна Гора во февруари 2022 година. По импресивна кариера, како тренер водеше клубови во Србија, Турција, Словенија и Хрватска, а како селектор ги водеше репрезентациите на Азербејџан и Босна и Херцеговина.
Откако Црна Гора ги загуби шансите за пласман на Светското првенство, во преостанатите три натпревари (Хрватска, Фарски Острови и Гибралтар), новиот селектор Мирко Вучиниќ ќе има задача да ја подмлади репрезентацијата и практично да ги започне подготовките за следното издание на Лигата на нации.
Во тоа натпреварување, Црна Гора ќе има историска можност конечно да стигне до големото натпреварување, со оглед на тоа што ќе се натпреварува во Дивизија Ц, а во евентуалниот плејоф би играла и со екипа од Дивизија Ц. Шанса што Црна Гора не смее да ја пропушти.
Foto/ FSCG
Спорт
Симеоне пред Ливерпул: Играме на стадион што го сакам

Ливерпул вечерва ќе го пречека Атлетико Мадрид од 21 часот во Лигата на шампионите.
На прес конференцијата пред натпреварот, тренерот на тимот од Мадрид, Диего Чоло Симеоне рече дека неговиот тим ќе даде се од себе против „исклучителниот Ливерпул“.
„Јорганџиите“ ќе му се спротивстават на Ливерпул без пет исклучително важни играчи.
„Треба да гледаме позитивно, играчите што ќе играат ќе имаат можност да покажат што можат. Дел од фудбалот е тоа што ви недостасуваат некои играчи. Ние се фокусираме на играчите што ги имаме“, е практичен Симеоне.
„Ќе играме против исклучителен тим на величествен стадион, против менаџер кој го однесе тимот на следното ниво. Тие беа многу добри во Лигата на шампионите минатата сезона. Ја освоија Премиер лигата. Имаме тежок противник, но ќе се обидеме да им го отежниме колку што можеме“, додаде тој.
„Ливерпул е директен, многу брз во транзицијата, игра многу јасно, има одлични играчи на сите позиции. Едноставноста на играта не е нешто што секој го гледа, но ви покажува како работат и колку се добри нивните играчи“, заклучи тој.
Симеоне нема да може да смета на Хулио Алварез, Тијаго Алмада, Хозе Марија Хименез, Алекс Баена и Џони Кардосо.